Најавени измени во законот за увоз на автомобили

k@z@n

RS power
Член од
3 март 2008
Мислења
997
Поени од реакции
53
Треба да е вака пример 0-1000, 1000-1500, 1500-2000, 2000 - 2000+

Можи да е така дека на сите коли т.е во сообраќајната му пишува помалце ради регистрација и др глупости како што е ова за јас да не знам,ако е 14цц му пишува 13** нешто ако е 1.5цц му пишува 14** така да ако е оваја 1.6 ке има 15**цц е сеа во која класа ќе спаѓа незнам...

Би требало во поголемата..:toe:
 
Член од
7 мај 2007
Мислења
318
Поени од реакции
99

Не бе, таа што ја пиши на сообраќајната е реалната кубикажа. Мислам дека ретко се случува да е пример 1.5цц а реалната да му е 1511цц.
 
Член од
6 декември 2007
Мислења
191
Поени од реакции
15
Не бе, таа што ја пиши на сообраќајната е реалната кубикажа. Мислам дека ретко се случува да е пример 1.5цц а реалната да му е 1511цц.
Ако моторот е 1.6 тогаш реално тој (како што пишува и во сообраќајната) е околу 159x ccm и спаѓа во групата ДО 1600 кубни сантиметри (или според законот за акциза НАД 1500 ДО 2000 ccm).

Акцизата од 245 евра е за автомобили ДО 1500 кубни сантиметри што значи дека максимум што може да си дозволиш би било на пример рено меган 1.5 dCi со 149x кубни сантиметри.
 
Член од
5 ноември 2008
Мислења
264
Поени од реакции
72
Eве вака,...

Гледам на mobile.de, mobile.bg, avto.net, решен сум да земам Опел Корса 1.0 12V од 1997 година.

Цената е 750 евра.

SchwackeListe е недостапна. Наводно цените ги креираат од mobile.de и autoscout. Така им пишува на веб страната.

Цените се горе долу исти. Што значи се пресметува данок 2% од тоа, па според тоа следи

Цена на возилото: 750 еура
Данок 2%: 15 евра
-----------------------------
Цена+данок: 765 евра
ДДВ 18%: 138 евра
-----------------------------
Цена+данок+ДДВ = 903 евра

Трошоци: ТИВ Минхен (од каде се добива и што има во него?) = 100 евра
Хомологација (или тоа другото име за сообразност) = 100 евра
Осигурање и цол таблици (нели се добиваат во земјата од каде што тргнуваш, кога ја одјавуваш колата) = 50 евра

Регистрација (возило до 1000 кубика и 50КС) : 170 евра+25 таблици= 195 ...200 евра.

Трошоци кои се произволни и никој ги нема точно прецизирано!
Превод од словенски или бугарски (колку страни е тоа?) = 50 евра
Трошкови на шпедиција во Скопје (шо трошкови се овие?) = 50 евра

Сумата доаѓа следна

Колата: 903 евра со царина и данок
Регистрација: 200 евра
Патни трошоци (релативно од 100 до 300 евра за Бугарија и Словенија) - 150 евра
Превод,цол таблици и други документи: 300 евра
------------------------------------
Вкупно на раат да ја возите Корсата на македонски таблици околу 1500 евра!

Точна ли е математиката?! :helou:

Кабадајски муабет до тука бива. Ко небаре јас така произволно ја проценив ситуацијата. Мора некој во Битола да биди попаметен оти е поскептичен. :tapp:
Не.

Се царини според каталошката вредност, а не на вредноста на фактурата.
Наплаќаат и 300 евра под ставка транспортни трошоци, без разлика како си ја донел.
Утка ти е математиката.
 
|Volkswagen|

Тастатурата е посилна од мечот!
Член од
21 јули 2009
Мислења
2.725
Поени од реакции
893
Не.

Се царини според каталошката вредност, а не на вредноста на фактурата.
Наплаќаат и 300 евра под ставка транспортни трошоци, без разлика како си ја донел.
Утка ти е математиката.
Прочитај убаво што напишав за каталогот. Дочитај го постот!

|Volkswagen| напиша:
Гледам на mobile.de, mobile.bg, avto.net, решен сум да земам Опел Корса 1.0 12V од 1997 година.

Цената е 750 евра.

SchwackeListe е недостапна. Наводно цените ги креираат од mobile.de и autoscout. Така им пишува на веб страната.

Цените се горе долу исти. Што значи се пресметува данок 2% од тоа, па според тоа следи

Цена на возилото: 750 еура
Данок 2%: 15 евра
-----------------------------
Цена+данок: 765 евра
ДДВ 18%: 138 евра
-----------------------------
Цена+данок+ДДВ = 903 евра
 
Dzish

unlike any other...
Член од
15 февруари 2007
Мислења
13.994
Поени од реакции
2.689
А ти го имаш напраено некогаш тоа на кола стара 10 години?
Jaс и татко ми, на Лада Нива од 1982 монтиравме 1.7 дизел мотор од Фиат. Сами, без ничија помош. Со напомена дека држачите на моторот не пасуваа, единствено што пасуваше беше моторот на менувачот. Па имаше преправки на ѕвоното за стартерот, преправки на држачите, преправки на ладењето (комбинација од црева и цефки), преправки на инсталацијата. Се на се со работа не повеќе од 3 часа дневно (патем без никакво искуство или било што) се монтираше моторот за 7 дена.

И ти сега сакаш да ми кажеш дека тоа изводливо е да насадиш туѓ мотор кој шо абер нема во изглед со оригиналот, а неизводливо е да го извадиш бензинецот со зафатнина 1.0 и да ставиш дизел со зафатнина 1.5 (пример кај корса?) а немаш преправки на држачи, немаш преправки на ладење (само ставаш дизелски ладилник и оригинални црева), имаш мало поддесување на електрониката?
 
deXterche

тадаммм
Член од
12 февруари 2006
Мислења
4.920
Поени од реакции
941

Нели тука треба и нови амортизери пошто дизелот е значително потежок? Па нови дискови итн?
 
|Volkswagen|

Тастатурата е посилна од мечот!
Член од
21 јули 2009
Мислења
2.725
Поени од реакции
893
Како и да е.

Има неколку работи што ме збунуваат со ова пресметката.

1) На едно место викаат 2% на друго 10% данок.
2) Данокот се пресметува според Schwackelist (Каталогот). Според ова, ако купувам Пежо 106, кое е 800 евра, и наводно каталогот го правеле според Mobile.de и Autoscout доаѓа дека 2% е едвај да речеме 15-16 евра данок. И да ми ја обисогваат 2500 евра што е надвор од памет, ќе платам 50 евра данок. Пак ништо. Како ги добиваат оние фамозни бројки за 1000 евра данок + акциза + ддв? Дајте кажете ја еднаш таа проклета процедура.
3) Документите:

1) ЕУР1
2) Хомологација
3) TUV Munchen
4) Превод
5) Шпедитерски трошоци

Цени, каде се добиваат овие документи?

За ЕУР1 не знам каде се добива и која е цената. Имаше нешто дека е 50 евра заедно со цол таблици.
Хомологација (а-тест, документ за сообразност) е 100.
TUV Munchen како се порачува, каде се порачува, за што е? - 100 евра?
Превод - колку страници се?
Шпедитерски трошоци - Колку се тие?

Ајде полно се изјаснаа дека имале увезувано коли, ајде кажете...
 
Dzish

unlike any other...
Член од
15 февруари 2007
Мислења
13.994
Поени од реакции
2.689
Нели тука треба и нови амортизери пошто дизелот е значително потежок? Па нови дискови итн?
Конкретно за Нивата не. Дизелот уствари беше 15 кила полесен од бензинецот. Така да јас си поминав на А-тест без никаков проблем, дури и ме прашуваа како успеав да го изведам мотор-менувач без плочка.

Е сега кај останатите возила незнам како е. Имам заприметено дека Фиеста од 1994 1.8 дизел (таква имам) и 1.0 бензин (имав прилика да ги споредам) не се исти во кошот. Бензинската 1.0 има послаба градба. Но, затоа се идентични со 1.4 бензин. Претпоставувам дека имаат штедено на матерјали и зацврстувања на најмалите модели. Сепак треба да се провери, бидејќи кај Голф 4, Астра Г таква работа немам заприметено.

3) Документите:

1) ЕУР1
2) Хомологација
3) TUV Munchen
4) Превод
5) Шпедитерски трошоци

Цени, каде се добиваат овие документи?

За ЕУР1 не знам каде се добива и која е цената. Имаше нешто дека е 50 евра заедно со цол таблици.
Хомологација (а-тест, документ за сообразност) е 100.
TUV Munchen како се порачува, каде се порачува, за што е? - 100 евра?
Превод - колку страници се?
Шпедитерски трошоци - Колку се тие?

Ајде полно се изјаснаа дека имале увезувано коли, ајде кажете...
Неам увезувано, (вујко ми увезуваше пред 5 години ама од тогаш се сменаа 10 пати законите). Значи данокот на возилото е 18% кој што мораш да го платиш. Царината е 2%. Прашање е на која основа ги шлепаат тие 20% се на се... дали каталошки или по тоа колку си ја купил колата. Претпоставувам дека е каталошки, бидејќи можат да ти издадат дека си ја купил колата за 70 евра во германија, ако ти си платил 900... TUF е 100 евра а се уствари технички спецификации на возилото (ширина, висина, должина, тежина бла бла бла) издадени од официјалниот завод за стандарди во Минхен, а по информации од производителот.

Цол таблите ти се 50 евра +- за 1 недела (време што е минимално за добивање цол регистрација, појќе можиш, помалце не).

Е сеа ЕУРО1, незнам што е тоа, но мислам дека се бара возилата увезени да исполнуваат ЕУРО3 стандарди за издувни гасови. Од 2000-та нагоре сите возила ги исполнуваат, а и постари од 2000, но да се бензинци. Дизелите во тоа време повеќето се со ЕУРО 2 стандард, мада има и со ЕУРО3. Најдобро е тоа да се провери пред да се купи кола.
 
A__

Супер модератор
Член од
16 март 2005
Мислења
4.823
Поени од реакции
10.067
Транслејшн? :)
Цаци цалензи бите, порше продадензи.... :)

10 евра е да го купиш. Онлајн го немам најдено...Кој има аутобилд или слично од Германија може да го има...
 
|Volkswagen|

Тастатурата е посилна од мечот!
Член од
21 јули 2009
Мислења
2.725
Поени од реакции
893
Autobild го има на нет, ама не даваат во него Schwacke... (Torrent)
 
deXterche

тадаммм
Член од
12 февруари 2006
Мислења
4.920
Поени од реакции
941
Колку би ме фатило ако донесам Форд Фокус 1.4 од Германија со новие измени?
Пример ако е 2004/5 година и го земам за 4000 евра од таму?
 
|Volkswagen|

Тастатурата е посилна од мечот!
Член од
21 јули 2009
Мислења
2.725
Поени од реакции
893
Од она што глеам, ѓаол и пол. Чисто давачки тука во Македонија. Ако не сменат нешто во врска со тоа...упм.

Рачунај. 4000 евра ако е таму, 250 акцизи, некаде 20% заедно со ДДВ - 18+2 данок и тој каталогот, значи 850 евра, па 100 евра ТУВ, 100 А-тест, 200-500 евра (ете 300) транспорт, превод 50 евра (документи), 50 евра цол табли,

Најмногу 6000 евра колата со се даноци и акцизи и регистрација.
 
Kajgana Shop

На врв Bottom