- Член од
- 14 мај 2009
- Мислења
- 1.581
- Поени од реакции
- 1.853
Не само тоа... туку види што наведуваат во огласот за субвенции:Како пелети е поприоритетно од инвертери? И тие чадат и загадуваат како дрва...
Sent from my SM-A405FN using Tapatalk
Оваа година за прв пат се воведува новина во доделувањето на субвенциите каде што половина од предвидените средства ќе бидат наменети за ранливите категории на граѓани.
Ако предходните немаа, се прашувам дали овие имаат грам мозок у главите!? Ќе субвенционирале печки на пелет за ранливи категории! Кои се ранливи категории!? Еве пример овие: https://makfax.com.mk/makedonija/сиромаштија-речиси-половина-милион-м/ Сиромаштија: Речиси половина милион Македонци имаат по еден оброк дневно (да не мешаме политика) но ова е од 2016та и ништо не е нешто драстично сменето до денес!.... И сега на овие од ранливите категории скоро 500,000 на број (или 1/4 од популацијата) кои што имаат приходи помали од 6000 месечно, или од нив 200К, кои живеат со 2 Долари на ден... ќе ги субвенционирале со печки на пелети до 50% (но не повеќе од 25,000 Денари)... Прво, едно “ранливо семејство“ со што и како ќе издвои 25,000 Денари за 50% од печката? Но еве, некој им подари или најдоа 25К ... па како ќе се греат на пелети? Колку гледам цената на пелтите е 12-15 Денари колото, а Печка од 7-8kW која кошта 40-50К троши 1-2килограми пелети на час!? И сега при 15часа Х 1,5кг просек, тоа се 20-22,5кг дневно ... 30 дена тоа е 600 - 675 кгр месечно Х 12 денари килото па тоа е 7-8,000 Денари месечно! Или грубо 40,000 Денари по сезона! Едно семејство од средна класа и може да си дозволи, ама како ќе си дозволи некој од ранливите категории семејства!?
Абе сѐ со матаматика прават мамичето нивно! Ајде пресметај данок на 40,000 Денари (по сезона греење со пелет)... и пресметај данок на 12-15,000 Денари колку ќе потроши по сезона некој со 5,5 ка клима или со две 3,5ки а ќе грее ист простор 40-50м2 квадрати!? Чатали губатали колку е... за државата колку од едното а колку од другото средство на греење!?... Башка на тој што ви продал пелети ќе му земе државата 10 или 15% персонален данок (од профитот за печката или пелетите)... НЕ ТАКА!... НЕ! На ранливи категории луѓе треба да им се помогне, ако во Уставот пишува дека сме социјална држава... За нив на пр. една евтина плинска печка КОЈА НЕ ЗАГАДУВА а во СЕТЕК кошта 3-4,000 Денари од 4-5кW снага... и бонови за бесплатни 300-400 литри ЛНГ ТНГ ли беше (уште 100-150 нека си докупи годишно, ако е јака и долга зимата...и чао! Така бива! Ама од тоа нема за буџетот, туку има од буџетот!...
Субвенции ќе даваат за Tesla S модел, а предност ќе имале ранливите категории!?
Човек да се смее или да плаче.... ЈБГ ОД ОВА НЕ БИВА ДРЖАВА!
Последно уредено: