Најголемиот соборен храм на Балканот ќе се гради во Струмица

Дали ја поддржувате изградбата на ваков објект во Струмица?

  • Вкупно гласачи
    78
Член од
10 февруари 2008
Мислења
3.947
Поени од реакции
2.060
Го поддржувам, зашто да не го поддржувам, никому нема да штети, а на некој дури ќе им биде и од корист.
 
Macedonia>>Europe

Faster Than Light
Член од
6 јуни 2007
Мислења
2.582
Поени од реакции
836
Зашо бе црква?! Ја сакам џамија!. Повисоки се поубави, посилно се слуша оџата, од вардара до триглава, нема икони, нема оставање пари...и замислете се е бесплатно.
Џамија и точка.
Да да, сум слушнал... дури и безплатни часови за бомбаши самоубијци давале. :D
 
Zaphod Beeblebrox

Поранешен покул Божино
Член од
7 јуни 2008
Мислења
16.676
Поени од реакции
21.233
Ниту спомениците ниту храмот нема да му донесат добро на народот. За народот да биде среќен треба работни места и бизнис но и нови болници, училишта и установи од кои сите би имале корист а не само верниците. Христијанскиот народ најверојатно треба да се запраша дали во време кога нашата економија е меѓу најлошите во светот треба да се аздисува со мега-цркви. Некој горе спомна душевен мир, верникот доколку сака може да си најде душевен мир и во обичен манастир или црква а сигурен сум дека во Струмичкиот регион има многу такви. Од друга страна оној што нема за леб си има други проблеми но за неговите проблеми нема алтернатива како што има верникот.
Не можеш ти да кажеш што е добро за народот. Ако сакаат они цркви - нека имаат цркви. Незнам зашто толку ви смета бе. Атеисти сте вау ајде сеа како Мирко Сељак Попов ќе кажуваме дека ќе палиме цркви! И јас сум атесит ама нека прават луѓето што сакаат, нивен избор е тоа.

А за економијата, не треба они да се грижат, туку државата. Таа создава клима, народот работи во таа клима. Ама тоа е друга тема.
 
PIRATIC

diplomiran klozetar
Член од
26 јануари 2012
Мислења
7.854
Поени од реакции
6.497
Го поддржувам, зашто да не го поддржувам, никому нема да штети, а на некој дури ќе им биде и од корист.
Корист ?!
Ако мислиш на поповите и владиците да, секако дека имале, имаат и ќе имаат корист, но каква корист од ваквите објекти би имале граѓаните, без разлика дали се верници или не се верници !
Изгледа ептен сме јаки и богати како држава и како народ, па се друго изградивме и уредивме, па сега на ред ни се гигантски цркви да градиме од по 50/60 метри ! :facepalm:
А каде се пирамидите, ајфеловата кула, кинескиот ѕид и сл.
А џедај-темпл ! :confused:
 
Tiveriopol

Струмичанец
Член од
23 декември 2007
Мислења
1.212
Поени од реакции
996
Храмот е почнат да се гради пред 18 години како што е напишано во насловот. Колку што се секавам беше планирано да биде црквата поголема, но поради тоа што соборниот храм во Скопје мора да биде најголем во Македонија се направени измени со кој ке биде помал од Соборниот храм во Скопје. Темелите се поставени и моментално само го грубат просторот кој се наоѓа во близина на центарот т.е. на булеварот Маршал Тито. Сега таму се наоѓа една помала црква која е направена од почетокот на изградбата. Инаку е планирано да има и конаци во кој би спиеле монасите, камбанарија и се што треба за да се изгради манастир.Не продолжи изградбата тогаш поради немање средства и сега колку што сум запознаен Струмичките мокници ( ги знаат струмичани кој се ) ке донираат средства плус средства од верници и ке се продолжи со изградбата. Заев учествува преку неговите фирми не како градоначалник бидејки општините не смееле да финансираат изградба на верски објекти.
Дали е некој за или против требало да се запрашат пред 18 години кога се поставени темелите на храмот. Сега според мене подобро е да се заврши одколку железињата да го грубат тој простор таму кој заедно со старата автобуска засега се најголемите црни точки (неуредни места) во Струмица.
 
PIRATIC

diplomiran klozetar
Член од
26 јануари 2012
Мислења
7.854
Поени од реакции
6.497
Не можеш ти да кажеш што е добро за народот. Ако сакаат они цркви - нека имаат цркви. Незнам зашто толку ви смета бе. Атеисти сте вау ајде сеа како Мирко Сељак Попов ќе кажуваме дека ќе палиме цркви! И јас сум атесит ама нека прават луѓето што сакаат, нивен избор е тоа.

А за економијата, не треба они да се грижат, туку државата. Таа создава клима, народот работи во таа клима. Ама тоа е друга тема.
Да но зашто да се градат вакви објекти со државни пари(од граѓаните) или пак со пари од општинската каса(исто така народни пари), тие граѓани кои што си сакаат ваков објект лично нека си го одврзат кесето и нека си дадат пари(доброволно), бидејќи во тој државен или општински буџет вотева влегуваат пари од сите граѓани и од христијански верници и од муслимански верници, но и од луѓе кои едноставно не се верници на ниту една религија !
 
Друже прочитај го мојот пост. Не се работи за донација од општината бидејки истата не смее да донира за изградба на верски објект. Парите се од верници...

По 18 години од поставувањето на темелите на новиот Соборен храм “Успение на Пресвета Богородица“, планиран на просторот спроти главната пошта во Струмица, ќе започне да се гради еден од најголемите и најубавите Божји храмови во Македонија. Оваа вечерва го најави градоначалникот на општина Струмица, Зоран Заев, во емисијата “Отворено со градоначалникот“ на ТВ каналот ВИС.
Според Заев, овој проект се заокружува во делот на својата финансиска конструкција и целата организација ќе ја води тој како граѓанин, заедно со бизнисмени, донатори и самите граѓани, бидејќи според Уставот општината не може да финансира изградби на цркви и верски објекти.
“Овде влегувам како Зоран Заев, ниту Заев политичарот, ниту Заев градоначалникот. Самиот проект само по себе значи обединување на сите. Се работи за огромен христијански објект, Божји дом за кој што сите треба да дадеме свој придонес внатре“ – изјави градоначалникот Зоран Заев.
http://www.strumicanet.com/europe/item/2531-
 
Член од
10 февруари 2008
Мислења
3.947
Поени од реакции
2.060
Корист ?!
Ако мислиш на поповите и владиците да, секако дека имале, имаат и ќе имаат корист, но каква корист од ваквите објекти би имале граѓаните, без разлика дали се верници или не се верници !
Изгледа ептен сме јаки и богати како држава и како народ, па се друго изградивме и уредивме, па сега на ред ни се гигантски цркви да градиме од по 50/60 метри ! :facepalm:
А каде се пирамидите, ајфеловата кула, кинескиот ѕид и сл.
А џедај-темпл ! :confused:
Никогаш нема да ја сфатиш користа ако не си верник така што залудно е да ти објаснувам, а од друга страна пак духовната благосостојба не може ни да се објасни, сеедно дали попот ќе земе пари или не, тоа му е работа, на народот храмот нема да му шкоди.

А која е штетата па ти што си се загрижил?
 
Член од
19 март 2011
Мислења
18.984
Поени од реакции
40.199
Уф добро е, ми олесна. Само уште ова ни требаше, најголема црква на Балканот. Сега топ сме, ништо не ни фали.

Цело е кога има се...
 
S

Sheldon Cooper

Гостин
Не можеш ти да кажеш што е добро за народот. Ако сакаат они цркви - нека имаат цркви. Незнам зашто толку ви смета бе. Атеисти сте вау ајде сеа како Мирко Сељак Попов ќе кажуваме дека ќе палиме цркви! И јас сум атесит ама нека прават луѓето што сакаат, нивен избор е тоа.

А за економијата, не треба они да се грижат, туку државата. Таа создава клима, народот работи во таа клима. Ама тоа е друга тема.
Знам дека е така, ако народот сака цркви нека гради цркви. Поентата ми е дека тие пари кои народот би ги донирал за оваа голема црква, би можеле да се пренаменат за нешто што навистина и реално би им донело душевен мир - да им помогнат на болни лица на кои им е потреба парична помош за операции а такви во државава ги има премногу. И МПЦ би требало да излезе со таква идеја но за жал немаме толку развиена свест да сфатиме дека нема ништо поважно од здравјето а се друго е споредно.
 
PIRATIC

diplomiran klozetar
Член од
26 јануари 2012
Мислења
7.854
Поени од реакции
6.497
Никогаш нема да ја сфатиш користа ако не си верник така што залудно е да ти објаснувам, а од друга страна пак духовната благосостојба не може ни да се објасни, сеедно дали попот ќе земе пари или не, тоа му е работа, на народот храмот нема да му шкоди.

А која е штетата па ти што си се загрижил?
Не реков дека има штета, туку реков дека нема ниту корист, ниту пак штета, туку само еден тотално непотребен кич и тоа од педесетина метри !
Во Македонија има доволно цркви и манастири за да има каде луѓето(верниците) да одат, на пр. само во Охрид и Охридско има преку 300 цркви, а слично е и по другите градови и краишта, еве на пр. во Скопјево исто така има голем број на цркви и манастири, особено во околината на градот, така да кој сака има каде да појде и да ги посети, зашто покрај веќе постоечките верски објекти, да се прават и нови и тоа гигантски од по педесетина метри !
Баш ми е гајле искрено кажано, ич не ме интересира, за тоа нека си одлучат Струмичани, во нивен град е !
Нема ниту корист, ниту пак штета, се знае од што има корист од инфраструктура од патишта, пруги, фабрики, болници, училишта, хидро-централи, термо-централи и.т.н.
Од религија не се живее, потребна е струја, вода, леб, здрави улици, автопати, пруги, квалитетно здравство и школство, нови работни места, плати... тоа е потребно, а не само кичерајство !
 
V

Vollstandig

Гостин
Не можеш ти да кажеш што е добро за народот. Ако сакаат они цркви - нека имаат цркви. Незнам зашто толку ви смета бе. Атеисти сте вау ајде сеа како Мирко Сељак Попов ќе кажуваме дека ќе палиме цркви! И јас сум атесит ама нека прават луѓето што сакаат, нивен избор е тоа.

А за економијата, не треба они да се грижат, туку државата. Таа создава клима, народот работи во таа клима. Ама тоа е друга тема.
Постото твој би бил сосема коректен кога би биле црквите, само место за верници и одржување обреди.Денес сите тие обреди и посети спаѓаат под едно име - заработка. Ако се направи некоја промена,зошто да не. Исто ти е, со секое отворање нова филијала на некоја банка е знак дека е успешна и се шири...како вирус.

Да да, сум слушнал... дури и безплатни часови за бомбаши самоубијци давале. :D
А не, тоа е за другата паралелка, со додатни часови:) Гледај на позитивната страна, ќе научиш арапски на пример... hal tatakallam al -arabija?
 
Бавча

идол на младите
Член од
25 декември 2007
Мислења
11.869
Поени од реакции
11.551
Ќе го изградат, па ќе дојдат бугарите и ќе си го присвојат.
 
Член од
24 декември 2008
Мислења
1.375
Поени од реакции
1.566
Мислам дека тој во Белград е каде каде поголем, а кај и да е ќе почне изградбата на најголемиот православен храм на Балканок, тој во Букурешт. А овој во Струмица, чим е со пари на верниците и на Црквата, зошто да не.
 
C

cige

Гостин
По по по, изгледа наредниве години ќе нема пари за нови џипови.
 
Kajgana Shop

На врв Bottom