колизе...еве дека ја спомна австралија како пример
Избувнаа расни нереди и во Австралија
Нередите уследија по нападот врз спасителите кои, биле спроведени од лица по потекло од Блискиот Исток
Телевизиска снимка од немирите во Австралија
Австралискиот премиер Џон Хауард повика на етничка и религиозна толеранција, по расните нереди што избувнаа во Сиднеј во текот на викендот. "Напаѓањето на луѓето поради нивната раса, нивниот изглед и нивната етничка припадност е неприфатливо„, наведе тој. Илјадници млади луѓе, белци, во неделата во Кронула Бич напаѓаа лица со арапско и медитеранско потекло. Во пресметките беа повредени повеќе од 30 лица, вклучувајќи и полицајци, а најмалку 16 се уапсени. Нередите уследија по минатонеделниот напад врз двајца спасители на плажа кои, наводно, биле спроведени од млади лица по потекло од Блискиот Исток.
По инцидентот почнаа да циркулираат СМС-пораки со текст со кој се охрабруваат да се одмаздат. Нивната одмазда почна во неделата попладнето кога илјадници бели момчиња се упатија кон Кронула Бич. Извикувајќи "доста ни е од Либанци„ и "Австралијци, Австралијци, Австралијци„, групите пијани млади момчиња напаѓаа секого што им изгледаше дека би можел да е од Блискиот Исток. Локалните медиуми наведуваат дека на една муслиманка Ј била оттргната марамата. Потоа насилството се прошири и на други делови од Сиднеј, со одмазднички напади од страна на групи млади момчиња од блискоисточно потекло, кои нападнаа и прободеа со нож едно лица и уништија неколку десетици автомобили. Полицијата формираше специјална единица за да ги пронајде одговорните.
Министерот за полиција на Нов Јужен Велс, Карл Скули, изјави дека проблемите се предизвикани од група неонацисти и приврзаници на движењата за супериорност на белата раса, кои ја подбуцнале пијаната толпа. "Тие лица најдобро припаѓаат на Берлин во триесеттите години на минатиот век, а не на Кронула 2005 година„, изјави Скули пред новинарите. "Насилството на бандите секогаш предизвикува гадење и секогаш ќе биде безусловно осудувано„, изјави вчера Хауард пред новинарите. Меѓутоа, тој инсистираше на тоа дека насилството што се случи во текот на викендот не сигнализира постоење подлабоки проблеми во австралиското општество. "Не прифаќам дека постои расизам во земјава„, изјави тој. "Оваа наша држава беше во состојба да апсорбира милиони луѓе од различни делови од светот во период од околу 40 години и го направивме тоа со извонреден успех„. Хауард, исто така, негираше дека владините предупредувања за постоење исламски милитанти во земјата ги поттикнале нередите. "Невозможно е да се знае како некои индивидуалци ги реагираат, но сў што има кажано оваа влада за домашниот тероризам беше во целост оправдано„, изјави тој.
Австралиската влада во неколку наврати предупреди на ризикот од тероризам на австралиска почва. Досега немаше директни големи напади во земјата, но Австралијците во последните неколку години се цел на милитантни напади во странство, а минатиот месец 18 муслимани беа уапсени во Сиднеј и во Мелбурн под обвинение за тероризам
16 октомври 2006