Откако
@petna постираше техничка документација за Mitsubishi LN, сакав да ја направам следнава компарација, ама никако да стигнам. Компресорот е срцето на една клима, па да видиме како стојат одредени модели.
Mitsubishi LN35VG - SVB092FBAMT (9.2 cm3), Capacity 2890W, Input 940W, COP 3.70 (60 Hz)
Hansol 12 - AS6RZ110H1A (
11 cm3), Capacity
3210W, Input
735W, COP
4.40 (
56 Hz)
За секој што малку ги разбира работите, разликата е небо и земја. Трагедијата е што за цена на една LN35VG се купуваат 2 Хансола! Всушност токму тоа и го направив јас и уживам во топло на било која надворешна Т, во стара куќа без изолација и без ПВЦ дограма. Еве во моментов едниот Хансол си преде со 350W потрошња и топол издув во овие 30 м2.
никакви греачи не работат, бидејќи надворешната температурата е над 0. А кога ќе се исполнат условите, ќе работат по потреба, селективно и нема да потрошат повеќе од 100 ден во текот на еден зимски месец.
Ајде да направиме уште една компарација:
Mitsubishi LN50VG - SVB130FBBMT (13 cm3), Capacity
4200W, Input 1320W, COP 3.18 (60 Hz)
Haier Tundra 18 - SNB130FGYMC (13 cm3), Capacity 4100W, Input
1245W, COP
3.29 (60 Hz)
Види ја Тундра, носи постара генерација Mitsubishi компресор, а има подобар ЦОП од новиот.
Зависно од цените, може да се купат 2.5 - 3 Тундри за едно извикано Митцу. Што ти е кинезарија...
И да, и џапанезери ставаат греачи во климите, али тоа задоволство дебело се доплаќа, како во примерот со Митцу FH VEHZ.
Прегледај го приврзокот 203342