дефинитивно колку пари толку музика... нема да се објаснувам зашто и како, но сигурен сум дека веројатно неможете да го осетите намалувањето на енергетскта ефикасност од година во година, има причини и објаснување и за тоа, ама тука веке ке прејдам во доменот и нивото на некои поединци кои ке почнат да се инатат со мене исто како и во темата за кинеските телефони...
јас имам пример дома каде и двете клими ми се панасоник едната е 3,5 киловати прозорска, другата е 2,5 киловати сплит, во две различни простории... таа што е 2,5 киловати неможе да и се соберат вкупно работење од 50 саати, додека таа од 3,5 не е изгасната што се вика и на греење и на ладење. сега во овој преоден период ги вклучив и двете на греење. 2,5 киловатната грее со скоро дупло поголем капацитет од таа што е 3,5 киловати... зашто? истрошеност и замор на материјали, само овде е ситуација каде можеш да компарираш бидејки ти се и двете на ачик па да споредиш. а инаку и двете се наместени во ист период да не речам во 1 ден се ставени и двете и првата зима грееја исто. од година во година ја осекам таа во дневната дека ја губи силата. а бидејки работам со клими не ми треба да тестирам и да мерам, доволен ми е звукот од компресорот што го слушам за да знам дека е веке без душа и дека капацитетот на истиот е паднат ДУРИ И ПОД 50% ОД ФАБРИЧКИ ПСОТАВЕНИТЕ ПАРАМЕТРИ. кој сака да му напраам презентација нека каже, имам инструмент оној што мери температура со сонда, можам и да снимам едно клипче па да ви докажам. инаку климите се поставени во 2002 година, што би се рекло 8 полни години тераат девета.