ОК, ајде да размислиме што ќе се дешава во Македонија.
Реалниот пазар.
VW ќе паднат со цените тоа е сигурно, исто и Застава.
Голф 2 би требало да се продава за 1000-1200 евра, Голф 1 до 1000, а исто толку и Заставите.
Зошто? Бидејќи за 1500-1600 евра ќе се зема VW Lupo, Polo, Citroen Saxo, Peugeot 106 (од поновите и тоа),... да не зборувам за цените меѓу 2000 и 3000 евра.
Најмногу ќе се осети тука, до 5000 евра. Нема повеќе да даваме 1200 евра за скапано 101 или Југо. Се што е застава и со а-тест плин најмногу ќе оди до 1000 евра за екстра зачувана.
Ајде да видиме што ќе се случи! Веќе има некакво заживување на pazar3 гледам. Ама така по некој оглас,два,три. Почнуваат да ги паѓаат цените.