- Член од
- 24 април 2008
- Мислења
- 11.007
- Поени од реакции
- 12.485
Самиот текст најубаво ги објаснува насловот и причините за истиот, поради што останувам без коментар.
Но сепак ја отворам темава бидејќи ме интересираат ставовите на останатите членови на форумов од типот на:
- Зошто ?
- Дали е неизбежно ?
- Што треба да се превземе за да се спречи ?
И се разбира:
- Кои се главните виновници ?
http://www.kapital.mk/mk/makedonija/86365/nad_230_000_makedonski_gragjani_se_iseleni_od_1998_godina_dosega.aspx
Над 230.000 македонски граѓани се иселени од 1998 година досега
Но сепак ја отворам темава бидејќи ме интересираат ставовите на останатите членови на форумов од типот на:
- Зошто ?
- Дали е неизбежно ?
- Што треба да се превземе за да се спречи ?
И се разбира:
- Кои се главните виновници ?
http://www.kapital.mk/mk/makedonija/86365/nad_230_000_makedonski_gragjani_se_iseleni_od_1998_godina_dosega.aspx
Над 230.000 македонски граѓани се иселени од 1998 година досега
Објавено 13 јули 2012, 14:09
Тоа е повеќе од 10% од населението во државата. Податоците кои ексклузивно ги анализира „Капитал“ покажуваат дека само во земјите на ЕУ во моментот живеат 176.423 македонски граѓани со привремен престој. Од нив најголем број се во Италија, 78.048. Според официјалните податоци, за една деценија вкупно 56.506 Македонци добиле странско државјанство
Повеќе од 230.000 македонски граѓани се иселиле од земјава од 1998 до 2011 година во Европската унија и во САД. Тоа е повеќе од 10% од населението во државата. Податоците кои ексклузивно ги анализира „Капитал“ покажуваат дека само во земјите на Европската унија во моментот живеат 176.423 македонски граѓани со привремен престој. Од нив најголем број се во Италија, 78.048, потоа во Германија 58.007, во Австрија 15.698, во Словенија 9.511...
Од 1998 година, државјанство во САД стекнале 6.378 Македонци. Според официјалните податоци, за една деценија вкупно 56.506 Македонци добиле странско државјанство. Дури 11.444 Македонци се трајно иселени во Германија, а потоа следува Австрија, каде што државјанство добиле 6.070 Македонци. Потоа следуваат Белгија, каде што се издадени 2.726 државјанства на македонски граѓани, Шведска со 2.833, Италија со 2.610, Словенија со 1.726 и Велика Британија со 1.376 пасоши за македонски државјани. Бугарски пасош добиле 18.533 Македонци.
Ова покажува дека иселувањето од Македонија е големо и застрашувачко. Немањето работа, безбедносната нестабилност и лошите услови за живот се клучните причини за иселување.
Професорот Драган Тевдовски од Економскиот факултет во Скопје смета дека никој не е свесен и целосно не може да ги согледа последиците од она што се случува со миграцијата.
„Трагедија. Едноставно тоа & се случува на земјава со одлив на младото население. Државата треба да сфати дека не само што губи идни ресурси туку и губи средства кои ги инвестирала во развојот и во образованието на тие млади луѓе. Бидејќи очигледно емиграцијата не запира, на долг рок ќе се соочиме не само со демографско стареење на населението, туку со екстремност на целосно стара држава, која ќе почива на пензионери и на ништо друго“, констатира професор Тевдовски.
И професорот Славе Ристевски е со сличен став и не е оптимист во врска со демографската иднина на државава. Тој се повикува на меѓународни истражувања, кои покажуваат уште повчудовидувачки податоци.
„Најверојатно ќе се остварат црните претпоставки на САД и на Светската банка дека до 2030 година Македонија ќе има одвај 1.800.000 жители. Ако се знае дека овој процес кај нас се одвива во последниве неколку децении, не треба да н$ зачуди ако за 10 години, од кога не е одржан попис, не сме загубиле добар дел од градското население од внатрешноста на земјава“, вели Ристевски.
Од здруженијата на иселеници се свесни за состојбата и велат дека странското државјанство во секој случај е поатрактивно од домашното.
Софија Стефковска, поранешен генерален секретар на Матица на иселеници, вели дека уште поголема болка од фактот дека македонските граѓани се иселуваат е кој дел од населението најмногу се иселува.
„Интелектуалците, цутот на македонската држава во најголем дел бараат работа во странство. Навистина лоша слика е да се види завршен студент на нашите универзитети како послужува пијачки во САД, бидејќи условите на Запад налагаат да не се пребира работа. Точно е дека дел од нив подоцна ќе успеат во кариерата, но Македонија во секој случај губи со иселувањето“, заклучува Стефковска.
Што им нуди Западот, а не можат да го најдат во Македонија?
Италија е земја во која во моментов привремено престојуваат 78.048 македонски граѓани, а 2.610 се стекнале со граѓанско право во последниве 10 години. Најмногу се застапени Македонци од дебарскиот, кочанскиот и од виничкиот крај. Од локалната самоуправа на овие места ги детектираат причините кои ги носат нивните сограѓани во оваа држава.
Ратко Димитровски, градоначалник на Кочани и стопанственик, вели дека улога во иселувањето играат и безбедносната состојба и квалитетот на живот, но можноста за наоѓање работно место сепак е пресудна.
„Јасно е дека економските услови најмногу ја поттикнуваат емиграцијата. Нашите сограѓани се поттикнати од позитивни примери на некои луѓе кои успеале и, во немање друг излез, решаваат да си ја пробаат среќата. Тоа се случува без прекини во последниве 20 години. Ако моите сеќавања се точни, првите случаи почнаа за време на бегањето од регрутација во ЈНА во 1991 година, а сестраната економско-политичка криза оттогаш наваму само го потхранува процесот“, вели Димитровски.
Или Мирзо од општина Дебар вели дека се селат цели семејства.
„Едноставен одговор е дека Италија им нуди работа на иселеници, нешто што Македонија во изминатиов период не можеше да им го понуди. За луѓето од нашиот крај емиграцијата е начин за да се преживее. Има секакви случаи, во последно време се селат и цели семејства. Но, бидејќи ги познавам луѓето, добро знам дека доколку им се обезбедат услови, не подобри туку блиски на оние во Италија, никој не би се селел“, потенцира Мирзо.
Не се бираат средства за да се дојде до странско државјанство
Македонците со привремен регулиран или нерегулиран престој на Запад живеат со постојана опсесија за стекнување државјанство. Ова го потврдува секој наш земјак кој ја поминал голготата за стекнување каков било странски пасош. Поради ограниченоста и постојаната несигурност што им ја наметнува статусот на привремен престој, Македонците по секоја цена се трудат што побрзо да се стекнат со државјанство за нив и за нивните фамилии во земјите во кои престојуваат.
„Се склучуваат фиктивни бракови, се запишуваат на непостоечки универзитети, најмуваат адвокати и советници. Важно е да се остане ден повеќе на саканата дестинација. Во никој случај не велам дека кој било од овие луѓе не ја сака Македонија ама едноставно засега туѓиот пасош им е билет за подобар живот“, заклучува Стефковска.