Eве вака,...
Гледам на mobile.de, mobile.bg, avto.net, решен сум да земам Опел Корса 1.0 12V од 1997 година.
Цената е 750 евра.
SchwackeListe е недостапна. Наводно цените ги креираат од mobile.de и autoscout. Така им пишува на веб страната.
Цените се горе долу исти. Што значи се пресметува данок 2% од тоа, па според тоа следи
Цена на возилото: 750 еура
Данок 2%: 15 евра
-----------------------------
Цена+данок: 765 евра
ДДВ 18%: 138 евра
-----------------------------
Цена+данок+ДДВ = 903 евра
Трошоци: ТИВ Минхен (од каде се добива и што има во него?) = 100 евра
Хомологација (или тоа другото име за сообразност) = 100 евра
Осигурање и цол таблици (нели се добиваат во земјата од каде што тргнуваш, кога ја одјавуваш колата) = 50 евра
Регистрација (возило до 1000 кубика и 50КС) : 170 евра+25 таблици= 195 ...200 евра.
Трошоци кои се произволни и никој ги нема точно прецизирано!
Превод од словенски или бугарски (колку страни е тоа?) = 50 евра
Трошкови на шпедиција во Скопје (шо трошкови се овие?) = 50 евра
Сумата доаѓа следна
Колата: 903 евра со царина и данок
Регистрација: 200 евра
Патни трошоци (релативно од 100 до 300 евра за Бугарија и Словенија) - 150 евра
Превод,цол таблици и други документи: 300 евра
------------------------------------
Вкупно на раат да ја возите Корсата на македонски таблици околу 1500 евра!
Точна ли е математиката?! :helou:
Кабадајски муабет до тука бива. Ко небаре јас така произволно ја проценив ситуацијата. Мора некој во Битола да биди попаметен оти е поскептичен.