Најекономично греење (затоплување)

Член од
9 мај 2020
Мислења
8
Поени од реакции
3
Мене ми требит тука некој да споделит искуство со греење на 11-13м2 соба со инвертер. Ме чуди тоа што сум читал тука дека нема разлика меѓу 2, 5ка и 3,5ка, еве и @tzlatko кажува погоре дека нема разлика цо минимумот кај Хаиерот 2, 5ката и 3,5катс. За брзо ќе треба инвертер да ставам во малата соба која е 14тина м2. Секако дека 2,5ка ќе треба да ставам, не?
Еве нарачав, Митсу СФ25, ќе ја монтираме овие денови,па ќе споделам. Мада ќе треба зимо да чекаме за реално да се истестира.14м2 е кај мене.

Sent from my ONEPLUS A6003 using Tapatalk
 
Член од
22 ноември 2017
Мислења
1.327
Поени од реакции
1.866
Еве нарачав, Митсу СФ25, ќе ја монтираме овие денови,па ќе споделам. Мада ќе треба зимо да чекаме за реално да се истестира.14м2 е кај мене.

Sent from my ONEPLUS A6003 using Tapatalk
Сосема доволно, и јас ја гледам неа. Со среќа да се користи и долго да те служи. Јас го имам моделот пред СФ, WN35 моделот и можам да ти кажам дека работи со 275W, подолу не сум ја видел.

Друга опција што ми се мота во глава е WN35ката која не ми е доволна за во спалната, да ја ставам во помалата соба, каде ќе биде и предимензионирана, а на нејзино место во спалната да ставам појака 3,5ка како СФ35ката или нешто во тој ранг. Со СФ35ката добивам некои 500W плус на греење на -10 и општо посилна клима е од WN35ката.

Нормално, секогаш во игра е да си ставам и некоја бомбастична 3,5ка како ФХ/ЛН. Пошто дефинитивно отпадна ставање изолација на куќата ќе ми треба да го појачам греењето во спалната.
 
Фала ти, да се надевам дека ќе ме стопли, ама мислам ако добро модулира ќе немам проблем зашто до сеа имав панелна греалка 2.2kw и си фураше ноќе на 19ц без проблем грееше.

Sent from my ONEPLUS A6003 using Tapatalk
 
Член од
16 март 2019
Мислења
999
Поени од реакции
514
Пошто дефинитивно отпадна ставање изолација на куќата ќе ми треба да го појачам греењето во спалната.
Moj sovet od locno iskustvo ti e da ne stavas stiropor fasada zosto zatoa sto jas na kukata od koga staviv stiropor vo site sobi mi se pojavi vlaga ( muvla ) dodeka pred da stavam stiropor nemase vo niedna soba vlaga taka da od mene dobronameren sovet nemoj da stavas stiropor fasada bidejki stiroporot doprinesuva do ne disenje na dzidot i pojavuvanje na vlaga vo prostorot
Jas se zaebav i taka kukata mi e so dupli dzidovi ( cigli ) izmegu so tervol od 5 cm trebase namesto stiropor od nadvor na ciglite da stavam malter fasata i fasadna boja ama jas se zaebav so stiroporot zatoa ti vikam dobronameren sovet nemoj da stavas fasada so stiropor.
 
Член од
14 ноември 2009
Мислења
16.046
Поени од реакции
12.549
Еве мерење од Хансол, сликата е од 11ти мај, ама реално мислам дека треба од пред 1ви да биде зашто не работеше климата тој период.
Стан, поткровје, 53м2, дневна + 2 спални + тоалет.
Температура најчесто измеѓу 24 и 26, 3 фан. Пуштена 24/7.

IMG_20200511_092728.jpg
 
Член од
14 август 2018
Мислења
366
Поени од реакции
561
Еве нарачав, Митсу СФ25, ќе ја монтираме овие денови,па ќе споделам. Мада ќе треба зимо да чекаме за реално да се истестира.14м2 е кај мене.

Sent from my ONEPLUS A6003 using Tapatalk
Одлучи во собата да ја монтираш,место во ходникот?
Со здравје и долго да те служи!
 
Член од
9 мај 2020
Мислења
8
Поени од реакции
3
Одлучи во собата да ја монтираш,место во ходникот?
Со здравје и долго да те служи!
Да, се плашев ако ја ставам во ходникот ќе биде многу ладно/топло за да ја достигнам посакуваната тепература во спална. Вака ако прави он/оф можам да отворам врата од спална и така.
Е сеа за позиција дали е добро да се стави над вратата од тераса за да не дува дирекно на позиција кајшто спијам или да ја ставам дирекно над кревет нај настрана што можам?

Sent from my ONEPLUS A6003 using Tapatalk
 
Член од
23 март 2009
Мислења
552
Поени од реакции
307
Cekaj kupi klima za malata soba ?
Koja ja zema Neo so Gree compressor ili Elektra ( Midea ) so GMCC Toshiba Compressor ???
Не сум купил
Гледав нео(не ми се свиѓа условна гаранција по 1000 ден секоја година),мусе(така така),електрата(ми е проверена и со цена 18500) тие се таа класа
Инвентор или Купер и Хантер малку нешто подобри ама и со цена погоре околу 22-23000
Инвенторот и Куперот се исти во спецификациите,најверојатно се исти клими со различни имиња
Да дополнам
Неото од Техномаркет,мора нивни монтер,тоа не ми се свиѓа.
Кај Cuper & Hunter -увозниците МеПринт, немора нивни монтер и признаваат монтирање од друг и даваат објаснување на монтерот за нивниот начин што е огромен плус.
на пример имам јас другар кој ќе ми ја монтира.
Па што ќе ги дадам плус 4000 ден за гаранција,ќе доплатам за подобра клима
 
Последно уредено:
Член од
14 август 2018
Мислења
366
Поени од реакции
561
Да, се плашев ако ја ставам во ходникот ќе биде многу ладно/топло за да ја достигнам посакуваната тепература во спална. Вака ако прави он/оф можам да отворам врата од спална и така.
Е сеа за позиција дали е добро да се стави над вратата од тераса за да не дува дирекно на позиција кајшто спијам или да ја ставам дирекно над кревет нај настрана што можам?

Sent from my ONEPLUS A6003 using Tapatalk
Хах,никако над кревет!
Ако за да не те дува директно треба над врата,тогаш над врата мести и ич не му ја мисли.Само пази 5цм мин да има до плафон!

Баш пред некое време зборував колку е битна висината на внатрешната,баш поради овакви работи во пракса.Сега повеќето внатрешни се 30цм+ високи,во стан со 2.70(или повисоко) тоа и не е толку проблем,ама во куќа итекако знае да стане важно.
 
Член од
16 март 2019
Мислења
999
Поени од реакции
514
Не сум купил
Гледав нео(не ми се свиѓа условна гаранција по 1000 ден секоја година),мусе(така така),електрата(ми е проверена и со цена 18500) тие се таа класа
Инвентор или Купер и Хантер малку нешто подобри ама и со цена погоре околу 22-23000
Инвенторот и Куперот се исти во спецификациите,најверојатно се исти клими со различни имиња
Да дополнам
Неото од Техномаркет,мора нивни монтер,тоа не ми се свиѓа.
Кај Cuper & Hunter -увозниците МеПринт, немора нивни монтер и признаваат монтирање од друг и даваат објаснување на монтерот за нивниот начин што е огромен плус.
на пример имам јас другар кој ќе ми ја монтира.
Па што ќе ги дадам плус 4000 ден за гаранција,ќе доплатам за подобра клима
Elektra vo Agrotehna e 21.990

Sto se odnesuva do Cooper & Hunter isto i tie kako Neo se Rebrendirani Gree za garancijata i na niv mislam im e uslovna inventor isto se Midea ne se invertor poveke Gree kako i da e ti sam odlicisi jas koga bi biral pomegu Midea ili Gree bi odbral Gree pomokni poteski vnatresni i nadvoresni edinici imaat i potivki se Gree za razlika od Midea i Midea se solidni ama neznam zosto imaat polesni nadvoresni edinici i malku se poslabi na greenje i pobucni Midea-ta.
 
Член од
9 мај 2020
Мислења
8
Поени од реакции
3
Хах,никако над кревет!
Ако за да не те дува директно треба над врата,тогаш над врата мести и ич не му ја мисли.Само пази 5цм мин да има до плафон!

Баш пред некое време зборував колку е битна висината на внатрешната,баш поради овакви работи во пракса.Сега повеќето внатрешни се 30цм+ високи,во стан со 2.70(или повисоко) тоа и не е толку проблем,ама во куќа итекако знае да стане важно.
Имам над врата до плафон точно 45см. Внатрешната е висока 30см. Ќе останат 10-12см. Јас мислам доволно ќе биде. Или не?

Sent from my ONEPLUS A6003 using Tapatalk
 
Член од
14 ноември 2009
Мислења
16.046
Поени од реакции
12.549
Прегледај го приврзокот 252191

За било какви дополнителни информаци, обратете се на info@energija.com.mk или телефонските броеви:
+389 (0)2 3061 466
+389 (0)2 3061 467
+389 (0)72 213 590

http://energija.com.mk/

Следете не на нашата facebook страна:
https://www.facebook.com/EnergijaMakedonija/

или повелете во нашите салони на
ул. Лондонска 1А, Скопје. или
во ново отворениот продажен салон на
Енергија во Визбегово (до Пантер Мис)
(инвертер клима уреди, топлински пумпи, VRF системи, чилери, вент.конвектори итн.)
Како мислите дополнителни информации? Па вие никакви информации не ставивте за да давате дополнителни информации.
 
Член од
16 јануари 2013
Мислења
2.076
Поени од реакции
2.938
Како мислите дополнителни информации? Па вие никакви информации не ставивте за да давате дополнителни информации.
Како не, нели гледаш ја применуваат тактиката на греевци, 8 брзини на вентилатор... Што повеќе ти треба да знаеш...
 
noviot

Форевер Aлоун :(
Член од
19 април 2006
Мислења
437
Поени од реакции
131
Здраво на сите,
би сакал да ве замолам за помош при избор на инвертер клима 3,5kW. Ги следев муабетиве последниве неколку страни но не сум сигурен што да одберам сеуште... Во суштина ситуцијата ми е ваква: имам постоечка стара клима Filia 3,5kW, поправана неколку пати, испушта фреон цело време и скршени се перките на надворешната единица, трошеше баеги и струја, па решив да ја заменам со инвертор, и тоа по можност најтивка 3,5-ка, внатешна ама уште побитно ми е надворешната да биде тивка, но гледајки ги спецификациите на web сите се околу 50dB, а тоа ми се чини многу некако. Дали е тоа фиксна вредност или зависи од брзината што е пуштена на внатрешната единица? Инаку прашав во сетек, за демонтажа ми бараат 1600 ден бидејки е пристапно се (на балкон е монтирана надворешната единица), а за монтажа 3600 ден, претпоставувам дека е тоа нормална сума за сите, а буџетот ми е до 30000 ден без монтажа. Ви благодарам.
 
Inverter klima sekogas e potivka i poekonomicna od obicna on-off klima sto se odnesuva do bucnosta i decibelite kaj inverter klimite bucnosta ne e fiksna kako kaj on-off klima odnosno bucnosta varira toa na nekoj klimi sto pisuva 50 db toa ne se fiksni db tuku promenlivi vo zavisnost od opteretenosta na inverter klimata
Sto se odnesuva do izborot na inverter klima ovaa klima e ekstra momentalno e na popust odlicna mokna tivka vnatresna i nadvoresna edinica i ekonomicna

На врв Bottom