Најекономично греење и ладење

Член од
30 јуни 2008
Мислења
1.983
Поени од реакции
1.264
Член од
12 септември 2013
Мислења
222
Поени од реакции
184
Ako nadvor ne e minus togash e ok.

Со оглед дека сум од југот, изгледа ќе заврши работа :)[/quote]

OK, DA BIDAM pojasen. Cenata vo BT e okulu 33 000 plus montaza (ne se sekavam kolku im zedoa) i sopstvenikot mi rece deka do 0 i dokolku ne e emnogu maglivo e OK. Da napomenam deka sopstvenikot gree 45m2 severna soba, bez izolacija (obicna fasada) i drvena dograma stara 15 godini so dvojno staklo. Prva godina mu e, t.e. ova ke mu bide vtora zima. Kupena e za greenje.

:)
 
Член од
30 јуни 2008
Мислења
1.983
Поени од реакции
1.264
OK, DA BIDAM pojasen. Cenata vo BT e okulu 33 000 plus montaza (ne se sekavam kolku im zedoa) i sopstvenikot mi rece deka do 0 i dokolku ne e emnogu maglivo e OK. Da napomenam deka sopstvenikot gree 45m2 severna soba, bez izolacija (obicna fasada) i drvena dograma stara 15 godini so dvojno staklo. Prva godina mu e, t.e. ova ke mu bide vtora zima. Kupena e za greenje.

33 000 илјади, а овде 18.000 илјади :eek: (ок ова е директно од фабрика,) сепак разликата е преголема. И јас имам дневна со 45 м2, и уште 35 м2 друг простор, а според спецификација печката е за 105-110 м2, така да ќе биде верувам таман. Нормално дека е за греење, кога се работи за печка на дрва :D Ме интересира колкав радијатор има во дневната соба, или ја затоплува само со печката ? Мене ми рекоја дека ке треба 2 метра за во дневна.
 
Член од
27 декември 2011
Мислења
591
Поени од реакции
508
Член од
11 мај 2010
Мислења
2.952
Поени од реакции
718
Кратко и јасно мој совет е:
Не купувај панелка, туку купи мала клима 2,5
Најефтините клими чинат околу 12 илјади денари, а троши трипати помалку струја од панелка
ептен се согласувам со ова... од изборот за сопствено греење, да се постави во соба панелка е нај грешниот избор. клима е далеку подобро решение.
но секогаш да се нагласува, ве молам, фактот дека дискутираме за греење на ЕДНА просторија и пресметките се за таа една просторија. бидејки сум во бизнисот со греење (парно греење) многу често се среќавам, ај така да кажам, “збунети“ луѓе кои мислат дека цел стан ќе го греат со една клима или инвертер, а убав дел од нив тоа го прочитале по форуми и така го сватиле. не е исклучок ни овој форум по тоа рашање.
 
Член од
12 септември 2013
Мислења
222
Поени од реакции
184
Imam edna dilema kaj mene....Narednata godina ke ja reshavam ali onaka me ceshka....Znaci vaka: Imam stan od 50m2, severo-zapaden. Nad mene ploca, 10cm tervol i pokriv, znaci nema nikoj nad mene. Nadvor 5cm stiropor fasad. Na zapadnata strana imam cetiri standardni prozori (80 x 120) mislam barem deka se tie dimenziite, se raboti za drvena dograma stara 20 godini so duplo staklo. Znaci edinecna drvena ramka i dve stakla. I uste 5 isti na severnata. Plus balkonska vrata, koja gleda nekade prema zapad.
Koja e dilemata...Ako imam okulu 2500 evra na raspolaganje, dali da:
1. Kupam skap inverter od 2000 evra da recime
ili
2. Da smenam dograma za 1500 evra i da kupam inverter od 1000 evra.

Ovaa dilema me ceshka, ke ja reshavam slednata godina ama me interesira vasheto mislenje.
 
Член од
12 март 2010
Мислења
212
Поени од реакции
73
Ајде некој ако има искуство со котелов нека го сподели.

Vitoligno 100-S е котел (за топловодно греење) на дрва на принцип на пиролиза, со номинален топлински капацитет од 25 до 80 kW. Неговата голема комора за полнење со дрва гарантира долготрајно согорување и поретко полнење со дрва.
Vitoligno 100-S лесно се надополнува со дрва низ големата врата од предната страна.Дрвото се разжарува во ложиштето со одземање на кислородот. Гасовите настанати од овој процес преку вцисниот вентилатор се пренесуваат во комората за согорување која е изработена од силициум карбит каде се меша со секундарниот воздух и согорува на висока температура со што се ослободува големо количество на енергија.
Пиролизата овозможува висок степен на искористување на горивото во комбинација со всисниот вентилатор кој максимално ги искористува издувните гасови.
Поволности од употребата на Vitoligno 100-S:
- Добра искористеност на горивото со висока ефикасност (>90%) и ниска температура на издувните гасови,
- Голема врата и широка комора кои овозможуваат полнење на котелот со цели трупци од должина до 50 цм,
- Долг период на согорување на дрвата гарантира полнење на 10 до 12 часа, а може и поретко.
- Куќиште изработено од високо квалитетен 8 мм челик
- Комора за согорување изработена од силицум карбонат,
- Рачно регулирање на клапните за примарен и секундарен воздух,
- Вклучена Автоматика Vitotronic 100 за полесно регулирање на котелот,
- едноставен за употреба.
 
Vanlok

deus ex machina
Член од
30 мај 2009
Мислења
25.979
Поени од реакции
34.358

Го има тука? Колку кошта?
 
јас би сменил столарија со подобра изолација, па ако остранат пари за послаб инвертер тоа би го купил ако не би чекал до следни средства, но дефинитивно столаријата (прозори и врати) би ги мењал одма...
--- надополнето: 22 септември 2013 во 01:58 ---
Ајде некој ако има искуство со котелов нека го сподели.

Vitoligno 100-S е котел (за топловодно греење) на дрва на принцип на пиролиза, со номинален топлински капацитет од 25 до 80 kW. Неговата голема комора за полнење со дрва гарантира долготрајно согорување и поретко полнење со дрва.
Vitoligno 100-S лесно се надополнува со дрва низ големата врата од предната страна.Дрвото се разжарува во ложиштето со одземање на кислородот. Гасовите настанати од овој процес преку вцисниот вентилатор се пренесуваат во комората за согорување која е изработена од силициум карбит каде се меша со секундарниот воздух и согорува на висока температура со што се ослободува големо количество на енергија.
Пиролизата овозможува висок степен на искористување на горивото во комбинација со всисниот вентилатор кој максимално ги искористува издувните гасови.
Поволности од употребата на Vitoligno 100-S:
- Добра искористеност на горивото со висока ефикасност (>90%) и ниска температура на издувните гасови,
- Голема врата и широка комора кои овозможуваат полнење на котелот со цели трупци од должина до 50 цм,
- Долг период на согорување на дрвата гарантира полнење на 10 до 12 часа, а може и поретко.
- Куќиште изработено од високо квалитетен 8 мм челик
- Комора за согорување изработена од силицум карбонат,
- Рачно регулирање на клапните за примарен и секундарен воздух,
- Вклучена Автоматика Vitotronic 100 за полесно регулирање на котелот,
- едноставен за употреба.

имаш одговор на карклуб, бидејки си го пишал и таму и ваму... а бидејки и на овој форум го интересира некого, ке ти го прекопирам постот тука.. значи:

само еден мал проблем има овој котел... ако не ти се барут суви дрвата, ништо од котелот... инаку кумот што го крстил ова “пиролиза“ можел да смисли и нешто поблиску до вистината, затоа што ова е секундарно согорување. не е новитет, но е дефинитивно добро применет во технологијата за топловодно греење. на хартија изгледа добро, на дело треба да се види. проблемот кај секундарното согорување е што на жариштето му треба автоматско контролирање на согорувањето, а не рачно... ако е рачно тогаш ке си бара некој да е до него цело време и да се занимава целодневно ДОКОЛКУ дрвата не се суви барут... за да бидат суви-барут суви, треба да ги купиш на пролет и цело лето да се исушат како што треба...

инаку, секундарното согорување во обичните печки и камини, е ефект кој ја зголемува двојно повеќе топлинската маса, вади перфектни резултати, и нај интересното е што нема јаки издувни гасови, нема саѓе, нема затнати оџаци...

прогуглајте малку за секундарно согорување ке најдете и видео клипови со практична примена како тоа изгледа...

оваков огромен котел пред 6-7 години имам местено во гостивар, како асистент и проектант на циркулација, рецилркулација, мешање на линии и контролирање на излезна температура... проектот мој беше да се грее резервоар од 2,5 тона со вода практично да се испука една шаржа на полнење и да се загрее до максималната температура па после само да се експлоатира во следните 12-36 саати.

членот на овој форум со ник нејм ВЛАДЕ од битола, е експерт за секундарно согорување. лично со свои очи, кај него дома го имам видено неговиот експеримент, и ослободувањето на абнормално високи температури од една мала печка т.е. мал камин. не мерење на излезни температури на каминот се добија податоци кои во ниеден нормален режим на греење со било кој камин нема да се добие. ако побраш низ темава наназад некоја страна, ке најдеш мислам и видео клип. точно се гледа секундарното согорување како изгледа. абе зидот на зиданиот оџак му пукна од превисока температура....

е сега, во овој котел од линкот твој, токму тоа е направено да се искористува како температура за греење на водата. само има еден малк проблем, секогаш кога пламенот од секундарното согорување ке се судри со зид од ладна маса (воздушна или метал со вода, а тоа е пак воздушна) тука и сега веднаш престанува тој процес. ги гледам пресеците од котелот како е изведено, ини направиле метална преграда која штити од тој директен удар на ладна воздушна маса, и добиле ефект на оддалечена исвитена рингла. е тука е проблемот.. да, се добива секундарно согорување, но од него поголем ефект има просторијата одколку казанот.. тоа е мое мислење одкако го простурдирав убаво.. и нагласувам уште еднаш, дека треба тотално суви дрва за да работи ова.. со полусуви или недај боже сирови ништо нема да се добие...
 
Член од
12 март 2010
Мислења
212
Поени од реакции
73
Fala za odgovorot.Imam maka so dosegasniot kotel pa baram nekoe pametno resenie.Dosegasniot e Megal 40kw i koristen e 2 godini so potrosuvacka od preku 20 kubuci drva za eden sprat od 95-100m2.Sega e spomenik bideki se snaogam so klima i panelni.
Imav samo edna ekonomicna zima so nego.Naraviv dodatok od predna strana koj sogoruvase talas te ostatoci od pilana.Problemot bese deka ne mozev da go kontroliram ognot i se oddavase ogromna temperatura.Kako za informacija so 2 kanti od polikolor napolnati so talas go greev sistemot odnula do 45c .Taa zima ja pominav so maki no so 400 vreki talas koj cinese nisto pari. Vo tekot na zimata 2 pati se stopi i se otkazav od ideata.
 
Член од
12 март 2010
Мислења
212
Поени од реакции
73
Што тоа се стопи??

Pa napraviv nadvoresen gorilnik koj sogoruva talas.Prakticno toa stana kako brener koj koj ognot go prefrla vo postoeckiot kotel.Samata naprava bese so dimenzii od 40*40*80cm.Izrabotena od 6mm metalni ploci i resetka za sogoruvanje od gus.Bas tie 6mm ploci se usvituvaa i od gornata strana prvo se vitoperea pa posle izvesen period doagase do probivanje na istite.Interesna naprava no za zal ne uspesna za redovna upotreba.
 
Интересно, можеби со подебели плочи 8-10мм во долниот дел би го надминал проблемот. Ама како што те разбрав премногу секојдневна работа има во вакво греење...
 
Kajgana Shop

На врв Bottom