Намалена партиципацијата за студирање

Член од
3 декември 2007
Мислења
3.718
Поени од реакции
772
Јееееееееееееееееееееее! Браво! :je:Јес да не ми влијае на образованието, оти имам данска стипендија, ама добро е што барем малку ќе се растеретат оние семејства што имаат по два студенти. Оти, што е многу - многу е. 1 200 евра за физиотерапевт...

Иако, знам зошто е донесена.:pipi:Избори се ближат, избори се ближат.
 
Член од
15 јануари 2008
Мислења
5.041
Поени од реакции
12.034
Мене нешто со студирањево глобално не ми е во ред: систематското уништување на единствено нешто што беше барано на запад од нашите простори-токму државното образование. На времето престиж беше да студираш на приватен универзитет (во странство, кај нас немаше); во меѓувреме кај нас се сменија работиве па на цена дојдоа државните факултети поради чисто економски оријентирани приватни факултети.
Сега сме во пост-модернистичка фаза во која се се прави да се направи баланс помеѓу квалитетот и неквалитетот на образованието. Тоа што ни следува со сите овие мерки е хибридно катастрофален образовен систем. Партиципацијата е само насока за сите овие нивелирања.
 
Член од
24 јануари 2008
Мислења
1.135
Поени од реакции
140
Дали за сите важи намалена партиципацијата за студирање без разлика дали студентот запишува втора ,трета ... или пак уште не се знае колку ке плакаат студентите што запишува втора ,трета ... ?
Ептен ја направивте темава таратур не се знае кој плака и колку плака за студирање...нека одговорат само тие што знаат најточна информација.... :salut:
 
Член од
26 април 2006
Мислења
13.024
Поени од реакции
1.940

За ТИЕ ШО ЗАПИШУВААТ 2,3,4,5,6 ГОДИНА ОСТАНУВА ИСТА ЦЕНА.
ЗА НОВИТЕ БРУЦОШИ СО НАМАЛЕНИ ЦЕНИ ПОШО ТИЕ ИМААТ ПЛАВА КРВ.
 
Член од
24 јануари 2008
Мислења
1.135
Поени од реакции
140
За ТИЕ ШО ЗАПИШУВААТ 1,2,3,4,5,6 ГОДИНА ОСТАНУВА ИСТА ЦЕНА.
ЗА НОВИТЕ БРУЦОШИ СО НАМАЛЕНИ ЦЕНИ ПОШО ТИЕ ИМААТ ПЛАВА КРВ.
Од каде оваа информација? :uvo:
Јас гледав на вести каде кажува министерот за оваа тема ништо не спомна за тие што ЗАПИШУВААТ 1,2,3,4,5,6 ГОДИНА и дека ОСТАНУВА ИСТА ЦЕНА.
 
Член од
26 април 2006
Мислења
13.024
Поени од реакции
1.940
Од каде оваа информација? :uvo:
Јас гледав на вести каде кажува министерот за оваа тема ништо не спомна за тие што ЗАПИШУВААТ 1,2,3,4,5,6 ГОДИНА и дека ОСТАНУВА ИСТА ЦЕНА.
Извини грешка имав во погорниот пост БЕЗ ПРВА ГОДИНА, сите др плаќаат исто, само за новите бруцоши важат новите цени.

http://daily.mk/Kanal_5/Namalenata-participacijata-kje-vazhi-za-idnite-brucoshi/201254
 
THE_CHOSEN_ONE

1903-2012
Член од
13 август 2007
Мислења
3.724
Поени од реакции
1.333
За ТИЕ ШО ЗАПИШУВААТ 2,3,4,5,6 ГОДИНА ОСТАНУВА ИСТА ЦЕНА.
ЗА НОВИТЕ БРУЦОШИ СО НАМАЛЕНИ ЦЕНИ ПОШО ТИЕ ИМААТ ПЛАВА КРВ.
Пета и Шеста година студираат само медицинарите, не треба да ги жалиме оние кои можат да си дозволат да дадат 1200 евра за студиска година.

Останатите ќе бидат максимум 3,2 или една година "оштетени".

Законот е океј, останува уште студентите да ги пријавуваат корумпираните професори и полека но сигурно да почнеме да се движиме кон подобро.
 
Член од
28 март 2006
Мислења
17.793
Поени од реакции
12.275

Ахаа, а после кога ќе завршат ќе те одерат од мито по 1-2-3000 евра за да си ги вратат парите вложени во нивното 5-6 годишно образование :wink:
 
THE_CHOSEN_ONE

1903-2012
Член од
13 август 2007
Мислења
3.724
Поени од реакции
1.333
Ахаа, а после кога ќе завршат ќе те одерат од мито по 1-2-3000 евра за да си ги вратат парите вложени во нивното 5-6 годишно образование :wink:
Кој како се снајде :)

Медицина да студираш во Македонија е прескапа инвестиција не само поради тоа што ќе лупнеш минимум 10000 евра и што дипломата никаде не е ти е призната туку што ќе бараш пари(такозвани џапарац) од твоите родители се до својата 28 година зошто после дипломирањето се волонтира уште најмалце две години за беспари :toe:
 
Член од
24 јуни 2008
Мислења
1.705
Поени од реакции
75
Намалувањето на партиципацијата не треба да биде намалена. Ајде идеме со ред. Фала на опомена, за многу години нека е и ти да си дочекаш.

1.Ова со да умре козата на комшијата обвинување најтешко ме погоди, озбилно. На тема кај што треба објективно да се согледаат работите на краток и долг рок, добивам одговори од ваков тип, као ,,нема бе тоа е Македонче, менталитет јбг’’. Не бе, тие шо го пишавте ова вие сте тој менталитет. Тоа е тој прост менталитет се да се прифаќа безрезервно шо е наложено ,,од горе, од Владата’’. Навика останата од социјализмот. Навика што тивко ја убива слободната мисла. Полесно е да мислиш дека некој ја мисли за тебе наместо, ти за себе самиот.

2. На краток рок ова е евтин популизам. Матурантите да речат ,,Мм супер, топ влада’’ со рачето ќе заокружат ВМРО-ДПМНЕ на избори. Па ќе се јават првоборци, шо сеа се прва па ќе почната да се бунат, тие се бетер прости, пошо се борат за право кое никаде не постои. Како едни, така други, уше па и неуставно било. Многу знаете шо е неуставно! Немате право да барате намалување на партиципацијата, кривете го татко ви ја шо ја пелснал маја ви година порано, иамјте семејни расправии ако сакате ради тоа, тоа не е воопшто валиден аргумент.

3. На долг рок: намален квалитет на факултетот, невозможност за унапредување на условите за студирање кои и сега се лоши, прибирање на лош кадар ниско вреднуван кој ќе биде задоволен и со ниска плата, вештачка конкуренција продуцирана од напливот,, дипломирани’’, од тој наплив дипломирани 80% невработени и пак армија незадоволници.

4. Бенеамата не туку ми линкај Устав, личиш на сајбер-руки шо научил да линка па сеа среќен шо научил нешо ново и цело време го прави. Нешо ко папагал коа вика ,,АЛО АЛО АЛО’’. Сум видел и боље од нашиов Устав. Ти реков, си ставил право на образование. Значи образование може да се толкува и како да идеш на тренизи по пливање или фудбал, како основно средно, високо, ама сигурно не САМО како високо, како шо ти го употреби. Кој има пари ќе студира, кој нема, немора. Никој не го обврзува, не го задолжува, а ако ти е за тоа нема ни да го зафркава. Кој е паемтен а нема пари,ни неговите мжат да го спонзорираат нека го употреби паметот и нека напраи пари. Simple as that. Неможе, е тоа веќе не занима нити држава нити други граѓани. Солидарност, fuck it!
Мали ја претера ... џабе татко ти дава пари за ти да се образуваш и џабе чекал долго време за да ја плесне мајка ти кога треба, пак ја утнал, требало уште еднаш да го измава.
Кога од таквите како тебе утре ќе станат професори и доктори и академци и тн ... тогаш сеуште нема да чини ниту образованието , ниту здравството , ниту МАНУ ... капираш зошто нели ?
И подобри го Македонскиот јазик, барем за на форум :wink:
 
Член од
14 август 2008
Мислења
2.441
Поени од реакции
1.013

Горе-доле е во право.
 
Член од
27 ноември 2007
Мислења
619
Поени од реакции
45

Секој пост ти е ја поддржувам Владата. Ти се тоа така прифаќаш шо ќе напраи Владата, нити аргументираш, нити ништо. Може сеа да се јави администраторот и да опомени.
Спомнуваш МАНУ, акадмеци, доктори и професори... Комплексаш низаеден моеш да сонуваш да бидеш почитуван колку нив. Аха биле кодоши, работеле за САНУ, бре бре и да биле обични клошари ко тебе можат да ги оцрнуваат коа ќе биде тоа потврдено дека било така а до тогаш вакви коооперациски поенти и муабети од скеле, немој. Немој, бе стари.

Образованието нема да чини затоаш што: намалена партиципација>намален буџет>намалени плати за професори>препуштање на нискоквалификувани предавачи>одлив на професори на приватни факултети> намалени инвестиции во подобрување на условите за студирање>армија ,,дипломирани’’>150 конкуренти за 10 работни места>невработеност>пораст на ионака огромната корупција. Одлично за секој што не и сака добро на земјава. Кој донесе одлукава? Владата? Кој е уствари Владата Грујоо(извинте али вие си го створивте буквално да биде чоек Влада) Зашто? Зашто мора да се оддолжи на Бојо Андрески-газдата на приватниот Европски Универзитет. Затоа што Вечер е местото каде цветаат рози во Македонија. Сеа јасно ви е какви мрачни позадини има оваа ,,генијална’’ одлука?
 
Како се предвиде на што гледаше на грав на ориз.. ? :pos:
Инаку да знаеш дека 90% од професорите земаат пари од учебниците по нивните предмети кои им ги продаваат на студентите и им кажуваат дека мора да се купи дека демек имало пишано нешто ново вонив дека не биле исти со минатата година ..дека морало да се купат . Цената од една книга е околу 600/800 денари зависи по кој предмет можи и да има и поскапи ако сум грешка нека ме поправи некој....пресметај ја математиката на колку студенти му предава и колку вкупно пари зема професорот само од учебникот од еден семестар и тоа.
Ние досега никогаш немавме квалитето образование и нема ништо ново да има во квалитетот и послем новата намалена партиципација за студирање затоа што професорите си ги гледаат своите приватни работи ... на некои фалкутети се појавуваат два пати во семестар.... се брзаат да стасаат од еден фалкултет во друг така што се набрзина ти предаваат не објаснуваат добро т.е никој не ти го кажува занаетот не те учи не сака да му бидеш конкуренција во бизнисот. :toe:
 
Член од
14 август 2008
Мислења
2.441
Поени од реакции
1.013
Искрено, е*ати таквиот студент што не купува (и не ги задржува понатаму) свои учебници; знаењето треба да се обновува и по завршувањето на студиите, а секој интелектуалец да има сопствена библиотека, барем од струката.
 
Член од
24 ноември 2009
Мислења
370
Поени од реакции
710
Искрено, е*ати таквиот студент што не купува (и не ги задржува понатаму) свои учебници; знаењето треба да се обновува и по завршувањето на студиите, а секој интелектуалец да има сопствена библиотека, барем од струката.
Вака кога те читам изгледа најокеј и би пишала agree.
Aма кога би знаел колку предмети а и книги имам кои врска немаат со струката ми - рече студентка која нема продадено ниедна книга :/
 
Kajgana Shop

На врв Bottom