Најдобра/најлоша игра за 2014

Kocka

Manchild
Член од
1 август 2006
Мислења
3.531
Поени од реакции
2.752
Ovaa godina samo avanturite vredea da se igraat....se nadevam slednata ke ima poveke izbor
 
Член од
5 декември 2014
Мислења
379
Поени од реакции
384
Нинтендо овојпат понуди најдобри наслови, несметајќи ги ресајкланите ГТА5 и Лест оф ас.
Пред се Бајонета 2 би ја назначил за игра на годината, нудејќи иновативен постојано активен,забавен и не збунувачки комбат систем комбинирајќи со типичните Јапонски изразити карактеристики.
Супер смеш брос. 2 веднаш по неа, алл араоунд лудило од игра, со беспрекорно измазнети и избалансирани механики која ретко која игра денес може да се пофали.
На делба на трето би ги навел Дивинити - Ориџинал Син, Бајндинг оф Ајзек - Рибрт и Сансет Овердрајв.

останатите кои вреди да се спомента :
- Хартстоун
- Дарк Соулс 2
- Мидл Ерт - Шадоу оф мордор
- Транзистор

исто така треба да се спомене дека годинава инди игрите се далеку послаби од лани.
 

wot

њ
Член од
20 мај 2008
Мислења
19.483
Поени од реакции
33.585
Dark Souls 2
Dragon Age: Inqusition
...
...
...
...
Tuka drugoto. :D
 
Член од
12 февруари 2014
Мислења
7.701
Поени од реакции
24.161
samata igra e vo mn losa sostojba,imaat prodadeno nad 3 miljona early realase kopii,timot so ja prai ne e zgolemen,isti bagovi so zombinja,bagovi za ova bagovi za ona, cist grabez...
Тоа да, али и покрај тоа играта е прекрасна. Ќе причекам да се среди, не брзам. :)
 
Член од
14 ноември 2013
Мислења
6.186
Поени од реакции
19.264
Dragon Age Inquisition ми беше омилена игра за 2014 уште кога ја најавија во 2011. Луд сум по МЕ/DA, тоа е.

Останати добри игри за 2014;
The Banner Saga - Интересна приказна, доста емотивна
Divinity Original Sin - Микс од ретро и модерен рпг и доста интерактивна
Shadow of Mordor - ЛОТР, Nemesis

Немам најлоши игри но ќе кажам дека ми е ску*чено од Марио и компанија.
 
Член од
4 јули 2008
Мислења
6.134
Поени од реакции
1.896
За годинава како најдобра би ја избрал Shadow of Mordor. Големо изненадување беше играва, посебно поради тоа што се базира на книги ( и филм ), а таквите игри во главно ( со исклучоци ) се прилично лошо реализирани. За среќа дејствието нема некоја голема поврзаност со Хобитот и ЛОТР па не се забегува во некои графички или детали од приказната. Реално гледано играва и не нуди нешто ново во поглед на гејмплеј, а приказната е плитка и целосно измешана. Но тоа што многу ми се допадна и ме задржа многу време пред компјутер е Nemesis системот. Многу интересен додека не станеш претерано јак.

Исто така многу ми се допадна и South Park: The stick of truth. Интересен гејмплеј меѓутоа се забележува дека на него се нема посветено многу време бидејќи станува малку монотон и изборите кои ги правиш за време на играњето немаат некоја голема улога во понатамошните битки. Но овде е најважна приказната и хуморот кои се феноменални, особено за фановите на Саут Парк.

Far Cry 4 е игра за која што имам поделени мислења. Гејмплејот е одличен, графиката е одлична, атмосферата е прекрасно доловена, но приказната и ликовите се многу штури и кога ја играв се чувствував како да играм DLC на Far Cry 3. FC3 беше игра каде што гејмплејот и графиката, иако одлични, беа ставени во втор план од одличните ликови кои ги имаше играта. Овде, за жал, истиот рецепт е искористен повторно и добрите страни се истегнати до максимум. Сега наместо еден водечки лик кој се обработува и анализира низ целата приказна има 5-6 ликови со интересни карактери но се појавуваат само на 2-3 мисии и потоа пропаѓаат под земја. Сепак играта не е лоша и доколку се земе како единка може слободно да конкурира како игра на годината, но ако се земе во предвид нејзината позадина ( FC3 ) можам да кажам дека е мало разочарување и е направена за молзење.

Кога сме кај лоши игри можам слободно да кажам дека изобилуваат годинава. На прво место би ја ставил Watch dogs. Толку надуен меур за некоја игра немам видено до сега. Видеата за играта изгледаа феноменално и со нетрпение ја очекував играта. Но испадна огромно разочарување. Иако стелтот понекогаш е интересент во главно гејмплејот се базира на Press E to win. Светот во играта е тотално мртов и делува многу одбивно. Возењето е како во Flash игричка. Од друга страна пак приказната има некои добри елементи и некои од рандом настаните кои се случуваат се доста добри. Всушност играва е просек, но големиот товар кој на неа го стави медиумската фама ја тоне длабоко.

Уште еден катастрофално лош, па дури и навредлив наслов е Thief. За играва едноставно немам зборови. Толку е досадна и монотона што после 2-3 часа играње ја избришав. Срам за претходните делови.

За крај стандардно би ги додал Assassins Creed и COD. Игри кои имаат изгубено целосна врска со тоа што всушност една игра претставува и секоја година ја вадат старата игра со нови скинови и подобрени ефекти на вода.
 
Член од
28 декември 2011
Мислења
4.371
Поени од реакции
6.207
Кога сме кај лоши игри можам слободно да кажам дека изобилуваат годинава. На прво место би ја ставил Watch dogs. Толку надуен меур за некоја игра немам видено до сега. Видеата за играта изгледаа феноменално и со нетрпение ја очекував играта. Но испадна огромно разочарување. Иако стелтот понекогаш е интересент во главно гејмплејот се базира на Press E to win. Светот во играта е тотално мртов и делува многу одбивно. Возењето е како во Flash игричка. Од друга страна пак приказната има некои добри елементи и некои од рандом настаните кои се случуваат се доста добри. Всушност играва е просек, но големиот товар кој на неа го стави медиумската фама ја тоне длабоко.
А да не ја спомнуваме катастрофалната оптимизација нa PC верзијата. Не ја ни доиграв од што не беше игрива иако имав конфигурација за флуиден fps.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom