Прво да кажам одлична тема. Ми се допаднаа и некои од напишаните со кои апсолутно се сложувам. Се обидов да направам моја листа и да оставам некој коментар без спојлери, затоа што спојлерите тотално ги уништуваат ваквите филмови. Еве овие ми текнаа во моментов, па ако се сетам на некој кој сум го испуштал ќе допишам понатаму:
1.
Primal Fear (1996)
Richard Gere како адвокат и Edward Norton како момче обвинето за свирепо убиство, во трилер со апсолутно шокантен крај. Еден од моите омилени филмови и неверојатен пресврт.
2.
The Usual Suspects (1995)
Фантастичен филм со одлична актерска екипа и шокантен крај. Оние кои не го гледале, не се распрашувајте ништо за да не си го уништите филмот. Гледајте ја секоја секунда, затоа што секој мал детал е важен за крајот.
3.
Star Wars: Episode V - The Empire Strikes Back (1980)
I'm your father Luke... Едно од најголемите изненадувања што некогаш се случиле на филм.
4.
The Sixth Sense (1999)
Колку ми беше криво што не видов што се случуваше цел филм... Крај кој не можам да го заборавам. Слично на Usual Suspects, секоја сцена е битна.
5.
The Truman Show (1998)
Се сеќавам кога падна тој рефлекторот на улицата јас барав авион да не прелетал

Никако не ми влегуваше во глава што се случува, иако беше јасно дека е некаква шема...
6.
Psycho (1960)
Класика...
7.
Hot Fuzz (2007)
Половина филм смеење и тогаш одеднаш WTF??? Многу мрднат забеган филм со пресврт кој доаѓа не на крајот туку на средина од филмот.
8.
Sommersby (1993)
Уште едне фил со Richard Gere. Повратникот од граѓанската војна во Америка во една навидум едноставна драма која ќе се претвори во мистерија штом неговиот идентитет ќе дојде во прашање...
9.
Hard Candy (2005)
И овој филм има пресврт кој ми остави без текст. Се работи за возрасен 32 годишен човек кој заведува 14 годишно девојче во својот стан по што ќе бидете во очекување да дознаете дали се работи за педофил или не кога филмот ќе тргне во сосема неочекуван правец...
10.
The Illusionist (2006)
Илузионист, филм со горе-долу предвидлив пресврт но една од последните сцени кога сакаат да го уапсат магионичарот (Edward Norton), е апсолутно неочекувана и шокантна.