Најавени измени во законот за увоз на автомобили

  • Креатор на темата Креатор на темата A__
  • Време на започнување Време на започнување
Немора да идеш до таму, има што праат превози со камиони по 8 автомобили за 300-500 евра зависи како ќе начекаш

А бе кола од 800 евра да поминам 6000 километри пат во двата правци да се малтретирам по огласи да трчам да се ценкам, да плаќам превози да одам по шалтери и на крај да ми излезе од 800 евра = 2000 евра

види не знам дали конкрето е овде дал читка овие теми али ја би го зел него за асистент би зел фиќо 750 кубици за 150 евра (сочувано) и за уше 1900 евра би го дотерал на 60-70 коња (да тера 160-170 и да не му треба 1ва па ни 2ра брзина) спуштено нашминкано дотерано издув 4 во 1 кренато на околу 900 кубици секој да застане да се диви и да го слика.
Попрво би возел такво отколку обично чиквеченто
И така со чиквеченто пак градска кола имаш и пак никој нема да те испули.
Вака за исти пари прикаски ќе раскажуваат за тебе.

И такво фиќо ќе троши како џип плус секој фризиран мотор трае помалку од не чепкан. Како да обрнеш ни тоа не е нај нај предлог :toe:
 
некој ќе си ја најде “среќата“:smir:
околу 2000 година,не знам кога беше најточно се изнадојсоа автомобили од германија(претежно БМВ и тоа од сите класи,фордови-ескорти и мондеа и сл....од БМВњата ни трага ни глас,ескортите се користат за кутлуци сега,останаа Мондеата,за нив секоја чест-сепак кој го има знае колку чини одржување на едно такво постаро возило
нека се донеси еднашзаконот па да видиме нови циркузи :vozbud:
 
И такво фиќо ќе троши како џип плус секој фризиран мотор трае помалку од не чепкан. Како да обрнеш ни тоа не е нај нај предлог :toe:

не мора да значи, зависи како го возиш зависи и до колу ќе одиш во преправки и фризирања.
 
не мора да значи, зависи како го возиш зависи и до колу ќе одиш во преправки и фризирања.

Абе колку и да го шминкаш Фиќото, пак лајно ќе возиш :pos2:

некој ќе си ја најде “среќата“:smir:
околу 2000 година,не знам кога беше најточно се изнадојсоа автомобили од германија(претежно БМВ и тоа од сите класи,фордови-ескорти и мондеа и сл....од БМВњата ни трага ни глас,ескортите се користат за кутлуци сега,останаа Мондеата,за нив секоја чест-сепак кој го има знае колку чини одржување на едно такво постаро возило
нека се донеси еднашзаконот па да видиме нови циркузи :vozbud:

Значи колку паметен народ сме :tapp:. Ги правиме будали европјаните затоа што возат БМВ, Опел, Ауди, Фолсваген, Мазда, Тојота... а не возат како нас Фиќо, Лада, Москвич, Фијат 1300, 101, ПЗ, Југо... Изгледа кај нив ќе треба да се сменат законите и да почнат да купуваат половни возила од кај нас :tapp::tv:
 
не мора да значи, зависи како го возиш зависи и до колу ќе одиш во преправки и фризирања.
Од 900 кубика да извадиш 70КС треба добро да се помачиш и обавензно да одиш на двогрл карбуратор (што е многу редок за овој мотор) плус зголемена компресија на коморите, проширени вентили во главата, олеснети клипови и замаец... Како и да е се што НЕГАТИВНО ќе влијае на и онака стариот мотор
 
Абе колку и да го шминкаш Фиќото, пак лајно ќе возиш :pos2:

Значи колку паметен народ сме :tapp:. Ги правиме будали европјаните затоа што возат БМВ, Опел, Ауди, Фолсваген, Мазда, Тојота... а не возат како нас Фиќо, Лада, Москвич, Фијат 1300, 101, ПЗ, Југо... Изгледа кај нив ќе треба да се сменат законите и да почнат да купуваат половни возила од кај нас :tapp::tv:

сигурно не се попаметни од нас-изградиле стандард за да можат да си доволат многу повеќе луксузи од нас,години наназад...а ти ако сметаш дека посебно ќе бидеш во ќар со нечие ѓубре шо сака да си го тргни од дворот-гадно се лажеш...дури и автомобил од автосалон да го купиш во Македонија не е истиот со тој направен за Западен пазар и нивните норми и реулативи...башка ниедна Влада не е заинтересирана конечно да ги укини или намали поконкретно давачките и да им даде едно задоволство или услови за работа со едно обично помошно средство,изградено од потрошен материјал-автомобил !!!

Од 900 кубика да извадиш 70КС треба добро да се помачиш и обавензно да одиш на двогрл карбуратор (што е многу редок за овој мотор) плус зголемена компресија на коморите, проширени вентили во главата, олеснети клипови и замаец... Како и да е се што НЕГАТИВНО ќе влијае на и онака стариот мотор

можиш да експериментираш колку сакаш со вакви стари машини-не кошта многу пари,ако немаш друга работа-нормално
 
Владата ќе дозволи увоз на автомобили со ЕВРО 1 или стари и до 16 години

Владата ќе дозволи увоз на возила стари и до 16 години, односно половни со стандарди ЕВРО 1 и ЕВРО 2. Кога одлуката ќе се донесе, во првите шест месеци ќе може да се увозуват возила со ЕВРО 1, а потоа во наредните шест години и со ЕВРО 2. Ова денеска и официјално го потврди Министерот за економија Бесими. Мерката е социјална а не економска, целта била да се овозможи граѓаните да дојдат до евтини автомобили.

Министерот за економија, Фатмир Бесими вели дека ова било таргетирано за лица што возат коли со ЕВРО 0, па ова било можност ти да ги заменат со половни достапни за нив.

Царината, акцизата, хомологацијата, ДДВ-то засега остануваат исти. Иако извори од финансии неофицијално велат, се прават анализи дали има простор за намалување на акцизите.
Сега за возила со моторот до 1000 кубни сантиметри не се наплаќа акциза. До 1500 таа изнесува 245 евра, до 2000 кубни сантиметри е 1475 евра во зависнот дали автомобилот е патнички или караван. За увоз над 3000 кубни сантиметри акцизата е 9000 евра. Увозниците сметаат дека ова е голема давачка. Побара таа да се пресметува според вредноста на возилото а не според работната зафатнина на моторот.
Со оваа мерка се гледа и можност возилата што се со странски регистарски таблички да се легализираат во земјава. Се шпекулира дека во земјава има околу 50 илјади такви возила. Со нивна легализација во буџетот може да соберат и до 50 милиони евра под претпоставка за секое возила да се наплатат 1000 евра давачки кон државата.

Колку ќе ве чини да увезете кола од странство

Колку ќе ве чини да увезете половно возило од странство? За да купите кола надвор од земјата, да ја донесете во Македонија и да ја регистрирате на македонски таблички, потребно е да исполните неколку процедури и документи. Анализиравме различни типови на автомобили. Ја земавме Бугарија од каде голем дел од македонските граѓани купуваат евтини автомобили. За автомобил со работна зафатнина на моторот од 1000 до 1500 кубни сантиметри, најпрво треба да платите царина. Таа се движи околу 1000 евра во зависност од староста и опремата на возилото. Ако имате дополнителна опрема во возилото како на пример, воздушни преничиња или клима тогаш ќе платите поголема царина. Потоа ќе платите акциза од 245 евра, според ценовникот за акцизи. Ако не ги исполнува страндардите тогаш треба да извршите и хомологација, а таа ќе ве чини околу 60 евра плус неколку илјада денари за превод на документите на македонски јазик. Вкупно ќе ве чини околу 1300 евра или отприлика слично колку и цената на возилото.
За луксузни возила над 3000 кубни сантиметри, давачките кон државата се движат од десет илјади евра па нагоре, плус цената на возилото.
По најавите на Владата дека најверојатно ќе се дозволи увоз на возила со стандардите ЕВРО 1 И 2, големите импоретри продолжуваат со својот притисок. Се обидуваат да ја убедат власта дека ова ќе биде погубно по нивниот бизнис. Денеска зад затворени врати имаа состанок со Министерот за економија Бесими. Иако првично беше најавено дека по средбата ќе има изјави за медиумите и по половина час чекање пред зградата изјавите се одложија без објаснување. Што се разговараше на средбата никој не успеа да дознае, својот став импортерите ќе го соопштат наредните денови.

Канал 5
 
сигурно не се попаметни од нас-изградиле стандард за да можат да си доволат многу повеќе луксузи од нас,години наназад...а ти ако сметаш дека посебно ќе бидеш во ќар со нечие ѓубре шо сака да си го тргни од дворот-гадно се лажеш...дури и автомобил од автосалон да го купиш во Македонија не е истиот со тој направен за Западен пазар и нивните норми и реулативи...башка ниедна Влада не е заинтересирана конечно да ги укини или намали поконкретно давачките и да им даде едно задоволство или услови за работа со едно обично помошно средство,изградено од потрошен материјал-автомобил !!!

можиш да експериментираш колку сакаш со вакви стари машини-не кошта многу пари,ако немаш друга работа-нормално

Е да, ама за нив автомобилот не е луксуз ко кај нас, туку потреба, и тоа ѓубре шо го имаат во дворот за кај нас е премија...:tapp:
 
Е да, ама за нив автомобилот не е луксуз ко кај нас, туку потреба, и тоа ѓубре шо го имаат во дворот за кај нас е премија...:tapp:

дури така размислуваме и НИЕ ќе бидиме обични ЃУПЦИ за нив ! не се бориме за подобар стандард туку ќефој сме со некое ѓубре за некое евро кое сепак не е беплатно или на подарок...ако не си добро запознаен и тие западни автопазари за добри автомобили ја држат цената,никој не ти дава солиден автомобил за џабе-како НИЕ шо ги гледаме некои си Корси и не знам какви направени за стари баби и пензионери...
 
Добро бе другар. Терај го југото и не верувај дека одлично одржани корси се наоѓаат по 500 евра низ Европа и се 3 класи подобри од истите овде. Почекај некој месец па да видиш колку коли ќе се донесат со цена како што сега одат лади, застави, југовци и пезетки во Македонија и како ќе изгледаат.
 
Добро бе се слушаш шо збораш??? Значи на запад се возат ѓубриња, а кај нас убајни :tapp: А за западните автопазари , биди сигурен дека многу добро ги познавам :helou:
 
за Југото деловите се речиси без пари-така да и тоа има свои предности...треба малку разбирање и одржување на истото за добро да те служи и со години...и не прави споредби на корса 98 со 3 врати со цитроен ц3 на пример или слични на него од 2008-9 годиште зошто нема врска,корсата од 98 нема никаква опрема на неа-имаш шасија и мотор-ништо повеќе-затоа и цената е таква дадена
кога ги гледам цените на пазар3 сигурен сум дека повеќе инает ме фаќа од тебе,само да знаеш дека спасот не е во некоја потрошена машина за некое евро помалце

Добро бе се слушаш шо збораш??? Значи на запад се возат ѓубриња, а кај нас убајни :tapp: А за западните автопазари , биди сигурен дека многу добро ги познавам :helou:
ако разбираш малце од механика-ќе знаеш дека цел автомобил е потрошен материјал

да напоменам дека за Застава имаш механичар на секој чекор и поправките не се сложени баш...вистина фабриката не се потрудила ни најмалце да го поднови и модернизира возилото цели 30 години,меѓутоа па и нашиве механичари шо се да му оставиш некој понов автомобил :tapp:
 
Кој бизнис од ова излегува луѓе не сте свесни...

Во многу региони од државите во Европа владеат посебни закони и на пример, како во Ломбардија, постојат закони кои забрануваат употреба и регистрирање на автомобили со ЕУРО 2 или ЕУРО 3. Буквално, автомобили од 98, 99 и слично мора да завршат на ѓубриште или да се продадат во други региони бидејќи едноставно им нема спас...За сопственикот постојат големи трошоци ако го прати на ѓубриште па така се обидува да го продаде за 50-100 евра да му се тргне...

Да се земат едно 50-тина до 1000 кубици автомобили од ваков регион и да се донесат со камиони овде и да се царинат до регистрација...Не мора одма да се продаваат, да се почека кога ќе заврши акцијава...со почетен капитал помеѓу 15 до 17 илјади евра (колку една нова кола од средна класа) се обезбедува замислава...Заработката.... :) 50 автомобили со цена од барем 1000 евра парче...ако не и повеќе :vozbud:

Ако некој го направи ова чекам ќебапи. Ама ќе го земеме и Лет3. Ако јас го направам ќе ги поканам сите скептици од темава на скара. :pos2:
 
за Југото деловите се речиси без пари-така да и тоа има свои предности...треба малку разбирање и одржување на истото за добро да те служи и со години...и не прави споредби на корса 98 со 3 врати со цитроен ц3 на пример или слични на него од 2008-9 годиште зошто нема врска,корсата од 98 нема никаква опрема на неа-имаш шасија и мотор-ништо повеќе-затоа и цената е таква дадена
кога ги гледам цените на пазар3 сигурен сум дека повеќе инает ме фаќа од тебе,само да знаеш дека спасот не е во некоја потрошена машина за некое евро помалце

ако разбираш малце од механика-ќе знаеш дека цел автомобил е потрошен материјал

  1. Еден ист дел на југото ќе си го менуваш на секои 5-6 месеци, а на корса од 1998 година на секои 10 години.
  2. и корсата од 1978 година има појке опрема од југото од 1998 година.
  3. јас давам до 1000 евра за кола, а ако толку сакаш да возам нова доплатими го остатокот ти.
  4. Се на овој свет е потрошен материјал. :helou:
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom