Насилство и повредени на протестот во Скопје

Статус
Затворена за нови мислења.

realen_07

Опозиционер
Член од
12 април 2008
Мислења
3.636
Поени од реакции
134
mi падна во очи насловот па натака не се ни мачев да читам, а и наслушнав нешто на вести.

а бе ај не заебавај!!!

Сега ќе има средба на Г8 во Лондон мислам, па да видам дали ќе се шокираат таму кога Боби ќе го наоружаат до заби!!
Преку таквото ако меџународната се шокирала... (еба им шокираните)...
Арно викаш.
Кој им е*е матер.
Кои се они на нас памет да ни солат бе!!!

Они се само едни бедни претставници на Европската унија САД и ОБСЕ :toe:
:vozbud:
 
Б

Бат Елохим

Гостин
Арно викаш.
Кој им е*е матер.
Кои се они на нас памет да ни солат бе!!!

Они се само едни бедни претставници на Европската унија САД и ОБСЕ :toe:
Не бе! Ќе се подмочуваме од радост кога ќе не пофалат, а ќе плачеме како пизди кога ќе не критикуваат...

Ако треба да се менува нешто во државава треба да биде заради нас самите!! :toe:
 

Apokalipto

Tredici
Член од
4 март 2007
Мислења
15.576
Поени од реакции
2.585
Пошто во последно време се во мода компромисите може и по ова прашање да се постигне взаемна согласност на општо задоволство.

Да баталиме цркви, џамии, синагоги и останато..... на плоштадот треба да се направи еден голем бордел, во него сите ќе влегуваат и излегуваат насмеани, во него и околу него престануваат сите расни, верски и којзнае какви се не нетрпеливости...сите се со иста мисла и иста работа таму, подобро..здравје:kesa::vozbud:

А оние што ќе осетат вина после посетата на борделот...па.... во непосредна близина имаат каде да се исповедаат.
Еден предлог... бидејќи сите посетители ќе бидат од различни религии, најарно е да направат мали монтажни исповедални, 50 денари 2 мин исповед... :toe:
 

Justice for All

Tempus fugit
Член од
17 јули 2008
Мислења
1.372
Поени од реакции
85
Не бе! Ќе се подмочуваме од радост кога ќе не пофалат, а ќе плачеме како пизди кога ќе не критикуваат...

Ако треба да се менува нешто во државава треба да биде заради нас самите!! :toe:
:pos2::pos2::pos2:
ееејј како Мирка да ја читам.
Зависиме од нив како не сфаќаш. А тој што го молиш немој да го лутиш, така?
 
Член од
4 февруари 2008
Мислења
102
Поени од реакции
1
Меѓународната заедница во шок за инцидентите на плоштад!!

Меѓународната заедница е шокирана од ужасните слики на плоштадот. Амбасадорите на САД, ЕУ и ОБСЕ, Фуере, Рикер и Хереро, бараат виновниците за овој настан да бидат изведени пред суд.

Мирните демонстрации се основна придобивка на секоја демократија, сметаат претставниците на меѓународниот фактор во изјавата за А1.

„Сцените кои ги видов на телевизија синоќа беа ужасни. Не сме виделе такво нешто досега во Македонија. Загрижувачки е што ова се случува на ваков начин. Мислам дека не помага тоа што двете партии се обвинуваат меѓусебе. Тие мора да се погрижат за да се справат ефективно со таквиот екстремизам“, смета евроамбасадорот Ерван Фуере.

„Учесниците, кои беа многу транспарентни, кои можевме да ги видиме на телевизија, треба да бидат казнети. Ако се открие дека се активисти на која било партија, треба да бидат избркани од неа веднаш, а тие настани треба да се осудат. Мирните протести се нормален дел на секоја демократија. Вчера, во многу европски градови имаше демонстрации за други теми“, рече Фуере.

„Секако, се надевам дека она што се случи во саботата, е нешто што нема да го видиме никогаш повеќе. Зашто тоа ја покажува грдата страна на македонската политика, која не е во согласност со демократското општество. Ако луѓето сакаат да протестираат, треба да им биде дозволено да демонстрираат мирно. Против кои било прашања. А не да бидат напаѓани од разлутени толпи, што е спротивно на демократската пракса“, додаде Фуере.

„Се согласувам дека секој има право на мислење. Луѓето треба да имаат можност да ги искажат своите мислења. Но, инцидентите кои ги видовме во саботата се неприфатливи. Во целосна смисла, мислам дека општествата кои се во транзиција, како што е случајот овде, луѓето треба да направат напор за да ги одбегнуваат радикализацијата и екстремизмот“, изјави Хозе Луис Хереро, амбасадор на ОБСЕ.

„Значи, да ги заоблат малку аглите на своите мислења, за сите да придонесат во процесот кој е во тек“, додаде Хереро.

„Се согласувам со своите колеги, дека луѓето во демократско општество имаат право да се собираат и да протестираат мирно. Но, за мене е вознемирувачки и срамно дека голема група насилници, можеби неколку илјади... Луѓе, чии организатори остануваат непознати или сакаат да останат анонимни, си земаат право да употребат сила и да спречат протест против планот на владата за градење“, изјави амбасадорот на САД во Македонија Филип Рикер.

„Сите луѓе имаат право да го изразат своето мислење за овие теми и плановите на владата. Верувам дека полицијата презема активна истрага, за да ги изнесе насилниците пред лицето на правдата. Бев многу вознемирен од некои од извикувањата на омраза. Од некои расистички клевети, навреди, покажување нетолеранција“, рече Рикер.

„Нема место за нив во 21-иот век. Ниту во Македонија, која сите ја пофаливме како пример за мултиетничка толеранција. И модел кој треба да се следи во овој дел од светот. Би рекол и дека сега не е време политичките партии да го користат ова. Неодговорните изјави од кои било политички партии го поткопуваат нивниот кредибилитет“, нагласи Рикер.

„Време е да се покаже политичка зрелост, да се изнесат пред правдата одговорните за тоа, и да се дозволи мирно изразување на мислењата на луѓето во оваа демократија. Би додал нешто во врска со претходното прашање. Би сакал да слушнам и изјава од црквата, Македонската православна црква во врска со овој инцидент“, вели амбасадорот Рикер.

„Бидејќи, толпата која ги предизвика насилствата во саботата, тврди дека ја претставува црквата. Мислам дека е важно за црквата да се изјасни и да го осуди ваквото насилство од група луѓе кои тврдат дека дејствуваат во име на црквата“, додаде Филип Рикер.


Линк

Градиме европска Македонија - дрн дрн јариња :tapp:

Ојдоа НАТО и ЕУ во јабана, :pos2:ете ти... а иначе и јас не сум за да се изгради црква на плоштадот, доста е изгрдено Скопје уште то му фалит
 

Мистичен

Човек
Член од
23 јануари 2005
Мислења
13.578
Поени од реакции
1.097
а бе ти Македонцки некое тешко селанче си.твоите ти купиле галички компјутер и сеа ќе се прајш демек паметен.абе оди смени ги опинците со чевли!
Баниран два дена.
 

Bratot

Стоик и Машкртник!
Член од
27 јануари 2007
Мислења
17.089
Поени од реакции
4.499
Од кој луѓе на СОРОС бе се организира анти нато протест?
Не ми одговоривте на ова.

Имаш цела тема.

Редакцијата на Нова искра заедно со повеќе антиНАТО активисти во сабота на 21 март во 14 часот во културниот центар Точка, како и еден од подвижниците на Нова искра, Ивица Антески.
Со културниот центар Точка раководи Никола Гелевски. Точка е финансирана од ФОСИМ (СОРОС) на Милчин.

Од разговорот кој го водевме ќе дознаете дека Коља иако не се приврзува за уточишта, себеси се смета за анархист, кој патем го раководи к.ц. “Точка“ поддржан од државата, а истовремено е симпатизер на левицата предводена од Радмила Шеќеринска. Неговата визија во културата е дека таа треба да се “храни“ не само од државните буџети туку и од крупниот капитал.
Ивица Антевски - анархист

Уредник во Шпиц.

http://antipunkt.blogspot.com/2005/07/blog-post.html#comments

10 причини да се отштрафи крстот на Водно

А еве негов цитат:
" Главна причина за спорот помеѓу двете држави, зборувам од македонска страна, е тоа што кај нас постојат и се реални територијалните претензии - рече Ивица Антевски"
 

SuicideMessiah

Советник
Член од
7 јули 2008
Мислења
5.564
Поени од реакции
286
Ако некогаш се изгради црквата на плоштадот Македонија, тој храм вечно ќе не потсетува на денот кога Македонија им сврте грб на слободата, на човечноста и на Бога, на денот кога Сотоната згрми од устите погани на лажни христијани, нелуѓе и насилници и кукавички замавна со тупаница по голобради и невини момчиња и девојки.
Ако некогаш се изгради тој храм посветен на култот на личноста на лицемерот Никола Груевски, на портата ќе стои еден невидлив натпис, кој сите ќе можеме да го прочитаме: "Господ Бог не живее овде".

Б. Героски
 
Член од
4 февруари 2008
Мислења
102
Поени од реакции
1
Пошто во последно време се во мода компромисите може и по ова прашање да се постигне взаемна согласност на општо задоволство.

Да баталиме цркви, џамии, синагоги и останато..... на плоштадот треба да се направи еден голем бордел, во него сите ќе влегуваат и излегуваат насмеани, во него и околу него престануваат сите расни, верски и којзнае какви се не нетрпеливости...сите се со иста мисла и иста работа таму, подобро..здравје:kesa::vozbud:

А оние што ќе осетат вина после посетата на борделот...па.... во непосредна близина имаат каде да се исповедаат.
Јас сум за:pos2:, со себап и туризам можит ќе се развиет:pos2:
 
Б

Бат Елохим

Гостин
:pos2::pos2::pos2:
ееејј како Мирка да ја читам.
Зависиме од нив како не сфаќаш. А тој што го молиш немој да го лутиш, така?
Една од ретките сум што Мирка не ја гледа, а и татко ми ќе го тепав оти даваше по 50 денари за Фокус (фикус) :) (пола галичанка сум)

а подмочување од радост ми е од на маж ми доберманот, кој место како ѕвер да лае на непознати, да се бори итн, тој се подмочуваше од радост кога ќе види некој познат!:tv:

Јас не се сложувам со тоа дека зависиме од нив. А можеби и тоа е проблемот.... До кога ќе ги молиме? До кога ти би молел некого, а при тоа да гледаш дека не те прифаќа?
 

SuicideMessiah

Советник
Член од
7 јули 2008
Мислења
5.564
Поени од реакции
286
НОВИНАР НА ШПИЦ БАРА УРИВАЊЕ НА КРСТОТ НА ВОДНО!
Ljubcho shlakashe krstovi kaj kje stigni a ovoj pak Crkvi,i den denes narodot air nema videno od crkvite,izglea tamu vo dpBne ste ja zaboravile narodnata : Nivata saka motika a ne molitva!
 

realen_07

Опозиционер
Член од
12 април 2008
Мислења
3.636
Поени од реакции
134
Не бе! Ќе се подмочуваме од радост кога ќе не пофалат, а ќе плачеме како пизди кога ќе не критикуваат...
Можеби би требало да се подмочуваме од радост коа некој ќе не претепа поради јавно искажан став ?
Ако треба да се менува нешто во државава треба да биде заради нас самите!! :toe:
А ти виде некакво менување ?
Доколку виде те молам објасни ми, во која насока е тоа менување.
 
Член од
4 јуни 2007
Мислења
2.885
Поени од реакции
189
Ако некогаш се изгради црквата на плоштадот Македонија, тој храм вечно ќе не потсетува на денот кога Македонија им сврте грб на слободата, на човечноста и на Бога, на денот кога Сотоната згрми од устите погани на лажни христијани, нелуѓе и насилници и кукавички замавна со тупаница по голобради и невини момчиња и девојки.
Ако некогаш се изгради тој храм посветен на култот на личноста на лицемерот Никола Груевски, на портата ќе стои еден невидлив натпис, кој сите ќе можеме да го прочитаме: "Господ Бог не живее овде".

Б. Героски
:pos2::pos2::pos2::pos2:
 

SuicideMessiah

Советник
Член од
7 јули 2008
Мислења
5.564
Поени од реакции
286
МВР не гледа ТВ

Vo petokot vo emisijata Jadi Burek i na svojot blog Janko Ilkovski vaka go "najavi" protestot na studentite :
Утре во 12 часот, на плоштадот во Скопје, најверојатно, збирштина од геј и атеисти ќе се обидат да шират гадости под закрила за грижа на архитектурата на градот, а против изградба на црква. По тој повод, јас утре со моето семејство излегувам во контрапротест, еден час порано, во 11 часот, со тоа да ја дадам мојата поддршка за изградба на црква на плоштадот.Во МВР немаат проблем со ова:

- Пријавен е само еден протест. Јанко може што сака да кажува на телевизија или да пишува на блог.
 

Apokalipto

Tredici
Член од
4 март 2007
Мислења
15.576
Поени од реакции
2.585
Ако некогаш се изгради црквата на плоштадот Македонија, тој храм вечно ќе не потсетува на денот кога Македонија им сврте грб на слободата, на човечноста и на Бога, на денот кога Сотоната згрми од устите погани на лажни христијани, нелуѓе и насилници и кукавички замавна со тупаница по голобради и невини момчиња и девојки.
Ако некогаш се изгради тој храм посветен на култот на личноста на лицемерот Никола Груевски, на портата ќе стои еден невидлив натпис, кој сите ќе можеме да го прочитаме: "Господ Бог не живее овде".

Б. Героски
Свети Бране библиски :pos2:
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

На врв Bottom