Насилства во Македонија

Член од
30 ноември 2007
Мислења
7.246
Поени од реакции
5.209
@Dardan-ia @puno повелете за вашата колекција на напади албанци против македонци.
Прободено 22-годишно момче пред споменикот „Филип Втори“ во Скопје
http://novamakedonija.com.mk/DetalNewsInstant.asp?vestInstant=52174
Тоа може да е и албанец.

Но во албанските медиумите веќе неколку дена се известува дека во Куманово има група на македонски хулигани кои систематски напаѓаат албанци, секој ден, но дека полицијата нити информира за случаите нити пак ги идентификувала напаѓачите, па граѓаните веќе почнаа да фејсбук да извадат слики од осомничените хулигани, а некои повикуваат да не се чека од полицијата пошто таа никогаш не ги штити албанците нити пак ги наоѓа насилниците, туку самите да им пресудат на хулиганите, што очигледно води кој влошување на мирот што го имавме во државата досега. Чим оргаите на безбедност не ги пронаоѓаат сторителите, тогаш сомничиме дека тие се и организаторите на дестабилизација.

http://lajmpress.com/lajme/maqedoni/73581-grup-huliganesh-sulmon-shqiptaret-policia-akoma-s-e-di-se-kush-jane.html

Да се потсетиме, Комити нападнаа неколкумина пред некоја недела, во Куманово во текот на месец Рамазан беа нападнати двајца браќа албанци, еве сега се известува дека секоја ноќ хулигани напаѓаат по некој албанец.

Спортски изразено, колкав е резултатот? (ете да речеме дека овој на Филип втори е македонец и токму од албанец е прободен).
 
Член од
16 април 2010
Мислења
2.557
Поени од реакции
1.502
Македонец со кашикара крена „Мерцедес“ во воздух!
16. September 2015 - 13:48



НК КР Кочани по преземени мерки до Основен Jавен обвинител поднесе кривична пријава против Б.М.(21) од Кочани поради постоење основи на сомнение дека сторил кривично дело „неовластено изработување, држење, посредување и тргување со оружје или распрскувачки материи“ и кривично дело „предизвикување општа опaсност“.

Пријавениот, соопшти денеска МВР, на 15.02.2011 година откако неовластено набавил рачна бомба кашикара постар модел со запалка од рачна бомба М-75, отишол на ул.Гоце Делчев во Кочани и во дворното место од семејната куќа на лице од Кочани позади задното лево тркало од неговото патничко моторно возило „Мерцедес“ ја поставил бомбата и употребил непозната запалива материја при што дошло до експлозија и целосно опожарување на возилото, со што предизвикал и значителна опасност за животот и телото на луѓето.

http://sitel.com.mk/makedonec-so-kashikara-krena-mercedes-vo-vozduh
 
Член од
16 април 2010
Мислења
2.557
Поени од реакции
1.502
Средношколец од Тетово со нож ограбил соученик
17. СЕПТЕМВРИ 2015 - 13:02 | МАКФАКС

Средношколец од средното текстилно училиште „Гоце Стојчевски“ во Тетово со закана со нож украл 500 денари од друг средношколец.



Инцидентот се случил во средата околу 14.30 часот, во дворот на училиштето.

Крдецот барал пари од негов соученик, но малолетникот на кој му се заканувал со нож немал пари, па неговиот другар кој бил со него му дал 500 денари на крадецот.

Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

http://kajgana.com/srednoshkolec-od-tetovo-so-nozh-ograbil-souchenik
 
Член од
16 април 2010
Мислења
2.557
Поени од реакции
1.502
22. September 2015 - 10:40

Полицаец во самоодбрана застрелал возач кој сакал да го прегази




Во Свети Николе синоќа во близина на Стопанска банка се случило убиство. Жртвата е триесетгодишен жител на Свети Николе, во кого во самоодбрана од службено оружје пукал полицаец.

Основното јавно обвинителство-Штип во врска со убиството во Свети Николе, соопшти дека го истражува настанот во кој по напад на овластено службено лице беше употребено службено оружје.

Дежурен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Штип, се наведува во соопштението, ги презема потребните дејствија за да ги расветли причините за употребата на огнено оружје од страна на полицаецот од Полициската станица Свети Николе, кој вечерта при вршење на службени дејствија со пиштол лиши од живот едно лице.

Според првичните сознанија, стои во соопштението од ЈО, полицаецот при вршење на службени дејствија, забележал возило „Лада“ кое се движело со голема брзина и велосипед кој се движел пред него. Возачот на „Ладата“, видно лут од велосипедистот поради тоа што тој се движел пред него и му пречел во движењето, го запрел возилото и започнал вербална и физичка расправија. Полицаецот пристапил, ги одвоил лицата и започнал со легитимирање на возачот на патничкото возило, кој пак давал отпор и започнал со тегнење и туркање да се спротиставува на службеното лице. Потоа, се појаснува во соопштението од ЈО, возачот седнал во возилото и започнал да го движи по патот држејќи го полицаецот за рака, влечејќи го десетина метри по патот, при што од брзината на движење полицаецот паднал на патот.

Возачот на „Ладата“, триесетгодишен жител на Свети Николе, потоа во два наврата, движејќи се по патот и вртејќи полукруг се враќал кон полицаецот обидувајќи се да го прегази. Во неговиот втор обид бил спречен од страна на полицаецот кој во полуседечка положба употребил огнено оружје и притоа му нанел огнострелна рана, од која лицето починало.

Надлежен обвинител продолжува со истражните дејствија со цел да се утврдат фактите и доказите во предметот.

http://sitel.com.mk/policaec-vo-samoodbrana-zastrelal-vozach-koj-sakal-da-go-pregazi
 

Scirea

ZARDOZ
Член од
4 август 2010
Мислења
26.925
Поени од реакции
84.203
Претепани двајца средношколци

Двајца средношколци на 15 и 16 годишна возраст биле нападнати од група од 15-тина средношколци на автобуската постојка кај Народната банка вчера околу 20 часот. Сторителите потоа се качиле во приватен автобус бр. 55 кој води до Арачиново. Автобусот е стопиран во населбата Ченто, а лицата се приведени во полициската станица во Гази Баба. Нападнатите се пренесени во Ургентниот центар, со повреди на главата и телото
 
Член од
26 јуни 2013
Мислења
3.597
Поени од реакции
14.641
петнаесетина средношколци нападнале еден 15-годишник и негов една година повозрасен пријател.

Они си прават акции и сеа само на медумиве им е досадна таа тема знаеш фаќат го искористуват настанот после го фрлат и без разлика дали и понатаму ќе има наслиства нив не ги интересира пошо тоа е више лејм иста прича ко со мигрантиве на почетокот медиумите распалува со новости информаци јавување од живо од мртво на секој 5 мин правеа упдате војска се ангажирала курци палци сеа кур не му чује иако они на ден поминуват по 4-5 иљади ама нема везе не е у ''Тренд'' да се говори така да си прават акции еве и у хемиско нашиве се плашат па блокират настава незнам што се случи ама знам беа незадоволни од тоа као се одвивала цела настава ваљда шипциве ги притискат нашиве си ќутат ако посегнат кривични планинариве као по обичај си ''Уживкат'' така да шо знам градов и не е така мирен као шо изгледа ако фатам да тегнам и да кажам дека го освојуват и Радишани уште една територија зацртана ќе избегам премногу а @Beric Dondarrion ?
 
Член од
31 јануари 2014
Мислења
5.169
Поени од реакции
2.272
Во тек е полициска акција во Арачиново. Меѓу уапсените е некојси Незири кој важел за лихвар и водач на криминална банда од Арачиново.
Да беше СДСМ на власт овој човек ќе беше одамна уапсен. Вака се сведува на спин кој треба да ги заташка покачените пензии.
 
Член од
16 април 2010
Мислења
2.557
Поени од реакции
1.502
По поразот на Албанија инциденти во Тетово - претепано едно момче, демолирано кафуле

Црна Хроника
08.10.2015 - 23:58



Најмалку едно момче е претепано вечерва во Тетово по мечот меѓу Албанија и Србија во Елбасан.

Очевидци тврдт дека поголема група влегла во тетовското кафуле Пина и почнала да го демолира. Гостите почнале да бегаат, а еден од нив се сопнал и паднал во летната бавча, по што бил нападнат од повеќе лица.

На местото пристигнла и полиција, но сеуште немаме официјала потврда од МВР за овој инцидент.

http://press24.mk/po-porazot-na-albanija-incidenti-vo-tetovo-pretepano-edno-momche-demolirano-kafule
 
Член од
30 мај 2012
Мислења
1.973
Поени од реакции
2.905
Сигурно детево ги испровоцирало и затоа било претепано ништо лошо нема во тоа што си барало тоа си добило. А за кафулево газдата ќе да бил србин. :)
#Соживот #Браќа #До #Смрт
 
Член од
12 март 2009
Мислења
19.906
Поени од реакции
15.879
За жал сите видовме дека не е така. Партиите што се на власт ги имаат во своите раце МВР - која треба да се грижи за безбедноста на граѓаните и судовите кои се надлежни за правното процесуирање на таквите случаи.
Ние видовме дека ВМРО има комплетна контрола има врз МВР (дури и цел партиски штаб имаа во МВР за време на избори), а исто така видовме и дека судијките излегуваат од шлицот на еден од двајцата лидери на ВМРО, со ќеси Сфаровски во рацете.
Од тука, зачудува како најпатриотската партија паралелно со комплетната партиска контрола врз институциите го дозволи и го дозволува, на пример ова , а и не е само тоа.
... НЕ, имаше комплетна контрола на МВР една партија, ама тоа беше пред 20-кусур години, кога бате фрле направи акција на Беат Пазар со 4-ца загинати (наводно викал и појачање од Србија)... подоцна бате бране октоподовски направи акција за симнување на странско знаме во Гостивар, имаше и апсење на градоначелник... во тој период имаше и полициска акција со загинати демонстранти, немири во врска со парауниверзитетот во малаРечица ... Арно ама дојде и 2001, па ја плативме и сметката и камата, а лошо е што поради немање сознание за национален интерес уште ја плаќаме камата, а и ни се зголемува.. сега тој истиот бате фрле , кој се истакна тогаш на Беат Пазар ни одредува дека и премиер треба да се именува по некој малцински клуч, не со избори..
 
Член од
14 април 2008
Мислења
1.257
Поени од реакции
914
... НЕ, имаше комплетна контрола на МВР една партија, ама тоа беше пред 20-кусур години, кога бате фрле направи акција на Беат Пазар со 4-ца загинати (наводно викал и појачање од Србија)... подоцна бате бране октоподовски направи акција за симнување на странско знаме во Гостивар, имаше и апсење на градоначелник... во тој период имаше и полициска акција со загинати демонстранти, немири во врска со парауниверзитетот во малаРечица ... Арно ама дојде и 2001, па ја плативме и сметката и камата, а лошо е што поради немање сознание за национален интерес уште ја плаќаме камата, а и ни се зголемува.. сега тој истиот бате фрле , кој се истакна тогаш на Беат Пазар ни одредува дека и премиер треба да се именува по некој малцински клуч, не со избори..
Не можиш да извлекуваш заклучок дека воените дејствија од 2001 година се предизвикани како одговор на полициските дејства на Бит Пазар и Мала Речица. До воените дејствија не би дошло да имавме подобро организирана држава и ако имавме подобро организирани безбедносни сили: војска и полиција. Во тој дел можеш да бараш вина кај Фрле, Бране, ЉуБчо... и другите политички и воени раководители одговорни за безбедноста.
Но и сега во голема мера ги имаме истите недостатоци и затоа и сега имаме посегнувања и нарушувања на мирот и безбедноста на национална основа. Така што и сегашните политички и воени раководители си сносат вина.
Да се надеваме дека ќе работат на отстранување на недостатоците во спротивно порано или подоцна ќе се повторат настаните можеби и на полош начин отколку 2001 година.
 

Vanlok

deus ex machina
Член од
30 мај 2009
Мислења
22.656
Поени од реакции
30.281
Џабе и сите служби да се најдобри на свет, кога најгоре во раководството се предавници.
 
Член од
16 април 2010
Мислења
2.557
Поени од реакции
1.502
Џабе и сите служби да се најдобри на свет, кога најгоре во раководството се предавници.
Се се сведе на партиско вработување, така да за да влезеш таму треба да имаш врски долги како кабел, така да кадарот е зимај плата клати врата, и чека да му заврши работното време да пише дневна белешка и да си оди дома. Така се цени квантитетот наместо квалитетот. Сега оваа партија на власт не прима потенционални професионалци кои ги има во опозиција, само заради партиската припадност и стравување да не истечат материјали како што бевме сведоци изминативе месеци. Така да ДПМНЕ и СДСМ се најлошото нешто што и се случило на Македонија од независноста, зборувајќи од акспект дека двете се виновни за растурање на безбедносниот систем, едните со партизација на кадарот, а другите со соработка со непријателски структури. Разузнавањето е најаката алатка и клучот на стабилноста на една држава, бидејќи колку повеќе си опремен со информации за агресорот толку полесна е работата на војската и полицијата.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom