Еве јас ќе ти пишам за кај мене за месец Февруари. Мојот стан имал потреба од 1650KWh топлина во теков на месец Февруари (28 дена земено) тоа изразено преку различни грејни тела би изгледало баш вака:
Греење на струја - пр. панелен радијатор, конвектор, котел на струја
1 kWh топлина = 4.5 денари (*1650 =
7425 денари за Февруари)
COP вредноста ја сметав 1, затоа што скоро сите уреди кои директно ја претвораат електричната енергија во термална, имаат COP многу блиску до 1.
1 kWh електрична енергија го сметав 4.5 денари, затоа што ватметарот ми покажува дека толку просечно ме чини мене лично.
Греење на пелети
1 kWh топлина = 3.7 денари (*1650 =
6105 денари за Февруари)
Сметав дека 1 kg пелети е 14 денари, затоа што цените што успеав да ги најдам се движеа од 13 до 19 денари.
Сметав дека 1 kg пелети даваат 5 kWh топлинска енергија, затоа што сите вредности што ги најдов се движеа меѓу 4.7 и 5.3 kWh.
Сметав дека од тие 5 kWh се искористуваат 70%, затоа што ефиксаноста на печките што ги најдов се движеше меѓу 65% и 75%.
Греење на струја со термоакумулациона печка
1 kWh топлина = 3 денари (*1650 =
4950 денари за Февруари)
COP вредноста ја сметав 1, затоа што скоро сите уреди кои директно ја претвораат електричната енергија во термална, имаат COP многу блиску до 1.
1 kWh електрична енергија го сметав 3 денари, затоа што планирам со тајмер печката да се полни исклучиво на ефтина тарифа - како што е и наменета.
Греење на букови дрва
1 kWh топлина = 2.3 денари (*1650 =
3795 денари за Февруари)
Сметав дека 1 m³ букови дрва се 3.000 денари.
Сметав дека 1 m³ букови дрва даваат 2.000 kWh топлина, затоа што податоците што ги најдов се движеа од 1.800 до 2.200 kWh.
Сметав дека се искористуваат 65% од тие 2.000 kWh, затоа што ефикасноста на печките што ги најдов се движеше меѓу 60% и 70%.
Греење со ефтин инвертер
1 kWh топлина = 1.6 денар (*1650 =
2640 денари за Февруари)
Го земав како пример Mitsubishi HJ35VA, кој според Eurovent има SCOP 3.8 (A). Seasonal COP е просек земен од цела грејна сезона. Оваа просечна ефикасност можат да ја постигнат ефтини инвертери. 1 kWh електрична енергија го сметав 4.5 денари. Како што напоменав погоре, и ќе земам дека просечен COP ка климата и бил
2.8 за овој месец
Греење со топлотна пумпа
1 kWh топлина = 1.5 денар (*1650 =
2475 денари за Февруари)
Го земам како пример CARRIER 30AWH008 monoblock inverter Ql/g = 7/8 kW кој има SCOP 4 кој е земен од цела грејна сезона. Оваа ефикасност ја имаат буџет топлинските пумпи кои се користат во домаќинствата. 1kWh електрична енергија го сметав за 4.5 денари. Просечно за Февруари ќе земам дека и било COP и бил 3 за овој месец.
Греење со скап инвертер (хиперинвертер)
1 kWh топлина = 1.125 денар (*1650 =
1856 денари за Февруари)
Го земав како пример Mitsubishi FH35VE, кој според Eurovent има SCOP 5.1 (A+++). Seasonal COP е просек земен од цела грејна сезона. Оваа просечна ефикасност можат да ја постигнат само климатизери со цена од 1.000 €, па нагоре. И тоа само неколку климатизери, не било кои за тие пари.
1 kWh електрична енергија го сметав 4.5 денари. Како што напоменав погоре, и ќе земам дека просечен COP ка климата и бил
4 за овој месец