Bacillus gagous
Biohazardous
- Член од
- 21 јануари 2006
- Мислења
- 7.380
- Поени од реакции
- 168
Интересн напис во вечер (игнорирајте го делот каде макрадули плаче тоа е само дел од про дпмне пропагандата на вечер), кој укажува дека примањата на пратениците се намалуваат, нешто што до сега го сметав за невозможно.
А на прашањето на макрадули мојот одговор е: да треба да се замозапалите заедно со твоите колеги како од твојата партија така и со колегите од дпмне под рака.
изворВечер 12.12.2008 напиша:СЕ НАМАЛУВААТ ПРИДОНЕСИТЕ ЗА НАРОДНИТЕ ИЗБРАНИЦИ
Макрадули: Дали пратениците треба да се замозапалат?!
Се намалуваат придонесите кои пратениците ќе ги добиваат за патни трошоци, хранарина и одвоен живот, како и отпремнината за пензионирање, а парламентарците ќе добиваат и помали дневници за службените патувања. Комисијата за политички систем ги изгласа измените во законот за пратеници според кои придонесите ќе се пресметуваат според бруто платата. Наместо досегашните 40, народните избраници кои живеат надвор од Скопје, ќе добиваат надоместок за одвоен живот во висина од 30 проценти од просечната нето плата. Дневниците пак за службените патувања се намалуваат од осум на четири проценти од просечната плата исплатена во Македонија во претходните три месеци. Отпремнината за пензионирање во износ од две плати ќе се пресметува според нето-платата.
-Измените кои се предложени од Владата ќе се носат по скратена постапка и имаат за цел усогласување на овие закони со законот за придонеси од задолжително социјално осигурување кои ќе стапат на сила на 1 јануари 2009 година според кој придонесите се пресметуваат според бруто платата. Според ова дневниците треба да се намалат од осум на четири проценти, рече заменик-министерот за правда Ибрахим Ибрахим образложувајќи ги потребите за измените.
На овие измени се спротивставија пратениците од СДСМ. Јани Макрадули реагираше откако комисијата ги отфрли нивните амандмани бидејќи според него во предлогот на Владата постојат недоречености. Тој смета дека намалувањата не се оправдани.
-Се скусува од се па дури ќе се скуси и надоместокот за погребални трошоци. Дали ние пратениците треба да се замозапалиме, а во Владата цветаат рози. Не ми е јасно зошто сите молчат и зошто вакво усогласување не се прави и за министрите, рече Макрадули.
А на прашањето на макрадули мојот одговор е: да треба да се замозапалите заедно со твоите колеги како од твојата партија така и со колегите од дпмне под рака.