Насилство и повредени на протестот во Скопје

Статус
Затворена за нови мислења.

realen_07

Опозиционер
Член од
12 април 2008
Мислења
3.636
Поени од реакции
134
е сега за твоиве прашања.
полицијата не мислам дека беше нема.
протестот е пријавен.
кажан е очекуваниот број на протестанти 30тина.
во сразмер на тие протестанти испратиле неколку полицајци. (колку биле 7-10 незнам)
а како тоа неми. зар требаа со пендраците и тие да почнат да тепаат.
дали знаеш дека не смеат да тепаат?

зар требало специјалци да испратат поради мирен протест.
Пријателе, погледни ја улогата на полицијата на протестот.

 
Член од
3 март 2009
Мислења
28
Поени од реакции
3
да не можи чоек да се изначуди од коментарите.според нив испадна дека во денешно време ако протестираш си сатанист,педер, анархист и шо уште не, па ако кажиш мислење против она владејачкото си бил обавензо во опозиција, ако не сакаш црква на плоштад си албанец, муслиман, муџахедин, пак педер и сл. ако речиш дека си независен во своите мислења и дека не си со ниедна партија тогаш те фатил системот, си паднал на пропагандата на опозицијата и какви уште не глупости.
па шо ако се собраа студентите да протестираат, си имаат право според уставот.шо ако некој си од некоја партија застана на протестот.зарем и тој нема право да протестира или подржи некој.шо ако има и атеисти кој не сакаат воопшто црква.зарем и тоа не е уставно право. се шо е спротивно од ова е противзаконито. и после сакаме европска унија.каде бе копуци едни бре.со селски менталитет и со ќотек за тие шо не мислат како вас сакате во европска унија.па во афричка унија да аплицираме нема да не примат.
 
Член од
7 декември 2008
Мислења
81
Поени од реакции
3
Ги гледав вестите денес, ја читам темава, и она што го гледам е страшно-дојдовме до дното.
Не сум архитект, ниту некој стручен да делам памет за архитектура и урбанизам , ама гледам на работава како обичен граѓанин. Плоштад е место каде граѓаните се собираат , отворен простор ....Како трганало со градење споменици и објекти, пред згради ќе се собираме, повеќе место ќе има. Сум за споменик на плоштадот , ама сега наштанцаа едно чудо споменици, дискутабилно осмислени...И круна на све Александар од 35 метри висина...
Се сложувам да се обноват некои старобјекти кои се урнаа во земјотресот, како враќање на духот на градот (офицерски дом, зградата на банката) ама се штанцаат објекти на „метар“ растојание. Како тргнало, ќе поминуваме на плоштад ко низ натрупан магацин...
Да се вратам на темата.Не гледам проблем некој да протестира мирно , и да го изрази своето мислење. Проблем гледам дека на најавен протест којк се одржува мирно, „спонтано“ се собра огроман маса противници, кои „спонтано“, онака по пат нашле едно чудо црковни знамиња - МПЦ + Византиски+светци, па „спонтано“ се нашол и некој поп, и им ги искршија главите, онака „спонтано“ на оние кои не мислат како нив. Во присуство на полиција. И не се знае кој тепал, кој нападнал....
Во време на Велигденски пост, „црквата“ спроведе крстоносна војна против оние кои мислат поинаку. Тепачите сигурно добиле и благослов за божјото дело...
И доста веќе Бранко и Грујо, забегавме до даска, веќе почнавме главите да си ги кршиме меѓу себе, онака „спонтано“.
Ако е пораката да не мислиме спротивно од оние што си го планираат оние на власт, сами дефинирајте во какво општество живееме....

“ГОЛЕМИОТ БРАТ ТЕ СЛЕДИ“
„СЛОБОДАТА Е РОПСТВО“
„НЕЗНАЕЊЕТО Е МОЌ“

- Џорџ Орвел „1984“
 
Член од
17 јануари 2009
Мислења
686
Поени од реакции
662
Не ми е јасно како во секуларна држава, владата гради црква.
Милчин та милчин. Човекот си е невладин, без разлика на која страна е, си тера сопствена работа.
И тема не е протестот ами Анти-протестот бидејќи секој има право кога сака,како сака да протестира.
Прво треба да ти стане јасно дека не постојат апсолутни категории, не постои апсолутно секуларна држава, не постои апсолутна демократија, апсолутна социјална држава..да не редам многу други работи, значи се треба да е во наводници. Денес и во минатото многу декларирани секуларни држави граделе верски објекти а богами и рушеле. Ова требале да ти кажат во школо, ако не таму туку во партија
Милчин е невладин- се сложувам, ама заборави да кажеш дека во моментот е невладин а долго време беше владин.
А за ова болдираново незнам што да кажам, абе апсолутно немаш право.
ПС. ако не си свесен со оваа болдираново ги оправдуваш тие што ги напаѓаш. Парадокс..а?
 

Тамарче

Ако одам во Битола..
Член од
11 јули 2007
Мислења
3.239
Поени од реакции
223
^ Манири на една битолска пуфла која се загрижила за плоштадот во Скопје :tv:
Трн?
Ајде бе, можиш ти појќе од ова.
И да размислеше малку повеќе, случајов не е поврзан само со плоштадот во Скопје.
Ама, да размислеше. Штета, а?

СОРОСОИДИТЕ, КОМУНИСТИТЕ И ЏАНКЕРИТЕ ОД 103 ГО ИСПУШИЈА

Со само 30 души на нивниот беден протест против изградба на црква овие атеистичко-сатанско-педерско-џанкерски отпушоци покажаа дека се обични шарлатани кои диригирани од Сорос кукумјавчат и работат на уништување на државата.....

И покрај целата нивна интернет машинерија излезе дека имаат повеќе сератори отколку подржувачи ....

Наспроти нив победи вистината.........Со 5000 души кои ја подржаа црквата на плоштад.....

Дали е ова дефинитивен пораз на петтата колона во Македонија???

http://stihoven_kalibar.blog.com.mk/node/219614
Ме разочара. Не го очекував ова од тебе.
 
Член од
8 април 2008
Мислења
6.419
Поени од реакции
776
Пријателе, погледни ја улогата на полицијата на протестот.
неоправдано у секој случај.
ја у никој случај не го оправдувам насилствово шо се деси вчера.
факт е и дека студентите од АрхиБригада или како и да е покрај нивните искрени намери, но поради нивната наивност се изманипулирани и искористени., јас повикувам до Серпико еве да ни објасни кој тоа и како форсирал сето ова вчера да се деси иако имале у план да биде после избори.
само не ми е јасно зошто се исполитизира.
сдсм испаднаа на пресс ти се молам Груевски тепал жени деца студенти.
смешно е тоа на оваква ситуација да трчаат по поени, без никакви факти.

и пак би те замолил да ми одговориш.
кажи ми зар реално мислиш дека вмро би подтикнал оваква глупост?
да организира тепачи?
да се бламира пред 2круг?
 
Член од
12 октомври 2007
Мислења
1.482
Поени од реакции
22
Прво треба да ти стане јасно дека не постојат апсолутни категории, не постои апсолутно секуларна држава, не постои апсолутна демократија, апсолутна социјална држава..да не редам многу други работи, значи се треба да е во наводници. Денес и во минатото многу декларирани секуларни држави граделе верски објекти а богами и рушеле. Ова требале да ти кажат во школо, ако не таму туку во партија
Милчин е невладин- се сложувам, ама заборави да кажеш дека во моментот е невладин а долго време беше владин.
А за ова болдираново незнам што да кажам, абе апсолутно немаш право.
ПС. ако не си свесен со оваа болдираново ги оправдуваш тие што ги напаѓаш. Парадокс..а?
Се согласувам за апсолутното...
А за болдираното ги оправдувам само оние кои најавено излегле на протест против било каков објект на таа локација.
 
Член од
25 август 2008
Мислења
156
Поени од реакции
5
Се работи за изградба на Македонска Православна Црква во Република Македонија..само анти-Македонци би имале против, сакале вие да признаете или не тоа е ваш проблем, чудна работа како Албанци и комуњари секогаш имаат ист став кога се работи за нешто позитивно за Македонскиот народ.
Толку страници за еден ист метод користен со децении од страна на комуњарите, провокација = реакција и послем ајдееее:drk::drk:
 

delboy

кршач на огледала
Член од
23 декември 2007
Мислења
1.358
Поени од реакции
24
Се работи за изградба на Македонска Православна Црква во Република Македонија..само анти-Македонци би имале против, сакале вие да признаете или не тоа е ваш проблем, чудно работа како Албанци и комуњари секогаш имаат ист став кога се работи за нешто позитивно за Македонскиот народ.
Толку страници за еден ист метод користен со децении од страна на комуњарите, провокација = реакција и послем ајдееее:drk::drk:
Аман, протестите не беа ПРОТИВ изградба на црква! Спорна е локацијата
 

кцхсхт

македоноид
Член од
4 февруари 2009
Мислења
341
Поени од реакции
9
Прво треба да ти стане јасно дека не постојат апсолутни категории, не постои апсолутно секуларна држава, не постои апсолутна демократија, апсолутна социјална држава..да не редам многу други работи, значи се треба да е во наводници. Денес и во минатото многу декларирани секуларни држави граделе верски објекти а богами и рушеле. Ова требале да ти кажат во школо, ако не таму туку во партија
Милчин е невладин- се сложувам, ама заборави да кажеш дека во моментот е невладин а долго време беше владин.
А за ова болдираново незнам што да кажам, абе апсолутно немаш право.
ПС. ако не си свесен со оваа болдираново ги оправдуваш тие што ги напаѓаш. Парадокс..а?
Се води погрешна дебата околу Милчин, намерно се истакнува фактот дека он бил невладин!!! Секоја институција која нема врска со влада е невладина и секој оној кој е во ваква иституција е невладин. ПРАШАЊЕТО е дали неговата активност е политичка или аполитична. Самиот факт дека неговата ФОНДАЦИЈА во последно време директно учествува во јавни критики на владата, го прави да биде политички ориентиран сакале вие да прифатите или не. Со тоа господинот е дебело навлезен во политичките води и не може така лесно да се извлекува со аргументации од типот невадин сектор. Настрана фактот дека претходно бил директно вклучен и бил член на одредена политичка гарнитура...
 

Serpico

Сковинистратор / I'm Batman
Член од
25 јануари 2007
Мислења
11.166
Поени од реакции
691
Штовани публикуме, ајде, од почеток - божем не разбирате...

Ниту тој одговор, ниту пак одговор на тоа кој организираше протест против изградба на црква.
Протест против изградба на црква незнам кој организираше, има граѓански здруженија со свои ставови и желби. Првата Архи Бригада протестираше мирно против изградба на било каков објект на таа парцела.

Ќе го спомнам Серпико, кој во еден пост рече дека јасно им ставил на знаење дека тајмингот на протестот е погрешен. Значи имал свесност за грешката што ја прават, но протестот сепак се одржал, бидејќи единствено тајмингот во сета оваа работа бил важен. Дека тие што ја (зло)употребиле иницијативата, нема да имаат никаква корист од протест кој би се одржал макар и еден ден после изборите.

Градската власт е слатка очигледно.
Тајмингот е важен, точно. Баш во предизборие е модерно да се земаат лопатите во рака и да се ископа една дупка метро на метро која ќе се нарече темел, колку фотографски да се симболизира еден чин. Да, јас стравував од текот на настаните, испадна дека сум во право - но можеби и ќе излезе нешто добро од целава ситуација - доколку ова е повод за иницирање на демократската дискусија за сите прашања во земјава.

МВР може да си земе одговорност за лошото обезбедување.

А пак останува прашањето кој ќе ја земе одговорноста за организирањето на групите?
Мора да превземе, наместо да жонглира со смешни најави за прекршочни пријави поради непостоење на редарски служби.

А одговорноста за организирање на студентите од архитектонски, ја превземаме ние, студентите. Само, направивме една грешка која не е во духот на христијанството - не го завртевме и другиот образ да ни удрат шамари. Бараме прочка за тоа...

да не се мешаа партиите и таквите како МИлчин и Јанко ќе си поминеше во мирна атмосфера протестот, а можеби и немаше да биде баш овој термин туку ќе беше во попаметно време организиран
Партиите може да се вмешаат во секоја една одлука на индивидуалец или група која за дивно чудо и не мора да е партиски определена, да си ги оствари своите уставни права. Може да се вмешаат за да искористат прилика за напаѓање или профитирање. На свеста на индивидуалецот е да процени дали се ќе прима низ биполарна партиска призма, или ќе размисли дека доколку на мој протест на плоштадот Македонија прошета Филип Рикер, тоа не значи дека Барак Обама е таен помагач на протестот. Милчин и неговите ставови ми се одвратни и мене. И што требаше да направам? Да одам и да му ја здрвам една? Да го избркам од плоштадот? Генијална теза.

И едно прашање, дали е точно дека во организацијата на протестите учествувала и ќерката на Ѓунер Исмаил?
Како што знам, ќерката на Ѓунер Исмаил е еден од членовите или поддржувачите на Прогресивен Млад Синдикат, луѓе кои одлучија да ја поддржат нашата иницијатива против изградба на објект на таа парцела. Со самото нагласување на нејзиното презиме, со цел да се даде религиозна и политичка конотација се прави најголемото зло на искрените идеи на младите архтиекти, кои се од архитектонски, урбанистички и естетски дизајн, а не како гореспоменатите.

Но, се се толкува на познат начин. Се кладам дека Бичиклиски и Макрадули можат еден прдеж на било кој граѓанин да си го припишат едни на други, како тајна политичка агенда на противникот наменета за уништување на животната средина.

46 страни...

цел ден разислувам го мотам филмот назад и никако не ми влегува дека има ДЕЧИШТА кој божем ке тераат правда затоа кј ке била црквата додека низ скопје никна обрач од џамии, згради и трговски центри без идеа и дозвола.


да се засрамитеод Охридон некогаш со 365 цркви , да се засрамите од најсиромашнине села кадеодуста двоеле за црква да направат...
50 и кусур страни, и пак за џабе, брату Македонцки. Дечиштата не може да се клонираат на 20 групи, туку може да одлучат денес и тука да започнат иницијатива. Тупаниците знаат да одвратат од понатамошно делување, како врвен дострел на една демократска средина со кинеска проминенција, но ветувам дека нема, барем кај мене. Е сега, ако пиштоли заиграат, не можам ништо...

Добро, а зошто дозволивте да ве изманипулираат и политички да го филуваат протестот?

А да не зборам што цела Македонска интернационала, толкава колкава што е, застана покрај студентите. СО КОЈ ПАМЕТ ????
Стварно бе, со кој памет застануваат на наша страна? Тепаниот си е тепан, ебаниот ебан. Ура ура ура!

За другиот дел, мислам дека веќе погоре одговорив.

Охрид моментално има повеќе од 365 цркви, Скопје се имат , само немат културни објекти, кои ќе не зацртаат како посебен народ-МАКЕДОНСКИ

ЕБАТИ МЕЛЕЗИТЕ , АМЕБИ ...

Абе не ве сфаќам , зошто сте против се добро и значајно што се прави.
Ваљда си ми сограѓанин по зборвењево и ќе ти зборвам на охридски пак. Ак си стручњак за архитектура и урбанизам зборви со мене. Ак си телогот, социолог, правник, забар, брани си некоја твоја теза шо ќе е во контекст про ет контра поставената дилема. Никој од нас не е протиф градење црква. Еднаш клај го то в гла, да го сфатиш.

Јас ваму сакам да кажам зш протестирам ко студент по архитектура, а не добивам шанса зш се размафтал со боксој некој недоручкуван обожавател на Ране и Мајкл Корлеоне.

Све експерт до експерт бе, шо народ ќе бефме...

За време на предизборие, се случува протест на студентите на архитектура?! Најдоа шходно, да после сите џамии, барикади на кеј, хотели, курварници, продавници за патики и останати работи кои го нагрдија и силоваа Скопје од шеестреча навака, тие најдоа баш вчера да се кренат на протест?! Абе ај молимте...

...
Народот јасно и гласно кажа - НЕ ГИ САКАМЕ ПРЕДАВНИЦИТЕ СДС! Претходните и овие избори го докажаа тоа! Бидете достојни македончиња и престанете еднаш засекогаш да и штетите на оваа земја за ваш личен интерес!
Пак тој СДС, СДС...лентата е расипана. Авторот на овие редови е дел од групата која кривично ги гонеше Станковиќ и Шеќеринска поради изјавите по протестот на Пела. Баба ми ми е и денес многу лута поради тоа. Живот.

Не лути ми се барем ти.

Мој личен интерес, како професионалец во изградба и млад студент со доволно години за да може да има индивидуален став и истиот да го здружи со истомисленици, верувајќи во демократското право на улица да каже што мисли, мирно и достоинствено, откако силувањето на јавниот простор зема замав, силување не во последниве месеци или години, туку минативе децении.

Зошто никој од шеестреќа навака не мрднал, ќе прашаш во Здружение на Архитекти, на мој факултет или во МАНУ, ко пример. Јас утре повторно ќе ги прашам моите професори како личности со интелектуална одговорност која не е јавно истакната и се случува ова што се случува дали боксовите, клоците и клетвите кои ги примивме поради нивниот молк ќе вредат нешто и дали конечно ќе мрднат со прст и нема да бидат политички пресирани стручњаци со фалш пропагирање затворено во доменот на училните и амфитеатрите, учење кое ги креира нашите ставови како студенти и учење кое во демократска Македонија очигледно носи ќотек.

А тоа што со дефокусирање на нашите ставови произлегоа нови моменти и прашања од општо демократски сфери, тоа е проблем со кој спроведувачите на демократија ќе мора да се справат.


Благодарам на вниманието.
 

igor108367

Dark Lord Sauron
Член од
25 јануари 2009
Мислења
2.516
Поени од реакции
113
неоправдано у секој случај.
ја у никој случај не го оправдувам насилствово шо се деси вчера.
факт е и дека студентите од АрхиБригада или како и да е покрај нивните искрени намери, но поради нивната наивност се изманипулирани и искористени., јас повикувам до Серпико еве да ни објасни кој тоа и како форсирал сето ова вчера да се деси иако имале у план да биде после избори.
само не ми е јасно зошто се исполитизира.
сдсм испаднаа на пресс ти се молам Груевски тепал жени деца студенти.
смешно е тоа на оваква ситуација да трчаат по поени, без никакви факти.

и пак би те замолил да ми одговориш.
Како тоа мислиш изманипулирани. Протестираат студенти по архитектура против градба која ќе го обезличи плоштадот. Каде е тука манипулацијата. Или можеби е манипулација за тебе тоа што им текнало пред избори да протестираат тогаш кога сите се свртени кон политичката сцена. Па се знае кога се врши најголем притисок.
Од кога ќе завршат изборите никој не ги е** можат да протестираат колку сакаат.
 
Член од
12 октомври 2007
Мислења
1.482
Поени од реакции
22
Се ви објасни Серпико!!!!!

Се води погрешна дебата околу Милчин, намерно се истакнува фактот дека он бил невладин!!! Секоја институција која нема врска со влада е невладина и секој оној кој е во ваква иституција е невладин. ПРАШАЊЕТО е дали неговата активност е политичка или аполитична. Самиот факт дека неговата ФОНДАЦИЈА во последно време директно учествува во јавни критики на владата, го прави да биде политички ориентиран сакале вие да прифатите или не. Со тоа господинот е дебело навлезен во политичките води и не може така лесно да се извлекува со аргументации од типот невадин сектор. Настрана фактот дека претходно бил директно вклучен и бил член на одредена политичка гарнитура...
А, што да прави бе, зелки ли да продава на пазарот,цццц.!
 

Serpico

Сковинистратор / I'm Batman
Член од
25 јануари 2007
Мислења
11.166
Поени од реакции
691
Како тоа мислиш изманипулирани. Протестираат студенти по архитектура против градба која ќе го обезличи плоштадот. Каде е тука манипулацијата. Или можеби е манипулација за тебе тоа што им текнало пред избори да протестираат тогаш кога сите се свртени кон политичката сцена. Па се знае кога се врши најголем притисок.
Од кога ќе завршат изборите никој не ги е** можат да протестираат колку сакаат.
Политизацијата на протестот ја даваат изјавите на тренираниот македонски ум се да гледа како шо гледа. Веднаш чим се спомене некоја граѓанска иницијатива, таа МОРА да е тајна партиска политика. Посебно интересно е што секогаш во теориите на заговор, се вклучуваат и двете најгласани партии како можни конспиратори со невидени сценарија кои се вртат по интернет дискусиите и на коперација пиво-дружењата.

Неоспорно право на граѓанинот е да го каже својот став, но треба да се биде многу внимателен, бидејќи некогаш со избрзаното реагирање, во склоп со вообичаената реалност која ја диктираат портпаролите на споменатите политички субјекти, налик на меч меѓу Сампрас и Агаси, може да наштети на елементарните права на граѓанинот, или тениски речено, топчето да удри некој во публика или надвор од теренот.
 
Член од
27 октомври 2008
Мислења
1.680
Поени од реакции
266
ve citam i se cudam kako na pamet kitite be kopita nepotkovani.... za da izvadis zakljucok za nastanot bi trebalo da prisustvuvas na samoto mesto na nastanot a ne da vleces zakljucoci od toa sto zborat po partiskite duvla.Ne go podrzuvam vakviot nacin na izkazuvanje na revolt edni kon drugi a pogotovo koga vo toa e vmesan i obicniot graganin na koj mu e preku glava od Milcin,Guner i kompanija. Citam deka vo prvite borbeni redovi od kaj napagacite bile sve seljacista i tepacite od vmro....jas prisustvuvam na mestoto(sosema slucajno se setav so decata) i tvrdam deka obicnite graganite pominuvaci bea vo prvite borbeni redovi....
protestite bea organizirani od studentite na arhitektonskiot fakultet so pomos na govedata Milcin i Guner toa e fakt no ima uste eden fakt ,a toa e faktot deka megu studentite sto protestiraa protiv lokacijata za izgradba na crkva dali 5% bea voopsto studenti no dobro si ja odigraa roljata.....
siguren sum deka organizatorite na antiprotestite gi znaea ovie raboti pa si go postavuvam prasanjeto;
cim znaevte deka e montirana rabota zasto nasednavte?
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

На врв Bottom