Насилство и повредени на протестот во Скопје

Статус
Затворена за нови мислења.
Член од
4 февруари 2009
Мислења
7.733
Поени од реакции
7.549
Преголема е темата да ја читам, ама на кратко да ми одговори некој ако можи. Шо беа знамињата жолтите шо ги носеја протестантите. Имат нешто врска, секта, организација ...

Иначе јас како атеист сум радикално против секаков вид на црква градење, али ако се вклопва во духот на другата инфраструктура да не е така ѓутуре шлапната, прифаќам ради естетика не ради духовност некоја.
Види вака, жолтите знамиња се всушност официјалното знаме на Грчката православна црква. Но, исто така симболот на тоа жолто знаме е стар византиски симбол кој и припаѓа на Македонија исто колку и геј-грција. Е, сега еден тип со јузрнејм ВОЛК (плус некои бројки), се истрча и лупна дека протестантите ги вееле тие знамиња, иако на клипот многу добро се гледа дека многу побројната, анти-протестантска, "верничка", "крстоносна" армија на Гвуевски ги вее тие знамиња.
И јас сум атеист, немам ништо против градење цркви, но идејата за изградба на такво нешто на сред Плоштад е смешно и..... дебилно.
Уште подебилно е тоа што се крева рака врз невини студенти кои се организирале на МИРЕН, договорен и објавен протест. Арно ама "патриотите-десничари" умешаа прсти..........
 

курајбер

млад, потентен
Член од
29 јануари 2007
Мислења
16.314
Поени од реакции
46.109
Уште подебилно е тоа што се крева рака врз невини студенти кои се организирале на МИРЕН, договорен и објавен протест. Арно ама "патриотите-десничари" умешаа прсти..........
Не го спурувај бе и ти не глуми лудило, исто како што "патриотите-десничари" така и “левите репресирани’’ умешаа прсти, ова беше куршлуз меѓу нив, старите баби и дедовци сигурно немало да маваат по вас.
 
Член од
17 јануари 2009
Мислења
677
Поени од реакции
633
Некој ја има објавата на Ивица Георгиевски на Фејсбук. Ако ја има нека ја објави да ја видам дали, пратеникот повикува на насилство или на протест за подршка на изградба на црква, кое по мене се две различни работи.Зошто од веста на а1 на која е пренесен пресот на СДС не можам да видам дали повикува на насилство врз противничкиот табор.
 
Член од
27 октомври 2008
Мислења
1.680
Поени од реакции
266
dodeka ima ovci ce ima i volna ....daj barem da izvezuvame
 

asterix_m

Регулатор
Член од
19 април 2006
Мислења
2.765
Поени од реакции
33
Некој ја има објавата на Ивица Георгиевски на Фејсбук. Ако ја има нека ја објави да ја видам дали, пратеникот повикува на насилство или на протест за подршка на изградба на црква, кое по мене се две различни работи.Зошто од веста на а1 на која е пренесен пресот на СДС не можам да видам дали повикува на насилство врз противничкиот табор.
da vase visocestvo ke se potrudime da ja najdeme i ke vi ja dostavime na uvid :smir:
 
Член од
16 август 2008
Мислења
3.293
Поени од реакции
637
http://www.vecer.com.mk/?ItemID=884179CBD4B9D0409E6BBBF592ED1B60

Нормални ли се овие бре, кај се установи дека пратеници на ВМРО се можеби вмешани во антипротестот сега и Бранко им е крив. :tapp:
Офф лелеее.

После ова фала им на Вечер што ми дадоа предлог за лек против стрес: да не ги читам воопшто нив!
 
Член од
28 март 2006
Мислења
17.695
Поени од реакции
12.109
И јас сум атеист, немам ништо против градење цркви, но идејата за изградба на такво нешто на сред Плоштад е смешно и..... дебилно.
Уште подебилно е тоа што се крева рака врз невини студенти кои се организирале на МИРЕН, договорен и објавен протест. Арно ама "патриотите-десничари" умешаа прсти..........
Точно, фино кажано.

Но и да организирала опозиција, па што. Што треба да работи опозиција? Да корегира грешки на власт. Кој друг да организира? Братучедите на премиерот? На крај краишта секој има право на таков протест, нели? Или ако е опозиција нема право? Мислам малку и самокритички треба.

Утре некој од вас да протестирате мирно па ај нека излезат момци нека ве истепаат. Како ќе се чувствувате? Како во друга земја, немајка Македонија? Тегет изи малку со насилство и самодоволност.
 
Член од
4 февруари 2009
Мислења
7.733
Поени од реакции
7.549
Не го спурувај бе и ти не глуми лудило, исто како што "патриотите-десничари" така и “левите репресирани’’ умешаа прсти, ова беше куршлуз меѓу нив, старите баби и дедовци сигурно немало да маваат по вас.
Извини вака, али у клипот кој кого прв маваше?
 

Синдикат

Мајгада?!
Член од
22 август 2005
Мислења
3.110
Поени од реакции
180
Види вака, жолтите знамиња се всушност официјалното знаме на Грчката православна црква. Но, исто така симболот на тоа жолто знаме е стар византиски симбол кој и припаѓа на Македонија исто колку и геј-грција. Е, сега еден тип со јузрнејм ВОЛК (плус некои бројки), се истрча и лупна дека протестантите ги вееле тие знамиња, иако на клипот многу добро се гледа дека многу побројната, анти-протестантска, "верничка", "крстоносна" армија на Гвуевски ги вее тие знамиња.
И јас сум атеист, немам ништо против градење цркви, но идејата за изградба на такво нешто на сред Плоштад е смешно и..... дебилно.
Уште подебилно е тоа што се крева рака врз невини студенти кои се организирале на МИРЕН, договорен и објавен протест. Арно ама "патриотите-десничари" умешаа прсти..........

Абе не сум баш запознат со инцидентот, знам некој јадел ќотек оти регуларно си протестирал, шо е во најмала рака идиотски. Само најсмешно ми е како радикалните СДС полтрони инцидентот го карактеризираат како дело на ВМРО. Мислам која политичка патетика еј, ај да тепаше полицијата стварно треба оставка по најбрза постапка министерот за внатрешни да си дај.

Сеа ова јес да не е случаен нападот, али колку шо можи да е од ВМРо инициран, толку можи и од СДС да е инициран. Фактички гледано, политички на СДС му се одразува позитивно, ВМРО во никој случај од организација на ваков напад не профитира.

И ме интересира, дали има анкета на форумот, кој е за, а кој против изградба. Да видиме како стојат работите.
 

Syn

https://www.youtube.com/watch?v=zBkuNpgACH0
Член од
23 декември 2007
Мислења
29.266
Поени од реакции
41.776
Преголема е темата да ја читам, ама на кратко да ми одговори некој ако можи. Шо беа знамињата жолтите шо ги носеја протестантите. Имат нешто врска, секта, организација ...

К


Ги видовте ли знамињата што ги носеа какви беа?
Жолти со црн двоглав орел.

Познати ви се знамињата на Грчката црква?
Говеда,
тие знамиња ги вееа тепачите.

А за инцидентот, па конечно и тоа во оваа земја споредена со Космодиск, инквизација, инквизаторско однесување кое било карактеристично за католичката црква од 17ти век .
На крај краева ширењето омраза, навреди и закани по живот не се белег на она што денес го пропагира црквата, какви ли беа тие верници кои тепаа, се закануваа по животот на млади луѓе и кои истите ги нарекуваа геј активисти . . . контрадикторни, е такви, чудно како црквата толку тивко и незаинтересирано се огради од таквите кои фрлија тон кал врз истата .

Инквизаторско однесување никогаш не било белег на православната црква да се разбереме, а тоа што се случуваше на плоштад беше ајде да го наречам, '' модерна '' инквизација, кон групата млади луѓе се гледаше како што некои на времето гледаа на " еретиците '' . . . . али хеј, на крајот сепак Земјата била тркалезна :) .

Срамота, а уште поголема срамота е што таканаречените верници ги подржаа тепачите, ги подржаа оние кои велеа дека ке заријат нож во срце на 20 годишна девојка ( ах Јанко Јанко, штета што тежиш 150 кила, неможеш да се вратиш во теглата со налепница Абортус ) . . . . . . 21 век, што е следно, штанд за бесплатен егзорцизам во центарот на Скопје, ништо чудно покрај малоумната багра што скандираше Исус, Исус ( истиот ширеше и етничка омраза а е за Црква на плоштад и се смета за верник ) . И пак не ми јасно, зашто црквата толку тивко ги осуди насилниците, зашто не беше гласна со таа осуда, зашто не им укажа дека грешат, не, истата само потенцираше, црква на плоштад . . .

Сеедно дали има политика во организирањето на овој настан, патетичен е фактот што т.н. верници '' несвесно '' фрлија тон го*на врз самите себе со таквиот начин на однесување кој од една страна никогаш не бил карактеристичен за православната црква, од друга датира од пред 4-5-6 века

п.с. Уште еднаш, 21 век . . . . nooot :kesa:
 

Песимист

Добро информиран оптимист
Член од
11 ноември 2008
Мислења
1.676
Поени од реакции
181
сами си правеме бе никој не ни е крив се тепаме се кодошеме се глупираме и на крај кривицата ја траЖеме у друг.и Шо и шо и ние дрЖава имаме трајте си на никој не кажувајте ке ни се смеат.:music5::music5::pop::pop::pop:
 
Член од
28 јануари 2005
Мислења
2.163
Поени од реакции
18
nazdravje bricenje

Осуда за инцидентите меѓу двата изборни круга
Коментари (38)


30.03.2009 20:40
Ерван Фуере


Меѓународната заедница е шокирана од ужасните слики на плоштадот. Амбасадорите на САД, ЕУ и ОБСЕ, Фуере, Рикер и Хереро, бараат виновниците за овој настан да бидат изведени пред суд.

Мирните демонстрации се основна придобивка на секоја демократија, сметаат претставниците на меѓународниот фактор во изјавата за А1.

„Сцените кои ги видов на телевизија синоќа беа ужасни. Не сме виделе такво нешто досега во Македонија. Загрижувачки е што ова се случува на ваков начин. Мислам дека не помага тоа што двете партии се обвинуваат меѓусебе. Тие мора да се погрижат за да се справат ефективно со таквиот екстремизам“, смета евроамбасадорот Ерван Фуере.

„Учесниците, кои беа многу транспарентни, кои можевме да ги видиме на телевизија, треба да бидат казнети. Ако се открие дека се активисти на која било партија, треба да бидат избркани од неа веднаш, а тие настани треба да се осудат. Мирните протести се нормален дел на секоја демократија. Вчера, во многу европски градови имаше демонстрации за други теми“, рече Фуере.


Хозе Луис Хереро


„Секако, се надевам дека она што се случи во саботата, е нешто што нема да го видиме никогаш повеќе. Зашто тоа ја покажува грдата страна на македонската политика, која не е во согласност со демократското општество. Ако луѓето сакаат да протестираат, треба да им биде дозволено да демонстрираат мирно. Против кои било прашања. А не да бидат напаѓани од разлутени толпи, што е спротивно на демократската пракса“, додаде Фуере.

„Се согласувам дека секој има право на мислење. Луѓето треба да имаат можност да ги искажат своите мислења. Но, инцидентите кои ги видовме во саботата се неприфатливи. Во целосна смисла, мислам дека општествата кои се во транзиција, како што е случајот овде, луѓето треба да направат напор за да ги одбегнуваат радикализацијата и екстремизмот“, изјави Хозе Луис Хереро, амбасадор на ОБСЕ.

„Значи, да ги заоблат малку аглите на своите мислења, за сите да придонесат во процесот кој е во тек“, додаде Хереро.

„Се согласувам со своите колеги, дека луѓето во демократско општество имаат право да се собираат и да протестираат мирно. Но, за мене е вознемирувачки и срамно дека голема група насилници, можеби неколку илјади... Луѓе, чии организатори остануваат непознати или сакаат да останат анонимни, си земаат право да употребат сила и да спречат протест против планот на владата за градење“, изјави амбасадорот на САД во Македонија Филип Рикер.


Филип Рикер


„Сите луѓе имаат право да го изразат своето мислење за овие теми и плановите на владата. Верувам дека полицијата презема активна истрага, за да ги изнесе насилниците пред лицето на правдата. Бев многу вознемирен од некои од извикувањата на омраза. Од некои расистички клевети, навреди, покажување нетолеранција“, рече Рикер.

„Нема место за нив во 21-иот век. Ниту во Македонија, која сите ја пофаливме како пример за мултиетничка толеранција. И модел кој треба да се следи во овој дел од светот. Би рекол и дека сега не е време политичките партии да го користат ова. Неодговорните изјави од кои било политички партии го поткопуваат нивниот кредибилитет“, нагласи Рикер.

„Време е да се покаже политичка зрелост, да се изнесат пред правдата одговорните за тоа, и да се дозволи мирно изразување на мислењата на луѓето во оваа демократија. Би додал нешто во врска со претходното прашање. Би сакал да слушнам и изјава од црквата, Македонската православна црква во врска со овој инцидент“, вели амбасадорот Рикер.

„Бидејќи, толпата која ги предизвика насилствата во саботата, тврди дека ја претставува црквата. Мислам дека е важно за црквата да се изјасни и да го осуди ваквото насилство од група луѓе кои тврдат дека дејствуваат во име на црквата“, додаде Филип Рикер.
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

На врв Bottom