Струмикс
Еден...не го знаеш!
- Член од
- 9 декември 2005
- Мислења
- 13.811
- Поени од реакции
- 3.346
И да знаеш дека си ептен во право!Не брат, ако си ме читал некогаш, ќе го знаеш мојот став. Да јас ги кривам СДСМ, ГИ КРИВАМ затоа што, со своето катастрофално работење, во позиција и опозиција, ја оставија државава без опозиција. Не е тешко да имаш висок рејтинг со циркус опозиција. Па петли и кокошки да пишеа на листите ќе поминеа. Епа бачко народот си вика, боље петли и кокошки него таа багра од пред тоа. И ќе вика, и треба да вика. Епа сеа јебига, кога дојде дереџе да викаат боље тоталитаризам него СДСМ, можеме да замислиме колку се СДСМ добри.
Наместо да се фатат да сработат нешто, да ги увидат грешките, да сменат нешто во нивната партија, да направат некаква програма, тие си спас чекаат од вождот и неговата надалеку позната прљава игра која ќе треба врати на власт (Ќе видите вие сега Бане коа ќе дојде). Пак ги гледаме и ќе ги гледаме истите конспиративни интриги, со што уште повеќе се бламираат себеси и ќе го осакатуваат народот.
Како власт беа никакви, како опозиција бетер, и доаѓаме во ситуација да ја остават власта слободно распашана, што во никој случај не е добро.
Ама, СДСМ, хронично болни за власт по секоја цена, претерано арогантни, и квазиелитистички настроени, со турбо фолк култура во себе...се доведоа себеси, и што е потрагично - Македонија, во услови да нема никаков коректив на власта.
Та и Бранко ќе го враќаат...