- Член од
- 24 март 2010
- Мислења
- 15.327
- Поени од реакции
- 26.274
По речиси 18 години од осветувањето на камен темелникот на новиот соборен храм „Успение на Пресвета Богородица” во Струмица, годинава по Велигденските празници ќе започне изградбата на овој велелепен објект,кој со своите 54 метри ќе доминира на Балканот и пошироко.
Започнувањето и реализацијата на овој проект ја најави градоначалникот Зоран Заев.
- Во годината кога одбележуваме 1650 години од Светите Петнаесет Тивериполските Свеште-номаченици и 100 години од изградбата на храмот „Свети Кирил и Методи”, наш предизвик е да ја започнеме реализацијата на овој свет храм. Заедно со неговото првосвештенство г.Наум и Одборот за изградба,ја заокруживме финансиската конструкција.Храмот „Успение на Пресвета Богородица” ќе се гради според усвоениот проект и по каноните на Македонската Православна Црква, изјави Заев.
Тродимензионална видеопрезентација пред граѓаните на Струмица ќе се одржи в недела на првиот ден од Велигден,а осветувањето и започнувањето на градбата ќе биде во првата недела по Велигденските празници.
Соборниот храм „Успение на Пресвета Богородица” ќе се гради во центарот на Струмица, инвеститор е Македонската Православна Црква-Струмичка епархија и православните верници.
http://kurir.mk/republika/opstini/66132-Najgolemiot-soboren-hram-na-Balkanot-ke-se-gradi-vo-Strumica