rovex е фирма која се бави со повеќе различни целосни системи за греење, т.е. ПРОИЗВЕДУВААТ финални елементи и системи. тоа што го нарекуваат норвешки радијатор е нешто што се појавило прво во србија па после и кај нас со истиот псевдоним... и ова на сликата е исто што и конвектор класичен... за загревање, како и сите други конвектори имаат спакувано подно греење,измеѓу алумински дизајнирани крилца за брзо ослободување на топлината, за да не дојде до прегревање... значи до тука сите конвектори се исти... она што ровекс конвекторите ги прави различни и по скапи е тоа што имаат електронски термостат (инаку главен проблем кај сите други конвектори) и не работи на принцип на жива или алкохол во сондата туку со сензор на температура-електронски кој преку одредена група на транзистори осцилаторно ја намалува или зголемува струјата на на загревателот т.е греачот. плус има и уште еден сензор за баланс кој би требало да ја заштити околината во случај да падне или се преврти на земја, па автоматски го изгасува греењето т.е струјата... значи ова ровексот, како и сите други конвектори е ПОТПОЛНО ИСТ само што има друг дизајн и малку по добра заштита од палење, пожари како и решение за бо
Љката наречена термостат, поготово кај конвекторите од 2 киловати па нагоре...
статистика:
на 2 од 10 конвектори им гори термостат втората сезона
на 1 од 10 конвектори им гори термостат третата сезона
на 1 од 10 конвектори им гори главниот прекидач првата сезона
на 3 од 10 конвектори им гори главниот прекидач втората сезона
на 2 од 10 конвектори им гори главниот прекидал третата сезона
и тоа се случува само на конвекторите од 2 киловати (поретко) и на оние од 2,5 па 3 и 3,5 киловати нај често...
покрај термор конвекторите, кај нас во мк нај застапени се и конвекторите со производство на раде кончар...
статистикава е на светско ниво. ровекс овој проблем би требало да го реши со електрониката... ќе видиме.. релативно се нови, ќе треба некоја година да пројде па да видиме дали се во право или не се...
искрено мислам дека французите сигурно ја имаат таа електроника ама измериле на кантар дека прескапи ќе бидат на пазарот и одлучиле вака да настапат...
цена на сервис кај нас? копче е 100 денари а термостат е тоа е од 800 до 1400 денари...
а инаку, електроникте ПОТПОЛНО ИСИТИТЕ електроники ги имаат во србија т.е. во чачак кај што се произведуваат греачите
CINI или
FARAL или
ELITE или имаше уште едно име не ми текнува сега... за различни пазари различни имиња ама сите стигаат кај нас преку разни канали... сте слушнале за тие греачи за во радијатор?
п.с. кој е за да го натераме кано да се врати? по стручен е од мене... па сепак “само“ 10 години е постар од мене:uvo: