Најдобар фудбалер за 2010 година - FIFA Ballon d'Or 2010

Кому би му ја доделиле оваа најпрестижна награда?


  • Вкупно гласачи
    223
A

apidrone

Гостин
Доста веќе со тоа „Помирете се со тоа“. Као да нема да спијам вечер ако не го изберат Снајдер. Најдобар играч во светот? Па најубаво Амаури да го изберат. Зашо да не... Бројки, бројки.... па таму некој као хрватски новинар пишуел зашо мисли дека Меси треба да ја земе наградата. Цитирам: „Како ви звучат 16 голови во 14 настапи оваа сезона. Меси има постигнато повеќе голови отколку што има настапи“. Роналдо има еден гол повеќе. „Лига која неговата Барселона ја освои со доминантен учинок“. Барселона имаше 99 бода, а Реал 96. Мртва трка се водеше до крај, до претпоследното коло кога Барселона гостуваше кај Севиља, и за малку ќе прокоцкаше предност од 0-3 (мечот заврши 2-3, а Севиља имаше 2 играчи помалку). Реал даде повеќе голови (над 100). „Сетете се онаа ноќ кога буквално го сруши Арсенал со четири брилијантни погодоци“. Децата? Па нив Бејл ќе ги искине, не па Меси.
И никако не можам да сфатам како може да се споредуваат играчи кои играат на различни позиции. Постојат различни профили на играчи кои играат на исти позиции, а на па ова претходново што го спомнав. Има напаѓачи кои можат да направат спринт (Руни), да издриблаат (Торес), а има и такви кои чекаат да ги погоди топката (Инзаги). Меси можете да го споредувате (барем у бројки) со еден Ван Перси да речеме. Двајцата се напаѓачи, левучари. И пак ќе повторам: Меси како напаѓач не даде ниту еден гол на СП, а Снајдер како играч за врска даде 5 гола. Само поради уплашеноста на Робен (двапати), Холандија не стана светски шампион. И уште нешто: Дефакто Меси одлично функционира во Барселона, ама дали би се снашол во некоја друга екипа? Пошо ете ни за репрезентација не игра како што игра за Барса, дали би се снашол во некоја друга лига? Според мене, тешко. А баш би сакал да видам, за да можам да кажам дали тој е најдобриот играч во Светот, а не најдобриот играч на Барселона.
 

hotmail

GiO
Член од
1 февруари 2008
Мислења
1.333
Поени од реакции
426
Оваа реченица ја има во секој втор пост. Треба да се сфати едно: Поентата на Златната Топка на ФИФА и Франс Футбол заедно не е да се награди најдобриот играч на некоја екипа која освоила некое натпреварување(ЛШ или СП) во некоја година, туку да се награди најдобриот играч во Светот за таа година, без разлика на успесите на неговите соиграчи.
Јас секогаш сум велел дека фудбалот е колективна игра и не треба да се обрнува огромно внимание на индивидуалните награди, ама кога веќе се доделува ваква индивидуална награда, нека ја дадат на најдобриот индивидуалец во сезонава. Тоа е без сомнение Лионел Меси, му се допаѓало на некој тоа или не.

И, да. Помирете се: Снајдер не е во финалистите, затоа што така одлучи ФИФА, без разлика на ставовите на некои членови на кајгана форумот во Македонија.
Добро сезнајко, и јас се сложувам со тебе дека треба да се награди најдобриот играч(на овој случај Меси нека биде), но тогаш што к*** бара тука Иниеста пред Снајдер, кога цела сезона повеќе беше повреден отколку што играше, сепак има тука нешто повеќе од избор за награда на најдобар играч, сакал ти или не да признаеш. Потоа еве сега читам една статија, и Чави тоа го признава дека снаијдер требаше да биде меѓу трите најдобри. Ако пак не е снајдер меѓу трите најдобри за сезоната 2009/10 дефинитивно Чави ја заслужува, тогаш според мене.
 

Hurin

Pokerface bastard
Член од
3 јуни 2009
Мислења
8.543
Поени од реакции
14.679
boy14;3945784[B напиша:
]Оваа реченица ја има во секој втор пост. Треба да се сфати едно: Поентата на Златната Топка на ФИФА и Франс Футбол заедно не е да се награди најдобриот играч на некоја екипа која освоила некое натпреварување(ЛШ или СП) во некоја година, туку да се награди најдобриот играч во Светот за таа година, без разлика на успесите на неговите соиграчи.[/B]
Јас секогаш сум велел дека фудбалот е колективна игра и не треба да се обрнува огромно внимание на индивидуалните награди, ама кога веќе се доделува ваква индивидуална награда, нека ја дадат на најдобриот индивидуалец во сезонава. Тоа е без сомнение Лионел Меси, му се допаѓало на некој тоа или не.

И, да. Помирете се: Снајдер не е во финалистите, затоа што така одлучи ФИФА, без разлика на ставовите на некои членови на кајгана форумот во Македонија.
да најдобриот играч
сите предиспозиции ги има снајдер за да ја добие топката. оставете ги вашите најомилени клубови и гледајте реално???
сите знаеа како играше интер пред 2 сезони??
до тогаш немаше поминато неколку год. 1/8 финале, играч како снајдер се очекуваше многу год во милано, снајдер беше еден од најдобрите и најзаслужните за успесите на интер и холандија во последната сезона.
иниеста??
памтам само дека го даде победоносниот гол за шпанија и дека беше повреден многу долго минатата сезона
ако земи чави нема да се бунам па и меси да земи иако не се покажа во најдобро светло на СП 2010.
реченицата ја има во секој втор пост ама пак некои луже неможат да ја сфатат истата реченица
жално :toe:
 
Член од
13 јули 2010
Мислења
1.373
Поени од реакции
1.596
Реално да збориме , иако сум изгорен за Јувентус , Снајдер требаше да ја освои наградата за најдобар фудбалер ... Дечкото беше вистински кретор и лидер .... Бидете реални и кажете ја вистината барем еднаш ...Поздрав
 

Invader

I am not in danger, I am the danger!
Член од
17 ноември 2008
Мислења
18.021
Поени од реакции
22.930
Инсајдерски информации викаат дека Иниеста е победникот.
 

Ернесто ЧЕ Гевара

Hasta La Victoria Siempre
Член од
21 јуни 2010
Мислења
14.838
Поени од реакции
23.222
Реално да збориме , иако сум изгорен за Јувентус , Снајдер требаше да ја освои наградата за најдобар фудбалер ... Дечкото беше вистински кретор и лидер .... Бидете реални и кажете ја вистината барем еднаш ...Поздрав
Ама во Серија А.
 

Mr.47

Juve Fan
Член од
29 јули 2008
Мислења
10.048
Поени од реакции
6.074
Пренос некаде? Било наша ТВ или на кабловска?
И саат, да знам бар стрим да си глеам.
 
Член од
4 јули 2009
Мислења
4.795
Поени од реакции
3.493
Снајдер,затоа што човекот растури на во ЛШ и во Серија А и стигна со Холандија до финале во Светското првенство
 

Ернесто ЧЕ Гевара

Hasta La Victoria Siempre
Член од
21 јуни 2010
Мислења
14.838
Поени од реакции
23.222
А ЛШ, Холандија...
Ај не се глупирај више.
Ае да не почнувам дискусија, јас за разлика од некој немам време за пишување, бидејќи треба да гледам доделување на Златната топка на еден од тројцата најдобри фудбалери во Светот, нормално од Барселона.


--- надополнето ---

Пренос некаде? Било наша ТВ или на кабловска?
И саат, да знам бар стрим да си глеам.
Еуроспорт1, од 19:00.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom