Најекономично греење и ладење

  • Креатор на темата Креатор на темата Dr Zmigo
  • Време на започнување Време на започнување
Не е ваљда тоа, дупли кровови одамна се применуваат тука (и мојот е таков). Тие повеќе се за ладање (помалку загревање) во летно време, прават сончевата топлина да не го прегрева потковјето.
Зиме се контрапродуктивни од аспект на греење, претпоставувам.
 
Не можев да најдам ништо за ова, најверојатно пошто не го знам англискот термин за „римски стреи„. Кажи кој е англискиот израз, и малку подетално што е се тие „римски стреи„?


бидејќи висината на сонцето е различна секој ден во годината (на пладне во зима сонцето е пониско во лето повисоко)...е сега доколку имаме големи прозори на јужна страна.....се пресметува агол и се гради стреа (натстрешница со одредена должина) така што од есен до пролет (вообичаено за пресметка се земаат рамнодневниците) сонцето е ниско и навлегува низ прозорот и ја грее внатрешноста на просторијата....а од пролет до есен сонцето е повисоко и прозорот е под сенка и нема директно греење на внатрешноста

во комбинација со термална маса овој начин на пасивна климатизација е одличен за загревање во ведрите зимски денови кога температурата надвор е ниска но има сонце

Illust_passive_solar_d1.gif

Overhang_Angles_for_LA.gif

Passive-Solar-Basics.jpg
 
Mногу интересно.
На жалост неприменливо кај мене, целата јужна страна е затворена со ѕид, ќе има идна доградба на таа страна.

Во меѓувреме се мислам да ставам алуминиумски профили, за пасивна циркулација на топол воздух. Летно време со прекин на довод и одвод на воздух кон просторијата, панелите би биле параван и би штителе од директно сончево загревање (како принципот на функционирање на дупли кров).
 
Не гледам на сајтот конкретни податоци, можеш да ни кажеш кој е односот електрична енергија наспроти топлинска енергија на твојот систем? Дали инволвира (или има опција за) термална акумулација? Колку би ме коштал таков систем за некои 70тина квадрати? Колку е гаранцијата, а колку е проектираниот животен век на системот? Дали влијае на животниот век на цевките и радијаторите (цевките се Херц Алупласт, а радијатори уште не се одбрани)?

Мене иначе ми отвара само една страна на веб сајтот...


П.С. Каков е тој „проблем со 3-то уво„?

здраво,,,

цени на сајтот нема. нема ни да има, затоа што тоа е променлива категорија од сезона во сезона. ќе се јавите на телефон секој ден од 10 наутро до 21 попладне или преку меил-контакт форма па ке добиете цена одкако ке посочите податоци кои ке се побараат од вас...

што се однесува до податоци има повеќе од доволно за односот струја-енергија.

исто така има и опширен текст за придобивките на самата цевна инсталација при користење на кано системот во однос на другите системи со вода или антифриз.

лично наше мнение и заклучок од стручњаци дека термална акумулација при топловодно греење е чиста загуба на пари при било кој извор на топлина освен дрво.

трето уво е центар за рамнотежа.
 
Прашање:

Знае ли некој до која температура ° може да издржат лулите (мислам дека е тоа лим или?) на ќумбето, пред да почнат да се топат, пукаат или деформираат..?
 
Здраво, имам едно прашање. Ние исто така се грееме со инвертер (ЛГ).Некои членови пишале дека климата се пушта во октомври а се исклучува во април - значи да работи нон стоп ... Вие напишавте дека инвертерот го пуштате само ноќе во sleep mode. Кој начин мислите дека е поисплатлив - нон стоп или само ноќе на ефтина тарифа? Како го подесувате sleep mode? Фала однапред
 
ЗКој начин мислите дека е поисплатлив - нон стоп или само ноќе на ефтина тарифа? Како го подесувате sleep mode? Фала однапред
Нон стоп, без исклучување. Поекономично е одржувањето на температурата отколку паузирање и греење од ново. Можеш да провериш со нешто како ватметар.
Подесување на ноќниот мод зависи од уред до уред... Го прочита упатството? ;)
 
Едно големо благодарам до @vanlok @Смрт за зони и пајак воз.
Земав инвертер MIDEA MSR-12 ARDN1 но како што кажав во првиот пост монтажата не беше лесна, за малку ќе останев без клима, немаше каде да ја монтираат а да не ја затрупа снег зимоска, или да има 6 и кусур метра црево. На крај компресорот го закачивме на оџакот, па цревото низ кровот. Надвор црево дали едно метро има, така да и тоа е бонус.

Гадно ќе сум се заебел ако сум земал fix speed, вклучи исклучи ќе ме нервираше сигурно, сега за 10 минути ја загрева собата, после едвај се слуша кога работи.
 
Со среќа да си ја користиш климата, и пиши после зимата какви биле искуствата.

Фала фала, ќе видиме како ќе се покаже, за сега позитивно сум изненаден. Вака наместена на оџакот мислам дека нема да имам драстично намалување на ефикасност, но нека се појават првите минуси, па ке извлечам заклучок.
 
Со здравје да се служиш. Ако е добро изолирано цревото, нема да има пад на ефикасноста. Ама почекај да застуди, со моменталниве надворешни температура и да има нема да се примети, сега било што ќе згрее за 10 минути.
 
Здраво, имам едно прашање. Ние исто така се грееме со инвертер (ЛГ).Некои членови пишале дека климата се пушта во октомври а се исклучува во април - значи да работи нон стоп ... Вие напишавте дека инвертерот го пуштате само ноќе во sleep mode. Кој начин мислите дека е поисплатлив - нон стоп или само ноќе на ефтина тарифа? Како го подесувате sleep mode? Фала однапред

Зависи, прво го практикував тоа, а потоа ја исклучував навечер од причина што немаше никој навечер во дневната соба плус имам навика наутро да проветрувам најмалку 15тина минути и не гледав никаков ефект да работи по 7-8 часа најмалку истата.
Додека преку ден ако излегував на неколку часа ја намалував на 18 степени за да ја одржува температурата.
Инаку sleep mode кога ќе го приклучев навечер ми се случуваше климата да биде сама изгасена наутро, па затоа и не ја користев таа опција.
 
Здраво, имам едно прашање. Ние исто така се грееме со инвертер (ЛГ).Некои членови пишале дека климата се пушта во октомври а се исклучува во април - значи да работи нон стоп ... Вие напишавте дека инвертерот го пуштате само ноќе во sleep mode. Кој начин мислите дека е поисплатлив - нон стоп или само ноќе на ефтина тарифа? Како го подесувате sleep mode? Фала однапред
Sleep модот кај мене на грее change инвертер е автоматски т.е. сам си спушта температура во одредени граници....за разлика од појаките модели каде коже да се програмира мануелно по саати кога ке намалува а кога ке искочи од слип мод.
Кај мене во упатството нема ништо за слип модот, но затоа во сервисното упатство стои вака:
(4) Sleep Function
During Heating Mode:
(1) When the initial temperature is set at 16C, the unit will operate at this temperature all the time;
(2)When the initial temperature is set as 17~20C, after starting up the sleep function, the temperature will decrease by1C every one hour.
After the temperature is decreased by 1C, the unit will operate at this temperature;
(3)When the initial temperature is set as 21~27C, after starting up the sleep function, the temperature will decrease by1C every one hour.
After the temperature is decreased by 2C, the unit will operate at this temperature.
Значи нема некоја филозофија, исто е ко да пред спиење ја намалиш за 2 степена и таа да ја одржува,наутро ке мораш сам да ја покачиш.
 
Така де, само за да не намалуваш сам рачно навечер и да не зголемуваш сам рачно наутро, некои од уредите (повеќето мислам) имаат опција да се подеси автоматика и уредот сам ќа намалува во точно определено време навечер и сам ќе зголемува во точно определно време наутро.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom