Чекај застани, сакаш да кажеш дека 1300 страници вашите тролови на грее напишани за 2/3/7 редни изменувачи, и постовите од типот таа тошиба сузуми и панасонил cs имаат само 1 реден изменувач, едно грее Lomo оддава повеќе топлина бидејќи има 2 реден изменувач и како најбитен аргумент последните 1300 страници е колку реден изменувач, фамозните 2.5 реда изменувачи на амберот, и одеднаш 10 години подоцна ГРЕЕ сфаќа дека можеби тежина на насворешна и редови на изменувач не е толку битна работа, и става еднореден изменувач во новите модели и одма овде на форум друга свирка се свири.
Сеа веќе со поголем вентилатор се добивало поголем проток на воздух и од еднореден изменувач со исти вртења.
Ама ова коа го правеше тошиба и панасоник и останатите не беше точно и најбитно беше да има милјарда реда изменувачи.
Кои делизери сте жити се.
И како тоа сеа новиот модел со еднореден изменувач, имал се најдобро од сите 200.000 видови на клими модели кои ни грее не знае шо произведува и која оди надвор која внатре.
Дај објасни ми како тоа се зборело? Кој збори дека имал се најдобро, вашиот претседател?
За пропаганда ни Ким Јонг Ун не ви е рамен.
Ти реков собери храброст и сними видео од фантастичните 107w колку време се задржува и колку степени вади топол воздух да видиме баш шо е тоа греење.
Јас тоа што имам тоа снимам, тоа споделувам. 263w 16 квадрати, нови прозори северна страна без демит фасада.
Толку ја имам видено да модулира.
Исто вашиот лидер има напишано и тврди дека амбер од 600 еур е помоќна и подобра клима од 3500 еур Daiseikai 9.
Излезете од под суќна и одговорете дали вистина цената од 3500 еур е за џабе и Daiseikai 9 е инфериорен уред споредено со 600 еур амбер.
Исто така вашиот лидер има споделено видео пред да го земе тезгерето амбер како на -15 неговата тогашна fh35ve вади на издув 58.6 степени топлина со потрошувачка од 1.6-1.7 kw.
Од коа виде лани дека неговто тезгере на -7 со потрошувачка од 3kw вади исто толку топлина од 58.6 степени целзиусови, се попари и го избриша видеото од фх.
И ти шириш овде пропаганда за купување на новото фери дека било бла бла најдобро од 7 те света на грее.
Со кој образ со кој образ.
Sent from my iPhone using Tapatalk
Седум света ... лидери ... Ким Јонг Ун ...
У кој трип си ти друже ... ама ај да се
повторам уште еднаш од збор до збор:
"Gree Fairy во се е ист или подобар од Lomo LCLH,
освен што има еднореден изменувач наместо двореден."
Објаснување за
@vlavot:
Еднореден изменувач не е подобар од двореден.
Или полесно да ме разбереш:
Двореден изменувач е подобар од еднореден.
Ако тоа го апсолвира, да прејдеме на следното:
Фери има вентилатор со дијаметар од 438 мм и тој врти со 900 вртежи во изменувач 731 x 19.05 x 550 мм.
Ломо ЛЦЛХ има вентилатор со дијаметар 400 мм кој врти со 900 вртежи во изменувач 710 x 38.1 x 506 мм.
Ајде сега ти како врхунски стручњак рачунај проток на воздух во единица време. Можеш да искористиш и помош од пријател (ало Климе).
И јас ќе ти помогнам: Димензијата на изменувачот не е многу важна за пресметката, но важен е дизајнот на перките.
Тоа што ти си платил 1000 евра за бренд нејм 2.5-ка клима што има најниска потрошња од 270W при зададени 21С и надворешна 12С во 16 м2 изилиран простор, никој не ти е крив. Си имал вишок пари (да ти се множат) за фрлање и толку си разбирал. Ако ништо друго, кога ќе ти дојдат гости ќе ги носиш у спална и ќе им го покажуваш натписот Митцубиши, така да до некаде не ти се бадијала фрлени парите...
Што би направил јас на твое место?
Би ставил во таа иста добро изолирана спална од 16 м2 еден маслен радијатор или конвектор од 50-100 евра и би спиел во мир и тишина (COP 2 ноќна тарифа), со максимален комодитет. Кога веќе би имал 1000 евра за 9000 BTU климиче, не би ми било проблем да плаќам екстра 500 денари за струја 5 месеци годишно ... ама треба да ти текне, нели?
Туку да ги баталиме твоите седум светови и да се вратиме во овој наш еден единствен, реален свет. Имам потреба за уште една клима за 20-на квадрати, што ќе се зголемат на 26 м2 во иднина со мало проширување. Доле полнетица и 50 год. извитоперен дрвен патос, горе трска, малтер и греди (нема плоча). Висина 2.7 м, ѕидовите од полна тула (0 изолација). 50 год. стар двокрилен дрвен прозор на кој потрошив 20 метри траки за да го задихтувам малку од малку. Едното крило толку беше извитоперено што морав да го зашрафам со 10-ка шраф за да го спојам со касата... Нема отворање до пролет.
Ајде сега ти колега форумаш препорачај ми клима за таа просторија. Буџетот е околу 500 евра, значи отпаѓа варијантата да купам Митцу 2.5-ка FH25VE како твојата за 1000 евра и да се правам чатал у маало и по форуми. Не сум вработен во Gree за да ќарам од нив некаков екстра попуст, следствено не сум обврзан да купувам од нив било што.
Се бара 3.5-ка (логично), да има ЕЕV, блиску до 3 кв П-дизајн на греење (малку повеќе не е на одмет). На таа државата јужно од Македонија немам намера да и шприцам евра, значи шверц отпаѓа. Повели со предлози!
П.С.: За мерење, веќе ти
одговорив.