Најекономично греење и ладење

concrete

alte Esel
Член од
22 март 2005
Мислења
12.248
Поени од реакции
1.703
Znam sto e dobra izolacija, rabotam vo firma koja izveduva montazna gradba na nisko energetski kuki (montazni kuki).... me interesirase okolu zatopluvanjeto, ne okolu izolacijata, toa mi e poznato. Eve kako se gradat nisko energetski kuki:
no da ne ja reklamiram i jas firmata vo koja rabotam, eve vo 150-tiot post na ovaa tema, prv pat spomnav....znaci me interesira samo za zagrevanjeto na prostoriite - greenjeto!


idi be...toa sto go vidov e ogin i plamen...za MKD uslovi......
 
Член од
11 мај 2010
Мислења
2.952
Поени од реакции
718
Znam sto e dobra izolacija, rabotam vo firma koja izveduva montazna gradba na nisko energetski kuki (montazni kuki).... me interesirase okolu zatopluvanjeto, ne okolu izolacijata, toa mi e poznato. Eve kako se gradat nisko energetski kuki:
no da ne ja reklamiram i jas firmata vo koja rabotam, eve vo 150-tiot post na ovaa tema, prv pat spomnav....znaci me interesira samo za zagrevanjeto na prostoriite - greenjeto!
во македонија работиш или надвор од мк? ако си во мк во која фирма работиш хот-хот или екопроект? или можда на оваа од клипот што е во таа работиш?
 
Член од
14 мај 2009
Мислења
1.581
Поени од реакции
1.853
Onaka neplanirano denes naletav na edna prodavnica koja prodava klimatizeri York i Fujitsu... i mi tekna na temava, za zatopluvanje. Neznaev deka vo RM ima ponuda na Fujitsu klimatizeri! Znaci od ovie vtorive klimatizeri... so karakteristiki: Invertor (do -18*C) 3.8/3.2kW/h (ladi/gree) so soliden COP 3.2 znaci prosecna potrosuvacka pri greenje 1.2, a pri ladenje 1kW/h, se razbira cista AA klasa!.... i se poveke sum ubeden deka klimaticite na Panasonic, a da ne spomnuvam LG, Samsung (Kinezite ne gi spomnuvam NEO-MEO QUART-MART)....znaci invertorite na Panasonic ponudeni ovdeka vo prodajnata mreza se VISTINSKA IGRACKA.... vo sporedba so Fujitsu!!! Toa e jasno so frlanje samo eden pogled na nadvoresnata edinica.... A i nekoi moi informacii, mi kazuvaat deka Panasonic klimatizerite na nasiov pazar se izraboteni vo Kina, dodeka Fujitsu e 100% Japonski proizvod!.... isto taka imam soznanija deka ovoj Japonski brend e ramo do ramo so Daikin i Mitsubisi - RolsRojsite megju klimatizerite! Znaci mnogu podobri i od izraboteniot vo Japonija Panasonic, Hitachi ili Sanyo na primer... Znaci nema dilema: Fujitsu e daleku podobar izbor otkolku Panasonic vo istata cenovna klasa: 600 + - Eura!
Za mene najdobar izbor za zagrevanje 30-40m2 vo zgrada so dobra izolacija (PVC nadvoresna stolarija, vrati sto dihtuvaat, nadvoresni zidovi dopolnitelno izolirani so gips karton i URSA - tervol).
 
Член од
11 мај 2010
Мислења
2.952
Поени од реакции
718
abe druze... ja te prashav neshto ama ili ne vide ili nejkesh da odgovorish... ako ne si videl, procitaj eden post nad tvojot, a ako nejkesh da odgovorish, ondak kazi si samo...
 
Член од
11 мај 2010
Мислења
2.952
Поени од реакции
718
како да му одговорам или пишам на некого нешто, за кое сметам дека не е за на форум т.е. за на тема директно а истиот има поставено или добиено забрана за примање на ПП пораки? прашњево е за еден член кој е активен на оваа тема.... т.а. дали постои опција да прими меил или нешто слично??? плус не видов или не сватив како да напишам макар нешто на профилот негов? или не постои тој начин?

членот ХХХ има ставено забрана или не му е дозволено да прима привани пораки...

така ми пишува кога сакам да пратам ПП на него... прв пат се среќавам со ова, па барам начин за контакт..
 
T

Tetro

Гостин
како да му одговорам или пишам на некого нешто, за кое сметам дека не е за на форум т.е. за на тема директно а истиот има поставено или добиено забрана за примање на ПП пораки? прашњево е за еден член кој е активен на оваа тема.... т.а. дали постои опција да прими меил или нешто слично??? плус не видов или не сватив како да напишам макар нешто на профилот негов? или не постои тој начин?

членот ХХХ има ставено забрана или не му е дозволено да прима привани пораки...

така ми пишува кога сакам да пратам ПП на него... прв пат се среќавам со ова, па барам начин за контакт..
прашањето, ќе си го поставиш тука. :smir:
 

saman

Раскажувачот
Член од
1 август 2009
Мислења
367
Поени од реакции
91
Незнам кај да го поставам прашањето па решив овде.Користам клима вивакс денес прв пат ова година ја уклучиов на ладење и почна да течи вода од внатрешната единица. Знае ли некој зошто и чаре шо да се прави ? Додека грееше се беше во ред.
 
Член од
11 мај 2010
Мислења
2.952
Поени од реакции
718
Незнам кај да го поставам прашањето па решив овде.Користам клима вивакс денес прв пат ова година ја уклучиов на ладење и почна да течи вода од внатрешната единица. Знае ли некој зошто и чаре шо да се прави ? Додека грееше се беше во ред.
кај живееш друже? ај да не ја гадиме темава, пошто е за греење, пиши во ПП твои податоци... и таму ќе ти одговорам кои се можните проблеми...
 
Член од
15 ноември 2005
Мислења
17
Поени од реакции
1
КАНО СИСТЕМИ

Јас користам КАНО Систем.
Го инсталирав во Август минатата година, што топло препорачувам на сите да го направат оти во тој период потрошните материјали за греење се далеку поевтини отколку во сезона.

Дали сум задоволен? О ДА !!!
КАНО СИСТЕМ користев во период дел од Октомври - дел од Април, што би дошло половина година или можеби 5 месеци. Цената за струја се движеше од 4.500 до 6.500 денари. Колку за споредба, последната сметка за струја за месец Мај ми беше 1.200 денари за 20 дена (новото читање на ЕВН), те. би била 2.000 денари за цел месец.
Тоа значи дека за парно сум трошел од 2.500 до 4.500 денари месечно во тек на 5-6 месеци.

Зградата во која живеам луѓето плаќаат по 4.000 денари месечно цела година и имаат парно до 20-21h. Јас имав парно вклучено 24 часа, беше бара топло (зимурлива сопруга и мало бебе, а јас на кратки ракави) и платив помалце од половина од тоа што го плаќаат моите комшии на топлификација.

КАНО СИСТЕМИ - и нашиот иноватор Алек се ЗАКОН! :)
 
Член од
11 мај 2010
Мислења
2.952
Поени од реакции
718
да ја реактивираме темава. нели, зима иде и еве веќе се осеќаат ладни денови наутро. кај и да е ако вака продолжи за максимум 30 дена и греење ке се пушта... значи од ланска година па до сега што има ново, да се каже, да се види, да се чуе и да се научи.

п.с. за злочко, фала му на постов иако дури сега го прочитав, а како што гледам пишан е пред 3-4 месеци. значи монтажата е пред минимум 10 месеци од сега гледано. само неможам да погодам на кој точно сум му наместил кано систем. имам во глава идеја за 3-4 луге, на кои им наместив ланска година, кано систем, кои се во згради со топлификација. така да злочко, идентификувај се преку ПП кој си...
 
Член од
14 мај 2009
Мислења
1.581
Поени од реакции
1.853
Етееее *пелетите* дојдоа кај нас! НАЈЕВТИНОТО ГРЕЕЊЕ! .....Велат во рекламите во весниците! Пелетите спакувани во Џамбо-кеси, слични на храна за волчјакот.... Нетребало секојдневно полнење на печките, еднашка на 2-3 дена! Чистење на 2-3 месеци! ЕЈ ШТО УБАВО!? Дури и Јанко од *Бурек* ги фалеше! Полна уста фалби! Само вели тој требало некое црево слично на климатизерите.... сепак имало издувни гасови! Зборува, зборува - јаде бурек.... го фали овој систем, се во суперлативи..... и вели Јанко - *А СЕГА РЕКЛАМИ* молам? Смешки!!!.... Па рекламата само што ја заврши бре Јане! :nesvest:..... Но ниту Јанко, ниту во рекламите што одат во штампа не ја кажуваат ДОБРАТА ВЕСТ! А таа е дека една печка која е специјално дизајнирана за пелети чини... ситно 1200 па нагоре ЕВРА се разбира! Се прашувам што е тогаш економично во овој тип на греење? Велат 2500 ден месечно за печка која би давала континуирано 4-5КW енергија! Онаа најевтината од 1,200 Евра! Била опремена со електроника, па овозможувала автоматско вклучување, исклучување, температура .... и тн! ПА ТОА ГО МОЖЕ И НАЈИДИОТСКИОТ КЛИМА УРЕД! ОНОЈ ШТО ЧИНИ 9,000,-!!! А веќе кога ги спомнав, за 1,200 Евра, би си купил два ИНВЕРТОРА од типот DAIKIN, FUJITSU...ili MITSUBISHI....(кои BTW се Мерцедеси меѓу Инверторите).... со снага за греење 3,5-4,5Кw .... а со потрошувачка од 0,8 - 1Кw/h исто така и кај инверториве што ги спомнав не треба секојдневно полнење, чистење, цепање дрва и тн.... И кај овој систем како реков и те како е можно програмирање....но предностите се многу поголеми! Нема со два уреда да греам само една просторија туку безмалку цел стан од 60-70М2 СО ИСТАТА ИНВЕСТИЦИЈА ЗА КУПУВАЊЕ НА УРЕДИТЕ И СО ИСТА МЕСЕЧНА ПОТРОШУВАЧКА НА ГРЕЕЊЕТО!!!.... А бонусот е климатизација (ладење) Летно време!!!.....
Пелетите (ми се чини) со цените на печките се ТОТАЛНИ АУТСАЈДЕРИ!!!
 
Член од
11 мај 2010
Мислења
2.952
Поени од реакции
718
кај еден од моите добавувачи на материјали (голем хангар) уште пред 4-5 месеци видов кога донесоа шлепери со пелети. вели дека не успеал ни 1% од увезеното да продаде. не сум сигурен баш за цената на една вреќа, баш ке прашам и ке пишам колку кила е една вреќа и колку кошта. иначе причината ја наведе истата и он, дека премногу скапо е да се инвестира во котел кој работи само на пелети. значи ке фркнеш едно чудо пари за котел кој треба да го подпалуваш... мислам, колку и да има електроники и слично, контроли ово оно, сепак се работи за нешто што гори, чури и треба да си му измекар на него, редовно да го чистиш пепелот (кој ке каже дека нема пепел од пелети, нека провери па нека тврди), понатака оџакот да го чистиш 2 до 3 пати во сезона и секоја година да кречиш-варосуваш во собата кај што е котелот... прескапа инвестиција, зашто котлите се прават премногу далеку од МК и цената им е огин. за таков котел нај скапо што можеби пазаров би издржал е 450-500 евра. па нели треба да биде поефтин и поекономичен од другите котли на дрва, јаглен и чуда.

плус котелот е котел а има и други попратни работи. како за сите така и за овој, ај да речеме од 1200 евра тој, нај ефтиниот. му треба уште околу 200-250 евра за пумпа, експанзија, вентили, чешмици и приклучоци. плус не заборавајте го и стотчето за мајсторот на крај. штета, стварно штета, зашто пелетите ослободуваат висока температура, по висока одколку обичен котел на пламен. всушност со пелети котелот треба да се знае како да се работи. прво и основно, треба да се направи акумулација на топла вода од 1 тон. значи покрај котелот треба и бојлер-казан од 1 тон вода минимум која понатака ке иде во радијатори, преку автоматски мешачки вентили заради константа на температура.

тој котел на пелети по правило не е за на радијаторска инсталација. зашто ке има нагли не контролирани скокови и падови на температурата на радиајторите и така ке нема квалитетно и правилно греење. значи да заокружиме дека вистинска црена за еден котел со пелети, ке треба да издвоите околу 2.500 евра минимум за да се добие вистинска инсталација.

ова вистинска цена му доага како змиго погоре што рече дека има клима за 9.000 денари, ама не напиша дека и монтажата на климата е уште 3.000+цевки ако нема дополнително уште некој денар или околу 1000-2000 денари.
 
Член од
14 мај 2009
Мислења
1.581
Поени од реакции
1.853
Убаво објасни Онак....
Значи од она што површно го имав како инфо... и еве сега од ова детално објаснување, ми се чини пелетите треба бар во догледно време да ги заборавиме!? Би сакал некој да ме демантира. А видов денес, отвориле продажен салон за продажба на овие системи за греење на плоштад Македонија (спроти Мајка Тереза)
 
Член од
24 ноември 2009
Мислења
4.959
Поени од реакции
4.882
Пелети јок не се исплатливи ако не си ги праиш самиот, 10 / 23 денари за килограм ептен не се исплати најмалку ти треба 2,5 тона за грејна сезона нека не јадат гомна дека со една вреќа се терало две недели.Сепак за мк и мк услови мислам дека ЛПГ е нај економично греење
 

Kajgana Shop

На врв Bottom