Надворешни односи на Македонија

Vanlok

deus ex machina
Член од
30 мај 2009
Мислења
25.752
Поени од реакции
34.007
Интервју на американскиот амбасадор Пол Волтерс, за Алсат.
http://www.youtube.com/watch?v=w0V2NRECo2E

Интересно е како ova интервју доаѓа непосредно по откажувањето на гасоводот Јужен Поток, и навестувањата за негова алтернатива преку Труција, Грција, и ... Македонија, пред да продолжи на север.
Мислам дека многу може да се разбере од анализа „меѓу редовите„ од зборувањето на амбасадорот Волтерс.
Ќе се обидам да направам еден мој личен осврт, практично коментар и посочување на делови од интервјуто.

Волтерс претставниокот на земјата каде масовната меинстрим медија објавува вести и мислења засновани на интернет содржини од социјалните медиуми, ги критикува македонските медиуми. Со право се разбира, ама без интегритет... американските меинстрим медиуми не се пообјективни од нашите.
http://www.youtube.com/watch?v=w0V2NRECo2E#t=531

Амбасадорот се дрзнува да арбитрира дека „електоратот нема доверба во владата„, што за воља на вистината е... вистина, но вистина е и дека тоа истото важи ама баш за сите влади од поновата историја на државава. Кога тоа ние овде сме имале доверба во власта, па сеедно кој и да бил во владата во одредено време.
Нејсе, тоа што фасцинира е директното мешање на амбасадорот во внатрешните работи на една суверена држава.
http://www.youtube.com/watch?v=w0V2NRECo2E#t=620

Пасивно-агресивен настап на амбасадорот кој лесно се воочуваат закани со засилување на ентничките тензии... ако не се работи повеќе и постојано на „дијалогот„ меѓу Македонците и Албанците.
http://www.youtube.com/watch?v=w0V2NRECo2E#t=727

„Како да се подобрат односите меѓу Македонците и Албанците„, го прашуваат претставникот на страната која директно ги контролира меѓуетничките односи во државата:
http://www.youtube.com/watch?v=w0V2NRECo2E#t=852

Лицемерниот новинар прави директна споредба меѓу петкратното ѕверско убиство на деца кај Смилковци, и вандализмот во Ѓорче Петров (кој беше одговор на уште едно убиство на млад живот). И одговорот на амбасадорот, дека проблемот е во довербата во институциите, демек таа доверба ги натерала убијците да убијат 5 деца:
http://www.youtube.com/watch?v=w0V2NRECo2E#t=1010

Амбасадорот ни препорачува да го усвоиме холандскиот метод, и џихадистите од ИСИС да ги дочекуваме со згрижување и психијатриска помош, вработување и слично. Економски и социјално да ги одвратиме од идеи и желби за сечење глави во Левантот:
http://www.youtube.com/watch?v=w0V2NRECo2E#t=1497

Албанскиот новинар понатаму го прашува амбасадорот на САД, како македонскиот народ да ја прифати реалноста дека функцијата на претседател на државата треба да биде Албанец, и без подршка од мнозинството на граѓаните во државата. Волтерс одговара дека, да тоа е реалноста, иако во принцип тие ахем... не се мешаат во внатрешните работи на други држави па не може тоа да го коментира (иако со првите зборови токму тоа и го направи):
http://www.youtube.com/watch?v=w0V2NRECo2E#t=1640

Критики зошто државата не ивестира доволно во регионите каде живеат Албанци, што било коментар и на Нуланд (пошто нели во тие области редовно се плаќаат даноци и сметки за струја и за се друго, и сега државата треба повеќе да инвестира назад).
http://www.youtube.com/watch?v=w0V2NRECo2E#t=1876

Еден од бисерите на интервјуто, каде се коментира потребата да се смени името и како за „мал компромис во името, народот ќе добиел благосостојба, изобилие и среќен живот„. Немало да не бидеме Македонци ако државата не се викала Македонија. :)
Ете гледате, еден Албанец и еден Американец седнаа на маса и веднаш го решија проблемот. Ќе сме го сменеле името, а ние внатре во нас ние ќе сме знаеле што сме:
http://www.youtube.com/watch?v=w0V2NRECo2E#t=2063

И за крај, секако тоа што најмногу ги боли Албанците во тековните актуелни геополитички настани. Не коментирам понатаму, погледајте сами:
http://www.youtube.com/watch?v=w0V2NRECo2E#t=2227
 
jamajka

mode: Calm
Член од
28 април 2007
Мислења
19.498
Поени од реакции
27.317
Интервју на американскиот амбасадор Пол Волтерс, за Алсат.
http://www.youtube.com/watch?v=w0V2NRECo2E

И за крај, секако тоа што најмногу ги боли Албанците во тековните актуелни геополитички настани. Не коментирам понатаму, погледајте сами:
http://www.youtube.com/watch?v=w0V2NRECo2E#t=2227
Искрено во една ваква консталација на светската политика, не верувам дека западот ќе го користи Албанското прашање кога би решил да ја дестабилизира Македонија. Тоа би било крајно непродуктивно за нив. Албанците во едно такво сценарио би требало да се дел од решението, поточно конструктивен фактор, а не дел од проблемите на Македонскиот народ.

Јас типувам дека фактор на дестабилизација ќе бидат брадите, кои во последните 25 години се инструмент во рацете на западната „цивилизација“, кои го проектираат и проблемот и решението.
 
А

Атлантист

Гостин
Не ни се допаѓа некој од надвор да ни биде медијатор, но самите дозволивме да се промени етничката структура на државата уште за време на СФРЈ, ова сега е само последица. Така да нема потреба некој од надвор да не дестабилизира кога ние сме самите нестабилна држава.
НАТО ни е потребен да го држи конфликтот замрзнат, кога ќе си заминат војната ќе продолжи.
 
Vanlok

deus ex machina
Член од
30 мај 2009
Мислења
25.752
Поени од реакции
34.007
Напротив, етнички судир никогаш немаше да има... ако однадвор не го распалија и разгореа истот.
Се разбира дека има гориво за да продолжи да гори самостојно, но само лицемер нема да се согласи со фактот дека оганот на војната сам од себе не се запали.

Во Македонија, од обичните секојдневни луѓе никогаш ниту имало, ниту ќе има желби за судир и етнички немири. Не зборувам за поединци, туку за народот.
Сега состојбата е донекаде изменета, но сето тоа е последица од увезениот судир во состојба која нам ни беше наметната однадвор.

Искрено ве жалам вас подржувачите на „западот„.
Со каква ли силна когнитивна дисонанца се судирате постојано и постојано.

Од една страна: желба (или платена потреба?) за верба во нереалните западни вредности за демократија и добронамерност за нас и за целото човештво.
Од друга страна: реалноста која е се повидлива дури и за лаиците.
Реалност која недвосмислено и непорекливо вели дека токму „западот„ е главен сојузник на тие што го прават нашиот најголем проблем за стабилноста и мирот во државава.

Ајде, ако можете. Коментирајте го позитивно интервјуто на американскиот амбасадор Пол Волтерс.
Ама коментирајте го искрено и патриотски, без раснење на носот... :cautious:
http://www.youtube.com/watch?v=w0V2NRECo2E
 
Член од
13 јули 2006
Мислења
15.443
Поени од реакции
18.431

Проблемот е во тоа што гледаш на работите од погрешна перспектива.
 
А

Атлантист

Гостин
Да некој друг ни е крив, тое е вообичаено оправдување. Уште на почетокот на 90-тите првата Албанска партија организираше референдум за Илирида, се разбира бојкотираше и устав и референдум итн. А што се овие партии бирани од "обичите и секојдневни" Албанци, ако не нивни политички представници.
Џабе ќе се натегаме, проблемот постоел и ќе постои со или без Американците, со тенденција на влошување, затоа што етничката мапа постојано се менува на наша штета, не може а да не се рефлектира на нивните амбиции за понатамошно редефинирање на државата.
Позитивно е само тоа што со замрзнување на конфликтот добивме на време да промениме нешто кај нас, а може и ќе добиеме некоја шанса да се извлечеме, што би можело да биде тешко е да се каже, можеби и нив ќе ги зафати некаква депопулација, селење во ЕУ, итн.
 
Vanlok

deus ex machina
Член од
30 мај 2009
Мислења
25.752
Поени од реакции
34.007
Когнитивната дисонанца е заебана работа, а?

Ако САД наводно ни се пријатели и партнери, но ги подржуваат, вооружуваат и обучуваат нашите внатрешни непријатели... тогаш тоа мора да е за наше добро, така?
 
А

Атлантист

Гостин
Ајде, ако можете. Коментирајте го позитивно интервјуто на американскиот амбасадор Пол Волтерс.
Ама коментирајте го искрено и патриотски, без раснење на носот... :cautious:
http://www.youtube.com/watch?v=w0V2NRECo2E
Што има ова да се коментира, дал интервју за албански медиум и албанска публика, а типов е политичар, да било интервјуто на сител веројатно ќе било нешто сосема поинаку. Слично како оној од ЕУ кој за 24 саати даде 2 различни изјави овде и во Грција за проблемот со името.[DOUBLEPOST=1417967683][/DOUBLEPOST]
Когнитивната дисонанца е заебана работа, а?

Ако САД наводно ни се пријатели и партнери, но ги подржуваат, вооружуваат и обучуваат нашите внатрешни непријатели... тогаш тоа мора да е за наше добро, така?
Види, никого не поддржуваат, посредници се за мир во куќа.
 
Член од
6 декември 2014
Мислења
10
Поени од реакции
17
Когнитивната дисонанца е заебана работа, а?

Ако САД наводно ни се пријатели и партнери, но ги подржуваат, вооружуваат и обучуваат нашите внатрешни непријатели... тогаш тоа мора да е за наше добро, така?
Ти имаш крајно наивна, да не кажам детска претстава за меѓународната политика, во која според тебе постојат добри и лоши момци. Не е ова каубојски филм. Надворешната политика на САД е многу стабилна категорија, профилирана од страна на трустови на мозоци. Таа не се менува ниту со менувањето на администрацијата во Белата Куќа. Единствена страна која таа политика ја зафаќа е сопствената страна. Во таа игра, умешноста на политичарите во малите и безначајни држави како нашата е да ја препознаат насоката на интерес на големите сили, и од тоа да извлечат корист за себе. Тоа на албанците им успеа, па сега на Балканот од неписмено племе станаа народ со две и пол држави.

Инаку, да сакаат САД Македонија да ја нема, овој беден изговор за држава ќе исчезне во рок од еден месец.
 
?

..........

Гостин
Драма во грчка режија се случувала и на маргините на последниот НАТО состанок во Брисел поради користењето на нашето уставно име во завршната Декларација, јавува дописникот на Нетпрес од Атина.

На демонстративното напуштање на состанокот од страна на шефот на грчката дипломатија Евангелос Венизелос му претходеле брканици и убедувања со американскиот колега Џон Кери, на паузите од состанокот. Според весникот „Парон“, грчкиот министер Евангелос Венизелос го „бркал“ американскиот колега Џон Кери на паузите за да го убедува и да му ја објаснува грчката позиција, но ова завршило без успех и со резултат навредлив за Грција.

- Ова е еден од ретките случаи кога наместо „Скопје“ да биде исклучено од меѓународната соработка, Грција беше принудена да замине за да не мора да седне на иста маса со Македонија, која што овој пат со благослов од Соединетите Американски Држави го потпиша текстот од Декларацијата заедно со 58 други земји”, се вели во текстот на „Парон“.

Дел од „вината“ за ваквиот исход од состанокот на Алијансата, „Парон“ го лоцира во грчката амбасада во Вашингтон затоа што не го најавила овој потег на Американците.

- Веројатно, никогаш нема да се случи да ви се јават од Стејт Департментот за да ви ја објаснат својата политика и да ви откријат што ќе прават во врска со Грција, коментира „Парон“, додавајќи дека Американците по инструкции на Стејт Департментот во Декларацијата ја запишале ПЈРМ како Македонија, изненадувајќи го Венизелос кој што предходно не бил информиран за ова.

Весникот открива дека Венизелос се соочил со многу непријатно искуство за него и неговата земја, кога одеднаш се нашол соочен со целосно непријателска американска дипломатија на НАТО состанокот од високо значење.
 
Vanlok

deus ex machina
Член од
30 мај 2009
Мислења
25.752
Поени од реакции
34.007
Драма во грчка режија се случувала и на маргините на последниот НАТО состанок во Брисел поради користењето на нашето уставно име во завршната Декларација, јавува дописникот на Нетпрес од Атина.

На демонстративното напуштање на состанокот од страна на шефот на грчката дипломатија Евангелос Венизелос му претходеле брканици и убедувања со американскиот колега Џон Кери, на паузите од состанокот. Според весникот „Парон“, грчкиот министер Евангелос Венизелос го „бркал“ американскиот колега Џон Кери на паузите за да го убедува и да му ја објаснува грчката позиција, но ова завршило без успех и со резултат навредлив за Грција.
Mногу очекувано од САД. Јасна порака на Грција, поповод претстојните одлуки за гасоводот Јужен поток, за кој Грција ќе треба да одлучи дали ќе земе учество во изграбата и дали ќе се спротиставни на ЕУ (поточно на САД).

Ако не слушаат Грците, ќе се активира македонското прашање на нивна штета. Уште еден пример како САД ги употребуваат нерешените соседски прашања меѓу балканските држави, како leverage во корист на своите цели. (се извинувам за англискиот збор, нека ме едуцира некој ако знае македонска алтернативна замена)

Ние во оваа игра никако не можеме активно да влијаеме, не користат како пасивна закана за Грција.
Не дека би било лошо за нас да извлечеме некоја корист од ова. Но зачленувањето во НАТО не го гледам како корисно од ниеден аспект, посебно не пред извесно можен воен судир меѓу НАТО и Русија (плус евентуални сојузници).

Никако не ми се допаѓаат актуелниве настани, посебно не во комбинација со шпекулациите дека Балканот може да биде идно ново бојно поле за прокси војна меѓу САД и РФ.
 
Bratot

Стоик и Машкртник!
Член од
27 јануари 2007
Мислења
17.089
Поени од реакции
4.499
Комедија, Грциве ќе направат дипломатски проблем затоа што некој студент парт-тајм административец во САД пишал Македонија без дополнување. Голема победа за Македонија :aplauz: одма сите на насловни сега.
 
Vanlok

deus ex machina
Член од
30 мај 2009
Мислења
25.752
Поени од реакции
34.007
Не би рекол дека насловувањето е случајно. Не во време на актуелност на новата алтернатива за положбата на гасоводот Јужен Поток низ Грција
 
Член од
23 март 2005
Мислења
284
Поени од реакции
133

Kajgana Shop

На врв Bottom