Најекономично греење и ладење

Член од
9 јануари 2006
Мислења
5.653
Поени од реакции
7.498
Ako ja stavis nadv. edinica vo podrum kade e potoplo od nadvor (vo zima), za kratko vreme vo podrumot ke stane postudeno nego li nadvor.
I ako plocata nad podrumot e topla isto ke stane poladno od nadvor ? Pretpostavuvam cevkite od parnoto ti se pod kosulica i ja great plocata....a i pumpata nema da raboti nonstop 24/7 za da nonstop ladi....mislam sve zavisi i od prostor i od temperatura i od sve...
 

Vanlok

deus ex machina
Член од
30 мај 2009
Мислења
25.980
Поени од реакции
34.360
Абе тоа ти е како од шупљо во празно да истураш.
Само што од собите горе ќе излегува надвор многу повеќе него што ќе се враќа внатре во подрум.
 
Член од
13 август 2013
Мислења
1.054
Поени од реакции
2.062
бабами да имаше џакузи, ќе ја викавме магдалена, од една реклама, ама натаму отиде темата :pos:
 

Vanlok

deus ex machina
Член од
30 мај 2009
Мислења
25.980
Поени од реакции
34.360
...на ниту еден новоизграден објект немам забележано Римска Стреа (мала инвестиција но голема заштеда кај просториите изложени на југ)...
Не можев да најдам ништо за ова, најверојатно пошто не го знам англискот термин за „римски стреи„. Кажи кој е англискиот израз, и малку подетално што е се тие „римски стреи„?
 

Vanlok

deus ex machina
Член од
30 мај 2009
Мислења
25.980
Поени од реакции
34.360
Не е ваљда тоа, дупли кровови одамна се применуваат тука (и мојот е таков). Тие повеќе се за ладање (помалку загревање) во летно време, прават сончевата топлина да не го прегрева потковјето.
Зиме се контрапродуктивни од аспект на греење, претпоставувам.
 
Член од
13 јули 2010
Мислења
2.795
Поени од реакции
6.209
Не можев да најдам ништо за ова, најверојатно пошто не го знам англискот термин за „римски стреи„. Кажи кој е англискиот израз, и малку подетално што е се тие „римски стреи„?

бидејќи висината на сонцето е различна секој ден во годината (на пладне во зима сонцето е пониско во лето повисоко)...е сега доколку имаме големи прозори на јужна страна.....се пресметува агол и се гради стреа (натстрешница со одредена должина) така што од есен до пролет (вообичаено за пресметка се земаат рамнодневниците) сонцето е ниско и навлегува низ прозорот и ја грее внатрешноста на просторијата....а од пролет до есен сонцето е повисоко и прозорот е под сенка и нема директно греење на внатрешноста

во комбинација со термална маса овој начин на пасивна климатизација е одличен за загревање во ведрите зимски денови кога температурата надвор е ниска но има сонце



 

Vanlok

deus ex machina
Член од
30 мај 2009
Мислења
25.980
Поени од реакции
34.360
Mногу интересно.
На жалост неприменливо кај мене, целата јужна страна е затворена со ѕид, ќе има идна доградба на таа страна.

Во меѓувреме се мислам да ставам алуминиумски профили, за пасивна циркулација на топол воздух. Летно време со прекин на довод и одвод на воздух кон просторијата, панелите би биле параван и би штителе од директно сончево загревање (како принципот на функционирање на дупли кров).
 
Член од
11 мај 2010
Мислења
2.952
Поени од реакции
718
Не гледам на сајтот конкретни податоци, можеш да ни кажеш кој е односот електрична енергија наспроти топлинска енергија на твојот систем? Дали инволвира (или има опција за) термална акумулација? Колку би ме коштал таков систем за некои 70тина квадрати? Колку е гаранцијата, а колку е проектираниот животен век на системот? Дали влијае на животниот век на цевките и радијаторите (цевките се Херц Алупласт, а радијатори уште не се одбрани)?

Мене иначе ми отвара само една страна на веб сајтот...


П.С. Каков е тој „проблем со 3-то уво„?
здраво,,,

цени на сајтот нема. нема ни да има, затоа што тоа е променлива категорија од сезона во сезона. ќе се јавите на телефон секој ден од 10 наутро до 21 попладне или преку меил-контакт форма па ке добиете цена одкако ке посочите податоци кои ке се побараат од вас...

што се однесува до податоци има повеќе од доволно за односот струја-енергија.

исто така има и опширен текст за придобивките на самата цевна инсталација при користење на кано системот во однос на другите системи со вода или антифриз.

лично наше мнение и заклучок од стручњаци дека термална акумулација при топловодно греење е чиста загуба на пари при било кој извор на топлина освен дрво.

трето уво е центар за рамнотежа.
 
Член од
1 мај 2013
Мислења
11
Поени од реакции
1
Прашање:

Знае ли некој до која температура ° може да издржат лулите (мислам дека е тоа лим или?) на ќумбето, пред да почнат да се топат, пукаат или деформираат..?
 
Член од
19 ноември 2013
Мислења
31
Поени од реакции
14
Здраво, имам едно прашање. Ние исто така се грееме со инвертер (ЛГ).Некои членови пишале дека климата се пушта во октомври а се исклучува во април - значи да работи нон стоп ... Вие напишавте дека инвертерот го пуштате само ноќе во sleep mode. Кој начин мислите дека е поисплатлив - нон стоп или само ноќе на ефтина тарифа? Како го подесувате sleep mode? Фала однапред
 

Vanlok

deus ex machina
Член од
30 мај 2009
Мислења
25.980
Поени од реакции
34.360
ЗКој начин мислите дека е поисплатлив - нон стоп или само ноќе на ефтина тарифа? Како го подесувате sleep mode? Фала однапред
Нон стоп, без исклучување. Поекономично е одржувањето на температурата отколку паузирање и греење од ново. Можеш да провериш со нешто како ватметар.
Подесување на ноќниот мод зависи од уред до уред... Го прочита упатството? ;)
 

ficdogg

221b
Член од
29 септември 2008
Мислења
1.105
Поени од реакции
699
Едно големо благодарам до @vanlok @Смрт за зони и пајак воз.
Земав инвертер MIDEA MSR-12 ARDN1 но како што кажав во првиот пост монтажата не беше лесна, за малку ќе останев без клима, немаше каде да ја монтираат а да не ја затрупа снег зимоска, или да има 6 и кусур метра црево. На крај компресорот го закачивме на оџакот, па цревото низ кровот. Надвор црево дали едно метро има, така да и тоа е бонус.

Гадно ќе сум се заебел ако сум земал fix speed, вклучи исклучи ќе ме нервираше сигурно, сега за 10 минути ја загрева собата, после едвај се слуша кога работи.
 

ficdogg

221b
Член од
29 септември 2008
Мислења
1.105
Поени од реакции
699
Со среќа да си ја користиш климата, и пиши после зимата какви биле искуствата.
Фала фала, ќе видиме како ќе се покаже, за сега позитивно сум изненаден. Вака наместена на оџакот мислам дека нема да имам драстично намалување на ефикасност, но нека се појават првите минуси, па ке извлечам заклучок.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom