Пологично е да е темава за најдобар настап во живо на кој сте присуствувале...вака е премногу обемна а и тиње, поради тоа што секој може да напука било што и независно во колкав број...пр : ќе лупнам ако не настап на хорот на шри рама од индија по повод празникот на кравата во јули '94та...свашта!
Предлогов се прифаќа Манс. Ќе дополнам во воведниот пост. Мада ми мириса дека темава постои, или имам пишувано на оваа тема на некој друг форум.
А јас... хух од странски се двоумам помеѓу Ману Чао (2002 на лизгалиште) и Продиџи (2005 на Саем). Има уште еден интересен настап, ама тоа беше повеќе циркус отколку концерт: Bloodhound Gang на лизгалиште пред неколку години.
Од балканските Дубиоза Колектив на Таксират 9.
Од нашите Санаториум на некој од Пис анлимитид фестивалите на Саем пред неколку години (за жал и нивни последен настап).