Здраво
@Nikola 90 и добре дојде на темава.
Буџетот не ти е многу голем, но врши работа.
Да беше во стан ќе можеше да поминеш со Haier Tundra 3.5 kw, но бидејќи се работи за куќа и тоа не (многу) изолиран простор, таа опција отпаѓа.
За твојата ситуација потребна е брут форс клима со максимална топлинска моќ (за парите), а тоа е Gree Lomo Eco 3.5 kw. Одбери го
@kodus за монтажа и нема да имаш проблеми, особено што добра монтажа е 50% од краен позитивен резултат.
Со малку ценкање за плаќање во готово ќе ја вклопиш во својот буџет (заедно со монтажата од 60 евра).
Ломо Еко е докажана во пред ланската поларна зима и грее за сите пари. Секако има многу подобри клими од оваа, но за најмалку 50 или 100% повеќе пари.[DOUBLEPOST=1542693143][/DOUBLEPOST]
Здраво,
Пред еден месец зедов инвертер Toshiba Suzumi 4.5kW, греам површина од 45m2, до вчера бев многу задоволен, многу грееше, а ја пуштав само неколку саати дневно. Од ко падна снегот вчера, греењето е многу слабо, надворешната единица беше целосно замрзната и на секој пола саат влегуваше во дефрост. Викнав сервисер ми рече дека причината била големата влажност на воздухот, измеривме излезна температура на воздухот, 48 степени. Моментално е наместена на 25 степени, брзина 3, температурата во просторијата е 17 степени и никако нејки да мрдни нагоре, а во дефрост влегува на околу 1-1.5 час. Совет некој?
Е ова е вистинска "опа Ѓурѓо" ситуација.
Еве уште еднаш се потврдува правилото дека филозофијата на Те-шиба е да штеди струја, а не да топли. Ништо ново...
@ales, за истите пари си можел да земеш една од последните Mitsubishi FH35VE и сега ќе беше стоплен (веќе не се произведуваат/продаваат), кога веќе си тргнал по бренТ клими. Ќе плаќаше 500 денари повеќе на месечно ниво за струја, но ќе имаше 60+ степени на издув и немаше да те видиме тука на форумот незадоволен.
Биднала работата, да видиме што може да се подобри/спаси:
- Заборави на пуштање по неколку саати дневно. Ќе ја пуштиш 24/7 на 23-24 степани (можеш и на 30Ц да ја ставиш, ама нема да грее подобро, напротив, уште почесто ќе прави дифрости и ќе се мачи). Потрошувачката ќе ти биде горе/долу иста. После неколку дена ѕидовите и предметите во просторот ќе акумулираат пристојна топлина и климата многу помалку ќе треба да надополнува.
- Имаш многу поголеми топлински загуби отколку што може да испорача твојата клима. За почеток, гледај да ги задихтуваш добро прозорите (на
@mdeni пена му фати устата повторувајќи ги тие совети).
PVC дограма е, долу не се греј а таваните се кнауф, утре ќе постелам стаклена волна на таваните да видам дали ќе има некоја промена, уште еден податок, таваните се прилично ниски нешто под 2.5m
Топлиот воздух оди нагоре. Ако таму немаш
адекватна изолација, плафонот ти е најголем "крадец" на топлина. Ако си на гол кнауф, обавезно стави изилација, но не стаклена волна, туку компримирана камена 5 цм како основа. Да нема ни ѕирка ни проѕирка. Потоа можеш да одиш со уште еден слој камена/стаклена волна ако сакаш и имаш пари (+ 5 камена или 10 цм стаклена).
Немој да заборавиш на паро-пропусни, водо-непропусни фолии што се ставаат на кнауфот пред да ја ставаш камената волна (ќе ти објаснат во продавницата каде што ќе купуваш).
Ова би требало да ти го реши проблемот во голема мерка, а кога ќе фати дебел минус, ако фали топлина, ќе си уклучиш помошно грејно тело (некоја панелка или маслен радијатор) и немаш гајле. Такви саати/денови ќе бидат многу малку, нема значително да ти влијаат на вкупните сезонски трошоци за греење.
Уште еден совет до сите нови корисници на клими:
Пуштете ја климата 24/7 на 23-24Ц на 66% од фанот (сите модели на клими имаат различен број на брзини) најмалку 24 часа (евентуално 48) и потоа судете дали е добро димензионирана за просторот што треба да го грее.
Климата не е ќумбе што зрачи топлина, туку го загрева воздухот, а воздухот ги загрева ѕидовите и предметите во просторот (вклучително и човечките тела). За сето ова е потребно време...
А време никогаш доволно!
Чаос!