@Strelec , јас дадов 40.000 денари за климата, дури и фискална покажав и потврда од сервисерот што ја монтира. Грешно си прочитал за 18м2, прочитај пак назад во мојата историја. Собата во која грее Хансол 16m2 детално е опишана, заедно со моментите кога ставав 10цм изолација на таван. Уште извод од родените да покажам и тоa би било се од мене. Ако климава не покаже бар 24 степени делтаТ и издув од барем 56 степени ќе пријавам проблем.
Време е ти да покажеш кој си. Дали си PR или Sales од ГрееМК или обичен трол? Ако си PR или sales, ќе мора твојот газда да плати неколку курсеви да научите како да работите со муштерии. Вие на ниту едно прашање не одговарате, се исмевате, понижувате, замајувате и манипулирате. Јас те прашав за цена на клима, барам понуда, сериозен купец сум ти ме игнорираш и не ми одговараш, а потоа пораката ја објавуваш на форум јавно пред сите. Сам шамар си маваш. Твоите одговори никогаш не биле конкретни но секогаш во форма на напаѓање на другите брендови. Јас сеуште чекам одговор дали е нормално што поновата Грее моја клима прави дефрости а старата не. Не добив од никого одговор. Ти постира линк кај што Тошиба некоја си прави многу дефрости, веројатно тоа ти е индиректен одговор на моето прашање: глеаш нормално е да прави дефрости и оваа Тошибата прави. Претпоставувам дека тоа ти беше намерата? Другарчето твое вика 47 издув на 27 усис било супер резултат, абе Нео он-офф од 10.000 денари вади 50 степени. Трола ли тој или не знае што зборува?
Јас постапувам професионално, сакам да се осигурам климава е неисправна пред да ја пријавам, ти и на тоа се исмеваш. Најмалку што можеше е да направиш е пратиш некој да ја провери климата, да покажиш интерес кон муштериите, добар однос, грижа или да пишиш совети за мерење. Не бре, ти се исмејуваш.
Велиш не е мој проблем, нека се обрати на мојот дилер. Тебе треба најмногу да ти биде проблем, затоа што на твоите дилери никогаш нема да им биде гајле за твојот бренд. Дилерот си зел 20% што ја зел од тебе и ми ја продал мене, многу му е гајле како ќе се покаже некоја си кинеска клима, ако не е таа, ќе биде некоја друга од која пак ќе земе процент. Твоја е грижата односно негрижата.
Ти дали знаеш како треба да постапува еден Sales guy? Ти влегува некој во продавница и ти вика: леле ама си ружен, личиш на модар патлиџан и смрдиш, овие кинеските канти не ги бидува, да ги бидувало ќе биле јапонци. Твојот одговор на тоа би бил: да господине, дозволете да ви го претставам Хансол -20. Има компресор од ... , тежина од ... и гаранција од .....
Но дали си ти Sales/PR од Грее? Ред е да се претставиш. Јас-купец цело време се однесувам професионално и културно, а продавачот мој се дупи. Можам јас да ве ставам во ред, до тој степен што ќе ме молите да ми дадете 40.000 денари+ 3700 за инсталацијата само и само да си го земете уредот назад.