Тука си грешка, мисиите на Кирил и Методиј се на почетокот на Македонската династија. Василиј, основачот на Македонската династија, бил современик на св. Кирил и Методиј. Тоа е иначе за информација Василиј Први, а не Василиј втори современикот на Самоила.
Иначе Хазарската и Моравската мисија се сосема различни мисии, со сосема различни мотиви. Моравците биле соочени со Германските свештеници кои го ширеле христијанството на Германски јазик, кој бил неразбирлив и многу тешко им идело. Но имај во предвид дека иако тоа било кратко после првата шизма во 800 година, црквата сеуште не била разделена на Првоославна и Католичка. Но сепак имало закачки со Германското свештенство, кое се жалело кај Римскиот Патријарх. Но во секој случај и во Хазарската и во Моравската мисија, од Византија се побарани свештеници. Во првиот случај од Кан Каган за презентација на Христијанството во склоп на презентации на Исламот и Јудејството, а во вториот од кнезот Ростислав, стриктно за проповедање на Христијанството на Македонски јазик, разбирлив за Моравците.
Што треба да претставува оваа мапа ? Ова е современа мапа, која е направена после втората светска војна, во која некојси напишал некои свои гледишта на работите. Од тој Аспект оваа мапа не се разликува од оние мапи кои ги презентираат на youtube кај што се гледаат фантастични исходи на третата светска војна. Ако веќе си запознаен со историја, ќе знаеше дека мапите од времето на Византија ги цртале со запад нагоре.
Еве отприлика како би изгледала една мапа изворно од тоа време:
Упс, види каде е ставена Македонија? Цел Балкан е уствари Македонија. Ете зошто разни луѓе од разни места на Балканот се нарекувале Македонци. Нема ништо од комплирцираните објаснувања зошто некој се нарекувал Македонец. Вистината е дека некој се нарекувал Македонец, затоа што бил Македонец.
Прво и основно, ниту таканареченото прво Бугарско царство, ниту второто ниту третото не се нарекувале самите себеси Бугари, ниту Вулгари. Не постои ниту еден запис што вика, „Јас Бугарскиот Цар“ или „Јас Бугарскиот Хан“. Такво нешто не постои се до 19 век, кога се создава модерната Бугарска држава. Претходно за Вулгарите дознаваме од други скромни извори, претежно Латински и Ромејски, а тоа е како биле нарекувани тие луѓе. Дури и цртежите на Скилица според мене не се релевантни пошто јас сметам дека грчкото писмо на тие цртежи е додавано подоцна. А за тоа ми збори и фактот што иако на некои делови пергаментот е бајаги оштетен писмото преку него е совршено препознатливо.
Јазикот на Аспаруховата династија, бил најверојатно Турски, како и во соседните Аварско царство на северозапад и Хазарско на Северо Исток. Но тоа не значи дека во тоа царство живееле Турци. Турците само ја владееле територијата, но не го уништиле народот. Бап напротив, со тек на време генетски се асимилирале во тој народ. Во денешно време речиси и да нема некакви траги од Аспаруховите Турци, кои не биле повеќе од 20.000 кога дошле, додека на Балканот во тоа време имало можеби на 5М народ. Аспарух ја искористил Граѓанската војна во Византија, најверојатно имал сојузници и во Балканското нехристијанско население и создал држава во која претежно живееле Македонци.
Значи не ги сваќај работите дека ако владееле Турци, автоматски народот станал Турски.
Ајде да разгледаме дали зошто во Бугарија првпат е пишано на словенско писмо во 1200 и некоја година. Значи тука веќе збориме за т.н. трето Бугарско царство, кое настанало во 13 век. Второ т.н. Бугарско Царство е Самоиловото, а за време на Самоиловото царство има неколку контроверзни Кирилски натписи. А што се однесува до т.н. прво Бугарско Царство, тоест Аспаруховото царство, таму не може да има кирилско писмо бидејќи кога е измислено Кирилското писмо од Свети Климент, т.н. прво Бугарско Царство веќе не постои. Иначе мапата што ја постирав погоре е од времето на на т.н. третото Бугарско Царство, а за чудо нигде не пишува Бугарија. Поимот BVulgaria се спомиња само во западните мапи од тоа време.