Најдобрите авиони од хартија

JeepMkd

Scratch model builder
Член од
25 јуни 2008
Мислења
1.576
Поени од реакции
468
Секој труд е за пофалба, ама имам неколку добронамерни забелешки :)

Како моделар ќе ти сугерирам да започниш од почеток. Значи најбитно е да ги знаеш основните делови на авионот и нивната функција. Многу работи играат улога за авионот како една целина да биде успешен т.е да лета. Исто така треба да правиш разлика меѓу макета и модел. Макетата е статична, а моделот се управува. Приспособување на план за макета во план за модел повлекува многу проблеми - профил на крилата и стабилизаторите, маса, тежиште итн. Ако планираш некој од моделите да полета заборави на селотејп и алуминиум од лименки и конзерви. Моделите се изработуваат во најголем дел од балза (дрво) и Јапан хартија за облепување на крилата. Со монокот ќе се запознаеш подоцна. Се користи и авио шпер, липа, алуминиум за ситници кои треба да издржат оптоварени. Сите овие материјали се карактеризираат со многу мала маса, Конкрит веќе напомна. Од страна на спојување за почеток ќе ти треба супер лепак (оној со конусно капаче) или евентуално Неостик. Двокомпонентен ќе ти треба за поголеми и покомплицирани модели. Лемење на деловите не иде во предвид и ич не се мачи со тоа. Има уште финеси кои едноставно треба да ги воочиш и искусиш.

Ако немаш моделарско искуство најдобро е да почниш со едноставни слободнолетачки модели од хартија и дрво. Така ќе научиш да стартуваш модел, ќе го проучиш како се однесува и најбитното - ќе правиш реглажа.

Ако сакаш да бидеш сериозен во ова и ако сакаш задоволувачки резултати најдобро е да се зачлениш во некој Аеро клуб или едноставно да одиш во Народна техника. Таму има наставници и инструктори кои најдобро ќе ти објаснат, и ги има потребните материјали.

Има уште многу работи, ова е што можев накратко да ти објаснам. Ако те интересира нешто друго од технички аспект слободно прашувај :) Ќе покопам низ компјутеров и ќе ти набавам слики од мои модели за се ова што го напишав да ти биде појасно.
 

d r a g a n

Чаве
Член од
13 мај 2009
Мислења
352
Поени од реакции
82
Џипо е во право :) само Неостикот мене некако не ми бркаше работа, UFO или ОHО од друга страна- прва лига :salut:
 

bubi4ko

Македонци брее..
Член од
24 јуни 2008
Мислења
274
Поени од реакции
17
Шваба ај ако сакаш тие макетите што ти се во компјутерот спакувај ги во еден Рар фајл и дај ги преку ПП или на мсн:)
 

concrete

alte Esel
Член од
22 март 2005
Мислења
12.248
Поени од реакции
1.703
И понатака пробам да ви протнам низ уши дека во денешно време , кога скоро секаде НЕМА, а посебно во МКД традиционални аеромоделарски материјали, најдобра дивка т.е. замената за кафе на вашите баби...:) е екструдираниот полистирен. Тоа се оние табли со светло сина боја,па розова и тиркизно зелена...зависно од производителот. Тоа е многу добар материјал, а лесно се обработува со загреана жица и шмирглање.

balza-extrudiran polistiren -obicen ekspaniran polistiren t.e. stiropor


Таблата е 20-30 мм дебела , но лесно се разрежува на листови од 3-4 мм.
После е песма лета.. се користи акрилен супер брз лепак, па лепак за полистирен, а може и двокомпонентен епокси за битни споеви. Се зајакнува со стаклени влакна т.е шнур...ровинг...
Овде некаде пред некое враме закачив четири видеа, каде еден германец покажува како се работи. Може за почеток и едноставни плочасти модели.

Но за оние кои сакате да летаат, мора малку да се внимава на законите на мајката природа: крилото мора да има аеро профил, на пример CLARK Y или ЦАГИ15 се супер за почеток,стабилни и со рамен долен дел , згоден за изработка на крилото на рамна маса.
Тежината мора да е минимална се мери со грамови :) тежиштето на право место и се да е симетрично, инаку ќе завлекува во некој правец.
Многу се згодни малите електро мотори и овие литиумските батерии. Не мора да е моделот телекоманден , тоа кога ќе имате повеќе пари.....и слободнолетечки модели , изреглирани да летаат во големи кругови се интересни...


Исто се многу добри таканаречените slope gliders, едрилици за на падина
 

d r a g a n

Чаве
Член од
13 мај 2009
Мислења
352
Поени од реакции
82
едрилиците изгледаат супер :vozbud: имам намера да праам таква, ама сеа-засеа, само намера е :kesa:
 

JeepMkd

Scratch model builder
Член од
25 јуни 2008
Мислења
1.576
Поени од реакции
468
Кога нема друг начин и материјал и стиропорот завршува работа. Ама јас со тие резултати не сум задоволен... Само еден совет околу спојувањето, во никој случај не користете супер лепак, УФО или Неостик!!! Стиропорот ќе ви го направи пудинг :helou: Во недостиг на професионален лепак Дрвофикс завршува одлична работа.
 

d r a g a n

Чаве
Член од
13 мај 2009
Мислења
352
Поени од реакции
82
Дрвофиксот е многу добра алтернатива, ама сум работел и во негов недостиг, па зато користев Неостик, ама ставав сосем сосем тенок слој и чекав да се исуши добро пред да ги спојам површините.
И мал апдејт за аеропрофилите... Clarck Y е малце тешка за изработка кај почетници, посебно да ја изработат иста долж крилото, па подобро е да почнат со Aquilla, живото ке му биди многу полесен:pos2:
 

JeepMkd

Scratch model builder
Член од
25 јуни 2008
Мислења
1.576
Поени од реакции
468
Ете полека се разбираме... Тоа што го кажав, и пак ќе го повторам, е дека треба да се почне од почеток. Значи наједноставни лизгачи од хартија и дрво... Тек после некое време откако ќе се упатите во моделарството и основните принципи на летањето можете да правите покомплицирани модели, со поголем успех.

Не се разочарувајте, ама се прават многу грешки и се вложува многу труд во грешна насока а резултатот само ви го кутка моралот. Не може прав лист, непрофилиран да ствара узгон, потоа да не знаете да одредите тежиште а да очекувате да лета моделот, да лепите со селотејп и така натаму... Нешто што е навидум лесно е секогаш покомплицирано. Септември е, сега има уписи за курсеви во Народна техника. Не се мачете за џабе.
 

d r a g a n

Чаве
Член од
13 мај 2009
Мислења
352
Поени од реакции
82
Ама се помалце и помалце млади има заитересирани...
Ете јас на пример, имам 19 години, познаници (од мојата генерација) немам нити еден моделар, било каков, не само аеромоделар :toe:
 

аце_шваба

ГОРД ВУЈКО
Член од
10 септември 2008
Мислења
1.512
Поени од реакции
45
И понатака пробам да ви протнам низ уши дека во денешно време , кога скоро секаде НЕМА, а посебно во МКД традиционални аеромоделарски материјали, најдобра дивка т.е. замената за кафе на вашите баби...:) е екструдираниот полистирен. Тоа се оние табли со светло сина боја,па розова и тиркизно зелена...зависно од производителот. Тоа е многу добар материјал, а лесно се обработува со загреана жица и шмирглање.

balza-extrudiran polistiren -obicen ekspaniran polistiren t.e. stiropor


Таблата е 20-30 мм дебела , но лесно се разрежува на листови од 3-4 мм.
После е песма лета.. се користи акрилен супер брз лепак, па лепак за полистирен, а може и двокомпонентен епокси за битни споеви. Се зајакнува со стаклени влакна т.е шнур...ровинг...
Овде некаде пред некое враме закачив четири видеа, каде еден германец покажува како се работи. Може за почеток и едноставни плочасти модели.

Но за оние кои сакате да летаат, мора малку да се внимава на законите на мајката природа: крилото мора да има аеро профил, на пример CLARK Y или ЦАГИ15 се супер за почеток,стабилни и со рамен долен дел , згоден за изработка на крилото на рамна маса.
Тежината мора да е минимална се мери со грамови :) тежиштето на право место и се да е симетрично, инаку ќе завлекува во некој правец.
Многу се згодни малите електро мотори и овие литиумските батерии. Не мора да е моделот телекоманден , тоа кога ќе имате повеќе пари.....и слободнолетечки модели , изреглирани да летаат во големи кругови се интересни...
каде да ги најдам ваквите табли?
де ако може линк за CLARK Y и ЦАги15 или упатство некое било што што појаснува
 

concrete

alte Esel
Член од
22 март 2005
Мислења
12.248
Поени од реакции
1.703
каде да ги најдам ваквите табли?
де ако може линк за CLARK Y и ЦАги15 или упатство некое било што што појаснува
Во секој подобар маркет за градежни материјали...табли за изолација.., но внимавај не експандиран, тој е бел и со зрнеста структура, туку екструдиран, сина-розе-зеленкаста пенаста материја и е малку поскап од обичниот стиропор.. :)
Профиливе... сакаш PDF, сакаш DXF:)

на милиметарска хартија Clark-Y 12%



инаку ова ти е ептен фино линкче:
http://stroimsamolet.ru/ за малку повеќе
знаење изнесено на многу достапен начин...а руски , како така се разбира....

Не би било лошо да се дефинираат желбите, па да конструираме, ископираме...:) нешто што се праи ефтино и бргу...за ова заинтересираниве да можат вистински да го летаат.. :)
Едрилица која може да се лета со и без моторче, со и без едноканална-двоканална телекоманда,изработена од стиропор + малку дрво, која лесно се прави и поправа би било занимлива... може и некои да се нафатат за изработка на поедини делови , кои потоа ќе си ги разменуваат меѓу себе.....ем модели , ем кејф летуцкање, ем ќе научите нешто и од производство...
 

JeepMkd

Scratch model builder
Член од
25 јуни 2008
Мислења
1.576
Поени од реакции
468
Таман е тоа дека нема заинтересирани, затоа и аеро клубовите пропаѓаат и дали имаме 2 натпревари годишно во Македонија... Соседите само колку се подалеку од нас.

Профилите се делат на 3 основни, асиметричен (овој на сликата), симетричен и птичји. Ретко кој ги знае како ClarkY или шотијазнам...

Има многу работи кои едноставно не се учат на форум...

Драганбт, секаде има многу постари од тебе и од мене кои цел живот го работат ова... Гледам дека си од Битола, па појди во Аеро клубот, распрашај се и договори се за да работиш. За ентузијасти има материјали и има време, плус имате аеродром! Не троши енергија, време и пари за џабе, послушај ме.
 

d r a g a n

Чаве
Член од
13 мај 2009
Мислења
352
Поени од реакции
82
Абе да знајш од кога сум кандисан да поминам до аероклубот, ама ете, на работа бев 2ра смена цел месец, и се поклопваше со работното време на клубот. Сега од септември ке поминам... здравје боже ако не ме турат пак 2ра смена :D

А за Шваба би му препорачал да почни со овај аеро-профил, многу поедноставен, а и ефикасен е, јас го имам проверено :) Кларк У е многу тежок за изработка, и огромен залак ко за прво па машко.
 

Attachments

bubi4ko

Македонци брее..
Член од
24 јуни 2008
Мислења
274
Поени од реакции
17
Еве и јас се потрудив и ги направив авионите кои ги има направено Шваба...Сега неможам да ги сликам....А и направив неколку грешки па сеа ке ми се само за украс оти не летаат:S
 

Kajgana Shop

На врв Bottom