Најдобра/најлоша игра за 2014

Донев

На одмор
Член од
9 мај 2008
Мислења
32.719
Поени од реакции
46.738
Дојде периодот за бирање најдобри кајганџии, најдобри постови, па еве во ова катче не е лошо да видиме кои беа најдобрите, а кои најлошите игри за оваа година.

Ќе поставам некои правила затоа што целта на темава е да се поттикне дискусија, не само набројување и гласање.

Важно:
Значи, постови во кои само ќе се пише името на играта ќе бидат бришени. Не е поентата само да го пишете насловот и толку. Кажете зошто баш таа игра ви е најдобра, или зошто е најлоша. Што ве импресионирало или што ве разочарало. Исто така не сте ограничени на еден избор, може и да си направите топ 3 или топ 5 листа, ама битно да има објаснување зошто се наоѓа таа игра таму.
Анкета нема да има. Доколку ви се важни бројките, и доколку е успешна темава, јас таму негде на крај на јануари ќе ја пројдам цела и ќе ги избројам гласовите.
Исто така дозволено и пожелно е да реплицирате доколку се согласувате со некој или пак не се согласувате. Ама не со постови, глуп си, како може оваа игра да ти се свиѓала туку со факти.

Ете така. Па ај да видиме, што игравте во 2014? Што најмногу ви се допадна, на која игра потрошивте најмногу време, која игра тотално ве разочара и се друго што би сакале да го пишете :)
 

mickey mouse

Багабонти
Член од
5 септември 2011
Мислења
914
Поени од реакции
2.696
Фифа 2014 најдобра доста реална исто и Пес 2014 најдобар
 

Донев

На одмор
Член од
9 мај 2008
Мислења
32.719
Поени од реакции
46.738
Фифа 2014 најдобра доста реална исто и Пес 2014 најдобар
Значи, постови во кои само ќе се пише името на играта ќе бидат бришени. Не е поентата само да го пишете насловот и толку. Кажете зошто баш таа игра ви е најдобра, или зошто е најлоша. Што ве импресионирало или што ве разочарало.
А и овие во 2013та се излезени :)
 

old_School_mk

Програмер, гејмер, psy-trance уживател
Член од
11 август 2009
Мислења
5.492
Поени од реакции
3.992
Жими Metro Redux што ја изиграв годинава. Иначе - ОЧАЈНА година за компјутерските игри. Или просек или катастрофа. Со исклучок на South Park: The Stick of Truth и Middle Earth: Shadow of Mordor - сè останато воопшто не е вредно за спомнување. Евентуално би се додале и Wolfenstein: The New Order и Alien: Isolation на листава, ама ниту една од овие не е игра што ќе се памети. Жално :(

Така да, годинава не гласам за ниту една игра од категорија најдобра, а најлоша без конкуренција е Rambo: The Video Game.
 
Член од
30 мај 2012
Мислења
5.027
Поени од реакции
2.883
Iako ne igram skoro ic ili igram samo trkacki kao najdobra bi ja navel The evil within. Ovaa me navlece da ja igram, a toa retko se desava, posebno ako ne e povrzano so vozenje.
:)
 
Член од
25 јануари 2005
Мислења
5.260
Поени од реакции
4.144
За најдобра треба ли да се зборува? Се знае ГТА5.
А за најлоша штознам.. има повеќе :D
Watch Dogs. И од Destiny очекував повеќе ама слабо.
 

Донев

На одмор
Член од
9 мај 2008
Мислења
32.719
Поени од реакции
46.738
За најдобра треба ли да се зборува? Се знае ГТА5.
А за најлоша штознам.. има повеќе :D
Watch Dogs. И од Destiny очекував повеќе ама слабо.
Абе да, ама не ја има мнозинството уште играно, така да ќе им биде најдобра за 2015 :D
ГТА 5 - најдобра игра за 2013, 2014 и 2015 година :D
 
Член од
25 јануари 2005
Мислења
5.260
Поени од реакции
4.144
Абе да, ама не ја има мнозинството уште играно, така да ќе им биде најдобра за 2015 :D
ГТА 5 - најдобра игра за 2013, 2014 и 2015 година :D
Баш така.
2013 најдобра на ПС3
2014 на ПС4
2015 на ПЦ

Си ибале пиперо овие од Рокстар :D
 

Vori

Шејтан на Махалата
Член од
23 март 2009
Мислења
6.866
Поени од реакции
5.616
Alien Isolation - Најдобра игра

Одлична игра со одлична приказна во која главен лик е гуштер-воземјанин кој успеа да разработи цела станица во вселената и да побие секого . Графиката е одлична,ако не и феноменална , може да ја играш и на ниска класа компјутер . Последниот дел коа се обидува да го активира нуклеарното јадро на станицата , зборувам прошетката во вселената, коа мораше да шета у одело е фантазија и уживање ! 5/5 препорачано :)(y)

 
Член од
23 ноември 2011
Мислења
13.388
Поени од реакции
30.067
Слаба година за ПЦ-гејмерите беше. Од онаа што ми беше изгирано досега, најдобра за мене е Wolfenstein-New Order, занимлива, игрива, со солидна приказна, одлично оптимизирана игра. Изрешетани нацисти летаат на сите страни, лудило. Исто добри беа и Far Cry4, Walking Dead серијалот, но не ми се изиграни уште Dreamfall и AC-Unity, па може и ќе го променам мислењето после овие две.

Најлоши, од тоа што јас го пробав годинава дефинитвно новиот Thief, Evil Within и Watch Dogs. Првата направи патетично неуспешен обид да се провлече со името на своите слави претходници но со тој ретардиран гејмплеј не стигна далеку. Втората, најавувана како револуција во хорор-жанрот не донесе ништо ново, досадна, повторлива, со лоши контроли, а истото може да се каже и за Watch Dogs, толку извикана игра, а ужасна лоша, плус шо ништо не работеше како што треба.

Во 2015, ако Witcher 3 е барем пола од тоа што го најавуваат, не ми треба друга игра за целата наредна година.
 
Член од
28 декември 2011
Мислења
4.327
Поени од реакции
6.200
Морам да набројам неколку најдобри, најлошите ќе ги скокнам оти сум елитист и не играм лоши игри.
Valiant Hearts. Приказна за луѓе вовлечени во првата светска војна и перспективата од кои тие ја доживуваат. Кул, интересни загатки, тешка атмосфера и убава анимација.
Stick of Truth беше South Park in it's core. Воопшто не разочара и ни го сервираше токму тоа што го сакавме, живот во една голема, загадочна South Park епизода.
Можеби би ја стаил тука Shadow of Mordor ама нема да ја коментирам бидејќи ја неам играно.
 

Vori

Шејтан на Махалата
Член од
23 март 2009
Мислења
6.866
Поени од реакции
5.616
Морам да набројам неколку најдобри, најлошите ќе ги скокнам оти сум елитист и не играм лоши игри.
Valiant Hearts. Приказна за луѓе вовлечени во првата светска војна и перспективата од кои тие ја доживуваат. Кул, интересни загатки, тешка атмосфера и убава анимација.
Stick of Truth беше South Park in it's core. Воопшто не разочара и ни го сервираше токму тоа што го сакавме, живот во една голема, загадочна South Park епизода.
Можеби би ја стаил тука Shadow of Mordor ама нема да ја коментирам бидејќи ја неам играно.
Stick of Truth, јас тотално забораив на играва :LOL: да ја номинирам ... Легенда од игра .... Коа ќе опалиш радар од задник секој пат :D
 
Член од
16 јануари 2011
Мислења
361
Поени од реакции
127
Меѓу најдобрите Diablo: Reaper of Souls, South Park Stick of Truth , GTA 5 PS4, i do nekade Shadow of Mordor.

Најлоша: AC UNITY , Како огромен фан на АЦ уште и немам дадено добра шанса и чекам пачеви ама како што изгледа никогаш нема да ја оправат . :(
 

wot

њ
Член од
20 мај 2008
Мислења
18.017
Поени од реакции
28.923
Dark Souls 2, naravno. South Park. Shovel Knight. I od snosti Game of Thrones: ep1, ali neznam kako ke se smeta cela igra, najverojatno 2015.

Nekoj prosek mi e Far Cry za sega, ama pozitivno sum nastroen. Dobra e, considering ubisoft.
Isto prosek e Shadow of Mordor. Mislam vo red, stvarno izgleda odlicno, dobro optimizirana... ama repetivna e, ostava nekoe tapa cuvstvo posle nekoe vreme.

Najlosa najverojatno AC, a ne ja ni probav. Sramno bese toa so go napravija ubisoft.
Watch Dogs mi bese meh, cel toj hajp, saat ipol izigrav....
Dead Rising 3.

Sve drugo izigrano izmegu... onaka.

Honorable mention: Child of Light. Weirdly enough... ubisoft.
 
Последно уредено:
На врв Bottom