Иднината на секој ќе му биде онаква како што сам ќе си ја направи. Индивидуално е тоа. Не може тебе некој да ти каже како да го живееш животот. Има различни ситуации кога наивно запаѓаат во такво друштво сиромашни деца и стануваат крадци и најлоши во опшеството, ама сепак и самите требало да бидат свесни кон каде води тоа. Можеби на некои тоа им изгледа последен избор па затоа немаат каде... Не сум компетентна да зборувам и реков не можам да направам некоја разлика, за мене се виновни и едните и другите.Добро мислам , тие што си одгледуваат дома е само прашање на време коа ќе сфатат дека можат да заработат од тоа срање и го претворат во бизнис и ете ти пак дилери. А тие што нарачуваат преку интернет , пак треба од некој да го порачаат , што значи сепак има некој дилер од кој ги купуваат . Додека има дилери ке има и наркомани , а бидејќи не е можно да нема дилери тоа значи дека ќе има наркомани... Сеа и во иднина .... Колку ни е убава иднината ?!?!?!?!
Сањај друже, тоа никад :wink:НИ ЕДНИТЕ НИ ДРУГИТЕ ДА ГИ НЕМА ОД ПЛАНЕТАВА БИ БИЛО НАЈУБАВО мислам како шо кажа Crazy in love доколку не се дилерите да ке ги нема ни наркоманите
Oh, come on. Pick one. Џену има интересен начин да ве тера да пишете опширно.ни тоа ни ова...
+1Дилерот и наркоманот се мање више споредни у приказната.
Суштината е у државите и нивните врвови кои ја дозволуваат и имаат дебела корист од трговијата со дрога. Без нивен амин, нема да има ни дилери, ни наркомани.
Затоа, ми е страшно иронично кога државите се борат наводно против бизнисот со наркотици и наркоманите, а се самите тие главни учесници и профитери од истото.
Идентична ваква ситуација има и у трговијата со цигари, алкохол...
Се на се, самите челници на државите имаат преголема корист и од наркотиците, и од цигарите и од алкохолот, за да вистински се потрудат да ги засечат во корен.
Оттаму, залудно ми изгледа било кој да биде казнуван од истата таа држава кога се работи за ова (настрана што сум дефинитивно против смртна казна).