Парите во посиромашна држава имаат поголема вредност. Ова е една од работите кој никој не ја сваќа,или несака да ја свати.Знам дека тие 80 евра имаат поголема вредност,ама ако си во странска држава тогаш тие пари ти вредат исто колку и денарите во Мк.
На пример,со Германска плата ќе преживееш еден месец во Германија исто како и Македонска плата за месец во Македонија.Од првин на сите им е чудно и гледаат големи бројки...1500 евра наспроти тука 250 евра.Ама не гледаат дека и едната и другата плата до крајот на месецот нема да им стаса.Зборам ако се живее нормален човечки живот.
Никој од Германија нема да си дозволи луксузен стан или луксузна кола исто како и тука...а кога ќе отидат на одмор...е тогаш замисли дека ќе си поминат многу помизерно од Македонецот бидејќи цело време ќе плачат дека е скапо и ќе штедат...
Ах,речиси заборавив,ако во странство толку е убаво,зошто тогаш сеуште им постои зборот СКАПО
--- надополнето: 16 јули 2012 во 02:59 ---
ГАСТЕРБАЈТЕР=УБЕР ТАКСИСТ
Да не беше ти , требаше некој од нас да глуми како тебе , за да има повеќе дебатирање на темава
Но ти почна да претераш.
Да продолжиме.
Нели нашите во Германија чистат клозети и рабатат физички работи ?
Најголем дел од македонските граѓани во Македонија работаат токму физички работи , односно Преработувачка индустрија и Земјоделство.
А платите во Преработувачката индустрија и земјоделство , жими тој дека се 250 евра.
И официјално општо во сите сектори ,
45% од македонските граѓани земаат плата пониска од
14.000 (Државен завод за статистика).
20% земаат плата пониска од
10.000 денари.
Социјална помош 40 евра.
Кирија , повели најди ми кирија под 150 евра.
Повели троши струја под 2000 денари , вода и ѓубре под 500 денари.
Како тоа биле исто 1500 евра германски и 250 евра македонски.
Ти со твите 2.5 евра се возиш во автобус во кој ти дува од сите страни (многу граѓани лежеле в'болница) ... а швабата со своите 15 евра се вози во најнов автобус со сите стандарди.
Ти се возиш по калдрма а тој во автопат со 8 ленти.
Ти со 250 евра не можеш да се издржуваш себеси , а тој не само што се издржува себеси , туку го издржува и братот и родителите во Македонија.
Тој со своите 1500 евра може да купи мерцедес од фабрика ... а ти одиш му ја собираш неговата ѓубрата , велејќи : Еееееј какви автомобили во Германија по бадијала цена ... ама мајката лоповска ... повише ми кошта царинењето во Македонија него колата.
Значи ти и јас ем возиме германско ѓубре , ем поскапо ни искача.
Ти со твоите 250 евра идеш во Грција и велиш евтино е ... замисли колку поевтино му е на Германецот со своите 1500 евра. Или сепак во Грција за германците важат други цени, а?
Ти со твоите 250 евра купуваш SQMY батерии , а тој SONY.
И тој од Германија се чуди зошто во Македонија некои производи се поскапи (не дека за нив се скапи) ... ама тие не знаат дека цело пиље ние јадиме само во свечености, односно почесто јадат тие што не работат во преработувачка индустрија.
Што ќе купиш пиле од 200 денари ... оди купи Бразилски батаци од 70 денари , од воените резерви на Бразил , од 1971ва.
Нашите каматни стапки се лихварски , а нивните Мајко Терезски.
О ти , како може мојот роднина на млади години да ми рече , дали 80.000 евра се доволни да ја реновирам куќата во Македонија ? А јас да му речам , можеш нова куќа да изградиш.
80.000 евра / 150 евра = 44 години
44 години треба македонскиот граѓанин да работи за тие пари.
Ако им е толку тесно во Германија и Швајцарија што едвај преживуваат ... како тоа имаат пари за да изградат куќи , купуваат станови и дуќани ва Македонија.
Нели требаше да ги чуваат парите за луксузирање таму , да излезат малце по дискотеки.
Замисли кој живот живеат печалбарите чистејќи клозети (што не е точно) ... спореди само со нашите кои чистат клозети.
Тој печалбарот од Германија веќе денеска може да се врати во Македонија и со тие пари што ги спечалил да живее во евтината и најболјата Македонија.