Поздрав.
Од пред две години почнав да го следам форумот бидејќи сакав да купам клима а бев тотален лаик.
Се одлучив да купам од Агротехна МАХ инвертер 5.5 кw за 33.000 денари и плус монтажа 80 евра од Фриго-Совски.
Климата ја купив лани и цела зима ја користев, освен во Јануари кога беше најладно користев камин бидејки ми беше прва зима со клима и несакав да ја форсирам за да не се расипе, бидејки марката на климата ми беше апсолутно непозната со ниту еден податок на интернет. Оваа зима сум исклучиво на клима.
Затоплувам салон од куќа од 44 м2 со 3 надворешни ѕида, помеѓу циглте има 5см стаклена волна и 10 см стиропор од надворешна страна, таван со 5 см стиропор, пвц прозори и горе спрат кој не е вселен.
Внатрешната единица на климата е многу тивка за разлика од надворешната која е доста бучна а особено кога е поладно а тоа е се разбира навечер, така да секоја ноќ од спалната соба која има прозор на соседен ѕид од надворешната единица и на 8 метри оддалеченост ја слушам климата како бучи и тоа многу ме нервира (бидејќи кога ќе легнам ја оставам на 19 степени да работи преку ноќ).
Климата има слаба електроника само греење и ладење како и брзина на вентилатор. Опцијата “FEEL“ e нефункционална бидејќи е автоматски подесена на 21 степен што е за мене ладна опција. Во потоплите денови кога климата исклучува перките се подигаат но не до крај и продолжува да дува како ладно со потрошувачка од 20-30 вати. Климата нема можност за вградување на Wi-Fi.
Од првиот ден купив мерач и константно ја мерам потрошувачката. Оваа година имам потрошено за: Октомври: 93 кw, Ноември 198 кw и Декември до денес 233 кw.
Од Фриго-Совски сум апсолутно незадоволен, климата има 5 години гаранција и сега после првата година после незнам колку јавувања дојдоа, со метличе го очистија филтерот за прашина и ми земаа 800 денари – тоа било продолжување на гаранција.
Во моментот ја мерев и потрошувачката: надворешна температура 0 с по yahoo време а + 2 с по живин термометар кај надворешната единица. Температура на усис 24 с а на издув 48 с потрошувачка варира постепено помеѓу 1700 до 1850 w но не оди под и над, вклучена на максимални опции 31 с и максимален издув – high.
На крај да резимирам дека од климата сум задоволен како го загрева просторот со 23 до 24 с, така и од нејзината потрошувачката за оваа зима до -5 с. За константна надворешна температура под нулата мислам дека не треба да се дозволи да се олади просторијата затоа што во спротивно потоа климата нема да може да ја постигне потребната температура.
Се надевам дека со овој мој пост ке помогнам во одлуката на сите кои го читаат форумот и се размислуваат да купат МАХ клима.
За ова зима за детска соба од 17 м2 купив инвертер “GREE LOMO ECO 3,5 kw“ каде исто со мерач ја следам потрошувачката, но за коментар е уште рано.