JeepMkd
Scratch model builder
- Член од
- 25 јуни 2008
- Мислења
- 1.576
- Поени од реакции
- 468
Секој труд е за пофалба, ама имам неколку добронамерни забелешки
Како моделар ќе ти сугерирам да започниш од почеток. Значи најбитно е да ги знаеш основните делови на авионот и нивната функција. Многу работи играат улога за авионот како една целина да биде успешен т.е да лета. Исто така треба да правиш разлика меѓу макета и модел. Макетата е статична, а моделот се управува. Приспособување на план за макета во план за модел повлекува многу проблеми - профил на крилата и стабилизаторите, маса, тежиште итн. Ако планираш некој од моделите да полета заборави на селотејп и алуминиум од лименки и конзерви. Моделите се изработуваат во најголем дел од балза (дрво) и Јапан хартија за облепување на крилата. Со монокот ќе се запознаеш подоцна. Се користи и авио шпер, липа, алуминиум за ситници кои треба да издржат оптоварени. Сите овие материјали се карактеризираат со многу мала маса, Конкрит веќе напомна. Од страна на спојување за почеток ќе ти треба супер лепак (оној со конусно капаче) или евентуално Неостик. Двокомпонентен ќе ти треба за поголеми и покомплицирани модели. Лемење на деловите не иде во предвид и ич не се мачи со тоа. Има уште финеси кои едноставно треба да ги воочиш и искусиш.
Ако немаш моделарско искуство најдобро е да почниш со едноставни слободнолетачки модели од хартија и дрво. Така ќе научиш да стартуваш модел, ќе го проучиш како се однесува и најбитното - ќе правиш реглажа.
Ако сакаш да бидеш сериозен во ова и ако сакаш задоволувачки резултати најдобро е да се зачлениш во некој Аеро клуб или едноставно да одиш во Народна техника. Таму има наставници и инструктори кои најдобро ќе ти објаснат, и ги има потребните материјали.
Има уште многу работи, ова е што можев накратко да ти објаснам. Ако те интересира нешто друго од технички аспект слободно прашувај Ќе покопам низ компјутеров и ќе ти набавам слики од мои модели за се ова што го напишав да ти биде појасно.