- Член од
- 20 септември 2011
- Мислења
- 8.146
- Поени од реакции
- 8.544
Номинално за се е одговорна Регулаторната комисија за енергетика. Регулаторната комисија е независно тело. Членовите на таа Комисија ги бира Собранието, на предлог од Владата. За да некој биде кандидиран за член на Регулаторна, според сегашниот Закон за енергртика, треба да добие препорака од тројца од кои двајца треба да се доктори на науки и сите да работат во дејноста енергетика.Не сум многу во тек како правно се движат тие работи, мислам дали владата или собранието може да ја диктира тарифата и цената на струјата, дали тоа го прави регулаторна како независно тело, и дали може да му се наложи на приватна фирма како да си го регулира тоа.
Инаку јас сум за да се намали и цената и да се вратат тарифите по старо. Која глупост е тоа да нема евтина денски, мислам алооо нормални се или што, кој и да е крив за тоа.
Што значи зад Регулаторна стојат претпријатијата кои се занимаваат со енергетика: ЕЛЕМ, ЕВН, Топлификација, Макпетрол и слични.
Скоро имаше во медијумите дека мажот на една членка на Регулаторна го вработиле во Топлификација. Што значи дека овие претпријатија и на друг начин влијаат на Регулаторна.
Во цел свет, Регулаторните комисии се борат, да граѓаните добијат поефтина енергија, а кај нас, поради ваквите влијанија, Регулаторна се бори да овие претпријатија остварат што поголеми профити.
Погледнете какви лепотани се членовите на Регулаторна и се ќе ви биде јасно.