Најдобри филмски пресврти

Crazy in Love

Here's looking at you kid.
Член од
25 јануари 2007
Мислења
23.813
Поени од реакции
25.383
Прочитав во едно списание топ 5 најдобри филмски пресврти:

1. The Usual Suspects (1995)
2. Saw (2004)
3. Fight Club (1999)
4. The Sixth Sense (1999)
5. Planet of the Apes (1968)

Други споменати филмови беа: Психо, Империјата го возвраќа ударот, Село, Идентитет, Примален страв и Од играчка плачка.


Ваше мислење? Кои филмови имаат најдобар пресврт, највозбудлив пресврт или можеби највозбудлива кулминација?
 

bucio

Урбан индијанец.
Член од
8 јули 2008
Мислења
15.775
Поени од реакции
7.344
Од Самрак до зори дефинитивно, откога Селма Хајек играше брејк денс :icon_lol: со змијата не очекував вампири да излезат, ме шокираше Квентин Тарантино.
Втор филм Очи широко затворени пресвртот во него ми е кога Том Круз ќе влези во вилата буквално се запрепастив и не очекував такво нешто кога прв пат го гледав филмот.
 

Гладиус

loading...
Член од
14 август 2008
Мислења
5.439
Поени од реакции
1.463
Deep blue sea ...
Како и во сите филмови така и во овој, се очекува главната женска улога да преживее и да остане со главната машка улога на крај, меѓутоа гладното ајкулче ја кркна неа... И останаа главната машка улога и готвачот на крај
 
K

kaiser soze

Гостин
На листава има два од нив,а тоа се "Шесто Сетило" и "Вообичаено Осомничени",филмови со пресврт што ве остава без здив.Други на кои можам да се сетам во моментов се "Другите",моментот кога на Никол Кидман и станува јасно што всушност направила,а и "Бегство од Шоушенк",филм со многу интересен пресврт и развој на настаните.
 
Член од
5 август 2007
Мислења
3.380
Поени од реакции
1.724
Идентитет
Фрактура
Џакет
Сеа пред некој ден го гледав The Lost (Топ филмче)
и малтене сите психолошки трилери...
 

Solid

Зона на самракот
Член од
26 август 2007
Мислења
6.955
Поени од реакции
3.357
Прочитав во едно списание топ 5 најдобри филмски пресврти тоа беа во:

1. The Usual Suspects (1995)
2. Saw (2004)
3. Fight Club (1999)
4. The Sixth Sense (1999)
5. Planet of the Apes (1968)
100 % се слагам со листава.:helou:

едит:
Би го додал и Покајание во Шоушенк.
 

Shorty

Вансериски
Член од
30 јануари 2007
Мислења
7.273
Поени од реакции
1.465
Гледајте го The Others со Никол Кидман. Е тоа е пресврт.
 

Ficc

Black & White
Член од
18 септември 2008
Мислења
530
Поени од реакции
173
Righteous Kill.
 
Ј

јовица11

Гостин
Дефинитивно The Others, кога ќе искочи дека Никол Кидман & co.
се усвари духфови.:vozbud:
 

Io Sono Interista

The original, one and only IoSono.
Член од
21 декември 2007
Мислења
23.964
Поени од реакции
33.836
Прво да кажам одлична тема. Ми се допаднаа и некои од напишаните со кои апсолутно се сложувам. Се обидов да направам моја листа и да оставам некој коментар без спојлери, затоа што спојлерите тотално ги уништуваат ваквите филмови. Еве овие ми текнаа во моментов, па ако се сетам на некој кој сум го испуштал ќе допишам понатаму:

1. Primal Fear (1996)

Richard Gere како адвокат и Edward Norton како момче обвинето за свирепо убиство, во трилер со апсолутно шокантен крај. Еден од моите омилени филмови и неверојатен пресврт.

2. The Usual Suspects (1995)

Фантастичен филм со одлична актерска екипа и шокантен крај. Оние кои не го гледале, не се распрашувајте ништо за да не си го уништите филмот. Гледајте ја секоја секунда, затоа што секој мал детал е важен за крајот.

3. Star Wars: Episode V - The Empire Strikes Back (1980)

I'm your father Luke... Едно од најголемите изненадувања што некогаш се случиле на филм.

4. The Sixth Sense (1999)

Колку ми беше криво што не видов што се случуваше цел филм... Крај кој не можам да го заборавам. Слично на Usual Suspects, секоја сцена е битна.

5. The Truman Show (1998)

Се сеќавам кога падна тој рефлекторот на улицата јас барав авион да не прелетал :) Никако не ми влегуваше во глава што се случува, иако беше јасно дека е некаква шема...

6. Psycho (1960)

Класика...

7. Hot Fuzz (2007)

Половина филм смеење и тогаш одеднаш WTF??? Многу мрднат забеган филм со пресврт кој доаѓа не на крајот туку на средина од филмот.

8. Sommersby (1993)

Уште едне фил со Richard Gere. Повратникот од граѓанската војна во Америка во една навидум едноставна драма која ќе се претвори во мистерија штом неговиот идентитет ќе дојде во прашање...

9. Hard Candy (2005)

И овој филм има пресврт кој ми остави без текст. Се работи за возрасен 32 годишен човек кој заведува 14 годишно девојче во својот стан по што ќе бидете во очекување да дознаете дали се работи за педофил или не кога филмот ќе тргне во сосема неочекуван правец...

10. The Illusionist (2006)

Илузионист, филм со горе-долу предвидлив пресврт но една од последните сцени кога сакаат да го уапсат магионичарот (Edward Norton), е апсолутно неочекувана и шокантна.
 

џимеј

Модератор
Член од
4 март 2007
Мислења
9.588
Поени од реакции
20.652
IOsonoINTERISTA ги погодил баш оние филмови кои сакав да ги пишам. Се сложувам со сите горе споменати филмови.

На пример - The Usual Suspects ми е под број еден! Крајот е шокантен, дури 30тина пати го имам гледано крајот, мастерпис, неверојатна работа!
Ќе замолам да не го кажувате крајот, затоа што некој уште не го гледал, а и плус со закон треба да се забрани да се каже крајот на овој филм! Ремек дело!

Еден од поновите што ги гледав, пред три месеци негде, Primal Fear. Се' си мислев дека заврши, ама последните две-три минути од филмот беа шок. Го вратив крајот да го гледам 5-6 пати, на рипит ставен. Едвард Нортон е ѕвер.

Еден од оние трилер пресврти ми е Lucky Number Slevin. Цел филм мислиш за џабе си го гледал, ама крајот е многу добро направен.
Кога ќе подразмислам, 1408 со Џон Кјузак. Додека сум кај Кјузак, Identity мислам дека го има еден од најдобрите пресврти кои сум ги видел.

Psycho, нема што да се коментира за филмов. Еден од најдобрите хорор трилери евр! Крајот како онаков не го очекував, затоа и се изненадив. Оној саундтракон неможев од глава да го извадам пет недели, му носи дополнителен шмек.
Филм кој морам да го споменам, нискобуџетен, обичен, ама многу драг филм ми е - Black Cadillac. Ич, ама ич не очекував онаков пресврт, цело време држи во неизвесност, многу напнат трилер.

The Devil's Advocate - многу голем пресврт на настаните, за многу краток период се менуваат многу работи. Еден од најдобрите трилери според мене.

Заборавив да го споменам... Кој друг ако не Vidocq. Овој филм мора да го гледате, го има еден од највозбудливите завршетоци кај некој филм.

Многу болен филм за гледање, ама вреден - The Midnight Express. Вистинита приказна за американец кој е осуден на затвор во Турција.
Многу болен и шокантен крај.

Да не должам многу, Se7en, Saw, Illusionist, The Prestige... Извонредни пресвртници има овде.
Не можам да се сетам на други во моментов, ама ги има премногу.
 

bucio

Урбан индијанец.
Член од
8 јули 2008
Мислења
15.775
Поени од реакции
7.344
Друг филм кој што ми остави впечаток е Знаењето или Knowing со Николас Кејџ.
Филмот не дека имаше пресврт туку цело време го очекував и не се случи.
Да не пишувам што како оти нов е филмот и многумина го немаат гледано.
 
Член од
30 јули 2007
Мислења
1.391
Поени од реакции
86
Ај и јас да спомнам еден филм..кој можеби не е како гореспоменатите,но има интересен развој на настаните .Инаку се согласувам за филмовите што веке беа спомнати и секако дека има уште некои кои фалат..

Филмот се вика 29th Street. Тоа е еден од моите поомилени филмови и кој го нема глеано му го препорачувам.. :)
 
D

drle

Гостин
Да додадам еден филм кој што ме остави без зборови со својот крај, Perfect Stranger, со Хали Бери, Брус Вилис...
Кој го нема гледано овај филм му го препорачувам веднаш да го гледа и да внимава на секоја сцена (баш на секоја), иако тешко дека некој можи да претпостави што ќе се случи на крајот.
 

Crazy in Love

Here's looking at you kid.
Член од
25 јануари 2007
Мислења
23.813
Поени од реакции
25.383
Да не се повторувам, повеќето се веќе кажани, сега ќе го спомнам само The Departed. Мене барем толку ми беше неочекуван филмот, имаше некои опасни пресврти, таман ќе помислам дека знам што ќе се деси, одеднаш нешто ќе се преврти и јас целата таква во прашалници. :):pipi:
 
На врв Bottom