Греење со печки на пелети.
Со овој тип на греење ќе бидат задоволени потребите на многумина.( Описот е наменет за печки без систем за топловодно греење )
Печката првенствено е наменета за загревање на просторот каде што се наоѓа, секундарно со отворени врати би можеле да го загревате и останатиот простор.
Ова важи за печки на пелет кои немаат систем за топловодно греење, или систем за греење низ канали.
Печките се со моќност од min. 2.5 KW do 6.5 KW,до 8.5KW, до 12.5 KW. Во зависност од потребите се избира соодветен модел.
Ефикасноста е голема 87% , а потрошувачката на пелети се движи од 0.6 kg/h до 2.4 kg/h . Цената на пелети на македонскиот пазар се движи од 210 ден за вреќа од 15кг и повеќе во зависност
од калоричноста на пелетите.Цената на пелетите има тенденција да опаѓа.
Термостатот е електронски, така што функциски ги задоволува потребите .Одржувањето е едноставно, за функционирање на печката потребно е издувен канал за испуштање на издувните гасови
надвор од просторијата.Не е потребен прописен оџак.Пепелта се чисти на два до четири дена во зависност од типот на користениот пелет.
Печките се вклопуваат во секаков ентериер а за пробирливите постојат вградливи камини на пелети.
Секој што може финансиски да си дозволи оваква печка на пелети ќе биде задоволен.
Секој што е заинтересиран за оваква печка нека ми се јави на ПП.