Надворешни односи на Македонија

Член од
14 август 2006
Мислења
45.420
Поени од реакции
84.758
Свет
За амбасадорот на САД, во Македонија живеат Словени и Албанци
Во Македонија живеат мнозинство Словени и малцинство етнички Албанци. Со ваква негација на постоењето на македонскиот народ, новиот американски амбасадор Џес Липинкот Бејли доаѓа на служба во Република Македонија

Наследникот на Пол Волерс, оваа опасна теза ја искажа пред три дена, на испрашувањето во Комитетот за надворешни односи на САД по повод неговото испраќање на служба во Скопје, јавува МИА.

Најпрво, целата провокација ја започна сенаторот Крис Марфи, претседавач со Комитетот во рамки на американскиот Сенат и член на Демократската партија, со прашањето упатено кон Бејли:

- Допревте некои неодамнешни загрижувачки работи во врска со етничките тензии во однос на македонското етничко помирување како клучен елемент за долготраен регионален мир на Балканот. Имате словенско мнозинство и албанско малцинство и извештаи за растечки тензии, а се споменува и Охридскиот договор, запраша сенаторот Марфи.

На ова, Бејли со одговор дека Рамковниот договор ставил крај на граѓанскиот конфликт и донел активно учество на албанското малцинство во владеењето со земјата.

Сепак, она што сериозно треба да не загрижи, но и да предизвика реакција на македонскиот политички врв е неговиот следен став:

- Во структурата на македонското општество има повеќе од Словени и Албанци. Има Турци, Роми и други, па ова е микро начин за богатството на Балканот и да се спои целото ова население во заедничка иднина. Мислам дека САД може да одигра важна улога, поради своја историја и свој сет на вредности, ќе рече Бејли, чии акредитивни писма за амбасадорување во Македонија, наскоро треба да ги прими македонскиот претседател Ѓорге Иванов.

Она што загрижува е податокот дека со идентичен став, дека во нашата држава живее мнозинско население на Словени, а не Македонци, заедно со најбројна малцинска заедница на етнички Албанци, пред повеќе од една година во Европскиот парламент се јави и амбасадорот на Европската унија во Македонија, Аиво Орав. При тој настап пред Комитетот за надворешни работи (АФЕТ) на Европарламентот, Орав повеќепати го употреби терминот Словени и Славо-Македонци за македонскиот народ, што предизвика жестоки реакции во македонското општество, но и остри протестни ноти од македонскиот државен врв.

Иако САД ја признава Република Македонија под нејзиното уставно име, ова е доказ дека и тие, како и Грција и Бугарија, но и Европската унија, се почесто негираат постоење на македонски народ. Идентитетот на маса во преговорите го стави и германската кенцеларка Ангела Меркел минатиот месец, па сето ова уште повеќе ја влошува можноста од било какво решение меѓу Скопје и Атина.

Испрашувањето на амбасадорот Бејли може да се погледне на линкот: http://www.foreign.senate.gov/hearings/nomination-09-17-14 (конкретното прашање од сенаторот Марфи и одговорот на Бејли може да се забележат во 48:30 минута и во 51:08 минута на линкот)
 
LordDragonII

Dr.Strangelove
Член од
15 август 2008
Мислења
10.995
Поени од реакции
5.726
Шо не ја прекрстите темава во Надворешни неодноси...

И кој мајндфак ни го праат демек треба да избереме име, шознам изгледа некој глуп (од тие вработените со книшка) од комитето заборавил да избере име или го изгубил документот од матично, кој Том Круз... Муабетов е дека проблемот со името се појави во 5 за 12, пред НАТО и ЕУ.

Познато е кон што се цели; едната варијанта е да сме вазал на САД (но да не сме ни во ЕУ и НАТО) а другата е Македонија да не постои како суверена држава (и западот и истокот целат кон тоа; се оди кон конфедерација, кантони Илирија - западна агенда, Шопија-Малепшево - источна агенда итн).

Најдобро е да се прогласи неутралност, и да имаме армија под цивилна контрола и на крај уствари од почеток радикални промени во уставниот и правниот поредок.
 
Член од
13 јули 2006
Мислења
15.479
Поени од реакции
18.504

Не заебавај, ќе видиш што ќе му направиме кога ќе можеме да употребиме не порпорционална сила како Америве во Ирак.

Па уште кога браќава руси ќе испратат доброволци и оружје, кај ние е крајот во новата крстоносна војна на чело со Русија.
 
Член од
14 август 2006
Мислења
45.420
Поени од реакции
84.758

LordDragonII

Dr.Strangelove
Член од
15 август 2008
Мислења
10.995
Поени од реакции
5.726
Член од
24 март 2010
Мислења
15.339
Поени од реакции
26.307
Истражување: 81 отсто од граѓаните се за членство во НАТО, 63 за ЕУ

http://vesti.mk/news/3782993/istrazhuvanje-81-otsto-od-gragjanite-se-za-chlenstvo-vo-nato-63-za-eu
Овде има и игра со прашањата. Верувам дека 100% од луѓето би одговориле да на прашањето дали сакате да поседувате авион, ама таа бројка тешко дека би била и 1% доколку прашањето е дали би купиле авион. Нешто слично е и овде.

Ама и покрај тоа, бројките од маргината 95-99% се сведени на 60-65, што значи дека темата ЕУ и НАТО ја губи употребната вредност.
 
Член од
22 јануари 2005
Мислења
1.644
Поени од реакции
1.677
Доволно е да тргнеш од старата логика дека тоа што ти го посакува непријателот, не е добро за тебе. Или обратно, таму каде што непријателот не сака да бидеш е точно таму каде што треба да си.

Во меѓувреме поранешниот преговарач за името со изјави кои инсуинираат дека можеби на некој му одговара статус кво-то.

Димитров : „Античката приказна ни прави проблеми дома и надвор“

http://lokalno.mk/dimitrov-antichkata-prikazna-ni-pravi-problemi-doma-nadvor/

"...не само што немаме таков лусксуз да правиме вакви крупни грешки, туку мораме и во другиов дел каде е потешко да имаме многу почиста приказна. Античката приказна не држи ниту теориски, ниту историски, дома прави конфузија, им помага на најголемите шовинисти во Грција во однос на Македонија и ги збунува пријателите – третите држави“ – изјави Димитров
 
Член од
18 јануари 2011
Мислења
1.605
Поени од реакции
748
Ова влада кога сака да им се додворува на Русија или на Србија тогаш одма се активира словенската политика, односно дека биле само словени, а кога нема потреба за Русија или за Србија, тогаш одма се активира античката погубна политика..:facepalm: И тоа и ако што денешните македонци немаат никаква врска со Александровата цивилизација..
 
Член од
25 јуни 2007
Мислења
2.307
Поени од реакции
1.134

Без да навлагам дали имаме врска со Антички или какви и да е Македонци, најголема глупост што направивме што некој намерно или ненамерно ја направи таа поделба на Антички или Словенски македонци. Како и сите народи така и ние имаме право до некаде да се повикуваме на наследство на луѓето што живееле на овие простори. А директно повикување кон античките народи имаме право колку и сите други држави, т.е. многу мало. Бидејќи поимањето на нацијата во денешна смисла за народите тогаш било тотално непознато.
 
Bratot

Стоик и Машкртник!
Член од
27 јануари 2007
Мислења
17.089
Поени од реакции
4.499
Ова влада кога сака да им се додворува на Русија или на Србија тогаш одма се активира словенската политика, односно дека биле само словени, а кога нема потреба за Русија или за Србија, тогаш одма се активира античката погубна политика..:facepalm: И тоа и ако што денешните македонци немаат никаква врска со Александровата цивилизација..
Името во Уставот, симболите, античкото 16 крако знаме беа донесени од една друга Влада, која судејќи според ова има еднаков однос кон суштинските историски теми како и денешната Влада, која денеска и не зазема нималку друг став отколку тој истиот во 1991-92.
Подеднаквото застапување на сите периоди од македонската историја, не смее да претставува прашање на дневна политика туку основно човеково право на целосно изучување без политичко манипулирање со иземање на одредници кои не се согласуваат со моменталните политички преференции на мала група индивидуалци.

Историските прашања, треба да се решаваат преку академски дискусии и научни соочувања со противмислениците, а не со надворешно политички и економски притисоци за издејствување сила врз неистомислениците.

Замисли, според истиот принцип, останатите држави да се судираат и блокираат поради различни или конкурентски теоретски правци, учења,школи, научни дефиниции и истражувачки резултати во било кои академски сфери.

Затоа поштеди не’ од поуки кој со кого имал историска врска, на тема каде дискутираме за политика.[DOUBLEPOST=1416444631][/DOUBLEPOST]
Доволно е да тргнеш од старата логика дека тоа што ти го посакува непријателот, не е добро за тебе. Или обратно, таму каде што непријателот не сака да бидеш е точно таму каде што треба да си.
Во меѓувреме поранешниот преговарач за името со изјави кои инсуинираат дека можеби на некој му одговара статус кво-то.

Димитров : „Античката приказна ни прави проблеми дома и надвор“

http://lokalno.mk/dimitrov-antichkata-prikazna-ni-pravi-problemi-doma-nadvor/
http://lokalno.mk/dimitrov-antichkata-prikazna-ni-pravi-problemi-doma-nadvor/
"...не само што немаме таков лусксуз да правиме вакви крупни грешки, туку мораме и во другиов дел каде е потешко да имаме многу почиста приказна. Античката приказна не држи ниту теориски, ниту историски, дома прави конфузија, им помага на најголемите шовинисти во Грција во однос на Македонија и ги збунува пријателите – третите држави“ – изјави Димитров
Одамна имам речено дека целта на Грција со “историските“ прашања е да го сврти вниманието подалеку од вистинскиот проблем.
Отварање на вакво прашање кое датира од пред 23 века, кое повеќе од јасно никогаш нема да се реши едногласно, служи за исцрпување на нашата енергија и дефокусирање од реалниот проблем за кој Грците не сакаат да разговараат - малцинствата и нивните права во Грција.

Лошото е што кај нас мнозинството се фокусира на тоа што не треба, при што не велам дека треба да се откажеме од било кои историски ставови, туку не би требало воопшто да дискутираме за тоа, ниту пак презасилено да ги промовираме во прилог на обвинувањата на лажно импровизираниот “историски“ спор, во кој самите го храниме противникот и самите се оддалечуваме од реалниот проблем кој Грција го прикрива.
 
Последно уредено:

Bratot

Стоик и Машкртник!
Член од
27 јануари 2007
Мислења
17.089
Поени од реакции
4.499
Државниот врв воздржано го поддржува нацифашизмот

КАКВА Е НАДВОРЕШНАТА ПОЛИТИКА НА РМ?

На 21 ноември 2014 година Собранието на Обединетите нации донесе резолуција со која државите се обврзуваат на политички акции што ќе ја оневозможат хероизацијата на нацизмот, неонацизмот, дискриминацијата и ксенофобијата. За текстот на резолуцијата, која се заснова на темелните акти на ООН, сите донесени при нејзиното основање, а по Втората светска војна и кои ги пишуваа победниците над фашизмот и нацизмот, гласаа 115 држави. Воздржани беа 55, а против резолуцијата гласаа само три држави: САД, Канада и Украина.
Државите што платија најголем цех со бројот на човечки жртви во војната со фашизмот, како Русија, Израел, Србија, Црна Гора, гласаа за резолуцијата. Ги испочитуваа и своите мртви, но застанаа и во отворена одбрана на својата антифашистичка историја и традиција. За жал, Македонија преку својот претставник, кој слепо ги следи препораките на актуелниот државен врв (Владата, преку МНР, шефот на државата и законодавниот дом, Собранието), избра да биде тивок политички партнер на новите, ама и на старите појавни облици на најморбидниот античовечки политичко-идеолошки модел на организација. Решија меко да нѐ фашизираат. Од овој момент постои само една непознаница: кога, колку и со кои субјекти ќе биде пополнет досега празниот нацифашистички простор во Република Македонија? И, секако, на кој 9 мај (како Ден на ЕУ) низ македонската триумфална капија ќе пројдат единиците на здружените неонацистички единици за брзо распоредување од Балтикот до Атика.

http://www.novamakedonija.com.mk/NewsDetal.asp?vest=1128141722163&id=9&prilog=0&setIzdanie=23335
 
Kajgana Shop

На врв Bottom