Надворешни односи на Македонија

Член од
20 септември 2011
Мислења
8.146
Поени од реакции
8.544
@Vanlok

Mожеби американциве даваат пари за невладини организации кои се залагаат за човекови права, но очигледно е дека нема ефект од тие пари.
Случајот на исклучените од Топлификација е пример за најгрубо газање на човековите права, Топлификација е криминал.Да се се присилуваат исклучените да се вклучат, да се казнуваат ако не сакаат да се вклучат, за да на криминалците од Топлификација им се обезбеди три милиона евра секоја година од исклучените е срамно кршење на човековите права. Целата власт е крената против исклучените., за да им се обезбеди на арамиите од Топлификација тие милиони крадени евра.
Ниту една невладина организација не е страна на исклучените.
 
Член од
24 март 2010
Мислења
15.286
Поени од реакции
26.168
САД ќе дадат 4,5 милиони долари за „граѓаните“ во Македонија.
Оваа сума на пари до пред 10тина години буквално можеше да промени власт и да диктира политика до последна запирка.

Во последниве неколку години и кај нас, а и во регионот во целост, тоа стана многу поскапо, така да, оваа сума сега е доволна само да ги нахранат гракачите и толку. Дури нема ни доволно пари за да ги заменат потрошените и тотално нерелевантните со нови.
 
Vanlok

deus ex machina
Член од
30 мај 2009
Мислења
25.752
Поени од реакции
34.008
@Inglourious Basterd па за гракачите од НеВладините Организации и зборуваме.
Тие што по потреба искачаат со медиумска пропаганда која треба да го оформи јавното мислење да биде мерка на надворешната политика на САД.
Како на пример кога го убија средношколецот од Ѓорче, еден куп НВО и нивни портали/медиуми искочија со написи како оштетениот малтене сам се прободел со свој нож. Или кога потоа случајно во ист тајминг дојде Расмунсен да ни попува како треба под итно да го смениме името (и идентитетот), но прво се виде со Ахмети (кој потоа отрча во грчката амбасада) а дури потоа со официјалните државни претставници како премиерот или претседателот на државата.
Постојано трубат како малцинствата (малцинството уствари) се обесправени, а вистината е дека нема држава на оваа планета каде таквите имаат поголеми права. Не мора повеќе, треба само во соседството да погледаат за еклатанти примери за кршење на основните права на македонските малцинства во соседните држави.
Но за тоа никогаш не зборуваат домашните НВО, тоа не е дел од агендата на САД.

Нејсе. Сакам да кажам, не се важни рецесијата и сумите, дали 4 или 44 милиони долари. Поентата е дека тие странски агенти и шпиуни постојано работат на оформување на јавното мислење, преку НВО и нивните медиуми тука. И тоа дебело го плаќаат.
Ова го истакнувам пошто на многумина овде не им е јасно што значи тоа „залагање за демократија и човечки права„. Тоа не е ништо помалку од мешање во внатрешните работи на Македонија, чија трагедија е тоа што петтоколонаши и шпиони одсекогаш имало во изобилни количини.

@Vanlok

Mожеби американциве даваат пари за невладини организации кои се залагаат за човекови права, но очигледно е дека нема ефект од тие пари....
Ma какви човекови права човече. Ги заболе нив таквото за човековите права низ светот и што прави некоја приватна фирма од енергетскиот сектор во некоја мала државичка како Македонија. Не ни знаат дека постои Топлификација. Тоа што го знаат е дека има изобилство од шпиони кои и за мали пари со задоволство ќе си ја продадат државата.
За тоа и служат тие НВО и нивните платеници кои се проституираат за тие пари кои САД ги нарекуваат „помош„ за Македонија.

Што мислиш зошто ги забранија НВО во Русија, и дали и другиве држави не би направиле веднаш истото, да не се плашеа од реперкусии од САД?
 
Последно уредено:

Од такво влијание тешко може да се одлепат и многу поорганизирани и постари држави од нашава. Ние, за жал, не можеме да бидеме имуни ниту на регионални прелевања. Сите соседни држави може да влијаат врз внатрешната политика, до некое ниво. Нема ниту теоретска шанса да се изолираме од влијанието на една светска сила. Не без противтежа во регионот.

Во моментов е јасно чиј пиун сме и чии интереси „браниме“. Она што е битно за нас во моментов не е колку можеме да се изолираме од влијанието на САД, затоа што не можеме. Многу побитно е колку можеме да ги одбиваме ретардираните наметнувања во внатрешната политика заради лични фрустрации и влажни соништа на некои (без разлика дали се црнец кој станал претседател на САД, Евреин мултимилијардер или некој негов поттрчко режисер), а кои немаат врска со стратешките интереси на САД.

Економската стабилизација на Русија доведе до инфлација која многу го поскапе контролирањето на внатрешната политика. Затоа денес гледаме како САД многу помалку интервенираат за прашања кои не од домен на внатрешна политика, многу поретко америчките амбасадори ги гледаме на телевизија и кај нас и во регионов и се е останато на бладањето на нивните пајташи кои се тотално нерелевантни и контрапродуктивни. Денес САД реагираат агресивно само кога нивен стратешки интерес е загрозен. За се друго може да се преговара.
 
Последно уредено:

Vanlok

deus ex machina
Член од
30 мај 2009
Мислења
25.752
Поени од реакции
34.008
Во моментов е јасно чиј пиун сме и чии интереси „браниме“. Она што е битно за нас во моментов не е колку можеме да се изолираме од влијанието на САД, затоа што не можеме. Многу побитно е колку можеме да ги одбиваме ретардираните наметнувања во внатрешната политика заради лични фрустрации и влажни соништа на некои (без разлика дали се црнец кој станал претседател на САД, Евреин мултимилијардер или некој негов поттрчко режисер), а кои немаат врска со стратешките интереси на САД.
Јас мислам дека е важно народов да биде свесен за тоа како стојат работите во светов. Од една страна треба да се залагаме за мултиполарен свет, но не смееме да бидеме искористени од ниедна од страните. Примерот со Украина е повеќе од доволен за оваков заклучок.
Не ни треба НАТО. Не ни треба САД. Не ни треба Русија.
Не ни треба ниту ЕУ, оваква каква што е сега.

Тоа што ни треба е да средиме државата и да ја развиеме економски, и да си ги гледаме сопствените интереси.
 
Член од
24 март 2010
Мислења
15.286
Поени од реакции
26.168
Јас мислам дека е важно народов да биде свесен за тоа како стојат работите во светов. Од една страна треба да се залагаме за мултиполарен свет, но не смееме да бидеме искористени од ниедна од страните. Примерот со Украина е повеќе од доволен за оваков заклучок.
Не ни треба НАТО. Не ни треба САД. Не ни треба Русија.
Не ни треба ниту ЕУ, оваква каква што е сега.

Тоа што ни треба е да средиме државата и да ја развиеме економски, и да си ги гледаме сопствените интереси.
Се согласувам. Ама проблемите настануваат кога ние им стануваме потребни. Па макар и само како бројка...
 
Член од
20 септември 2011
Мислења
8.146
Поени од реакции
8.544
Ma какви човекови права човече. Ги заболе нив таквото за човековите права низ светот и што прави некоја приватна фирма од енергетскиот сектор во некоја мала државичка како Македонија. Не ни знаат дека постои Топлификација. Тоа што го знаат е дека има изобилство од шпиони кои и за мали пари со задоволство ќе си ја продадат државата.
За тоа и служат тие НВО и нивните платеници кои се проституираат за тие пари кои САД ги нарекуваат „помош„ за Македонија.
Што мислиш зошто ги забранија НВО во Русија, и дали и другиве држави не би направиле веднаш истото, да не се плашеа од реперкусии од САД?
За она што им се случува на исклучените од Топлификација одговорна е највисоката јавна власт. Немој да заборавиш, имавме Протести АМАН, имавме одлуки на уставен суд имавме и други работи
Ти можеш да мислиш дека сум шпион, дека сум платеник, ти можеш да мислиш и да ме нарекуваш како сакаш, но она што го направи највисоката јавна власт е нешто ниско и гнасно. Се газат човекови права за да криминалците се богатат со крадење. Зарем таткото на министерот не можел да најде некоја друга работа?
Јас се борам за себе и својот дом. Од мене бараат да платам илјади денари секој месец, на криминалците, затоа што власта така сака.
Илјада денари месечно се 5 килогарми месо од „ Стокомак “, Ние месечно трошиме помалку од 5 килограми месо.
Директорот на Топлификација има 5000 евра месечна плата, но малце му е, сака да ни ги земе месото кое јас и моето семејство го јадеме, Тој да има уште повеќе, а ние месо да не јадеме.
 
Член од
1 ноември 2005
Мислења
2.142
Поени од реакции
1.256
Директорот на Топлификација има 5000 евра месечна плата, но малце му е, сака да ни ги земе месото кое јас и моето семејство го јадеме, Тој да има уште повеќе, а ние месо да не јадеме.
Za da gi zaebesh, prejdi vo vegetarijanci, pa oni neka jadat meso kolku shto im dusha saka.
 
Vanlok

deus ex machina
Член од
30 мај 2009
Мислења
25.752
Поени од реакции
34.008
За она што им се случува на исклучените од Топлификација одговорна е највисоката јавна власт. Немој да заборавиш, имавме Протести АМАН, имавме одлуки на уставен суд имавме и други работи
Ти можеш да мислиш дека сум шпион, дека сум платеник, ти можеш да мислиш и да ме нарекуваш како сакаш, но она што го направи највисоката јавна власт е нешто ниско и гнасно. Се газат човекови права за да криминалците се богатат со крадење. Зарем таткото на министерот не можел да најде некоја друга работа?
Не знам од каде успеа да се пронајдеш во муабетов... не си разбрал за што зборуваме.

Петтата колона од невладините организации, можеш да ги препознаеш по тоа што се занимаваат со политика и СИТЕ ставови им се поклопуваат со надворешната политка на САД.

Друг, уште подобар метод за детекција е изворот на финансирање... и обемот на самото финансирање.
Значи ако портал како Окно, добива финансиски „донации„ однадвор од државава... и ако таму колумни пишуваат ликови како Камчев, Милчин, Геровски, и проповедаат агенда која 100% се поклопува со надворешната политика на САД... колку е тешко да се собере 2+2= ??

Затоа разбери дека нешто сосема различно е кога група граѓани се борат против економска, правна и социјална неправда. Не зборувам за вашето организирање.
Не е дека имате финансирање од странство. Не е дека нешто политичко буткате ебаго... за Топлификација зборувате.
Затоа од мене имате целосна поддршка, но мораш да разбереш дека за многу поголеми работи зборуваме овде.[DOUBLEPOST=1408778051][/DOUBLEPOST]
Се согласувам. Ама проблемите настануваат кога ние им стануваме потребни. Па макар и само како бројка...
Абе не е дека сега ние тука правиме било што друго освен ширење на свесноста.

Целата работа е да се едуцираат што повеќе луѓе за реалноста во светов. И како тоа се одразува на нашава држава.
Да се изгради политичка и јавна свест, и одговорност кон државата. Тоа би било следното ниво.
 
Последно уредено:
Член од
20 септември 2011
Мислења
8.146
Поени од реакции
8.544
Не знам од каде успеа да се пронајдеш во муабетов... не си разбрал за што зборуваме.

Петтата колона од невладините организации, можеш да ги препознаеш по тоа што се занимаваат со политика и СИТЕ ставови им се поклопуваат со надворешната политка на САД.

Друг, уште подобар метод за детекција е изворот на финансирање... и обемот на самото финансирање.
Значи ако портал како Окно, добива финансиски „донации„ однадвор од државава... и ако таму колумни пишуваат ликови како Камчев, Милчин, Геровски, и проповедаат агенда која 100% се поклопува со надворешната политика на САД... колку е тешко да се собере 2+2= ??

Затоа разбери дека нешто сосема различно е кога група граѓани се борат против економска, правна и социјална неправда. Не зборувам за вашето организирање.
Не е дека имате финансирање од странство. Не е дека нешто политичко буткате ебаго... за Топлификација зборувате.
Затоа од мене имате целосна поддршка, но мораш да разбереш дека за многу поголеми работи зборуваме овде.
Јас всушност го потврдувам твоето мислење
Мене, кому највисоката јавната власт на Република Македонија, најгрубо и од најниски побуди ( за да го овозможи криминалот ), ми ги крши човековите права никој не ми помага. Мене ми е потребна помош, а мене никој не ми помага.
 
Vanlok

deus ex machina
Член од
30 мај 2009
Мислења
25.752
Поени од реакции
34.008
Aлас, се додека мозинството во Македонија се sheeple кои не разбираат дека гласањето не е само политички чин туку и патриотска должност. Се додека не се почне да се бара нешто за возврат од пратениците кои се гласаат... Се дотогаш такви волци како тие од Топлификација ќе си ги стрижат овците без проблеми или последици.

Решението за ваквите проблеми е граѓаните да се здружуваат во аполитички организации и организирано да гласаат за било која политчка платформа која најдобро ќе ги поддржи нивните потреби и побарувања.
 
Bratot

Стоик и Машкртник!
Член од
27 јануари 2007
Мислења
17.089
Поени од реакции
4.499
Не треба посебно да се нагласува дека во дипломатијата, како впрочем и во политиката, најлесно се доаѓа до суштината преку анализа на изјавите на врвните личности. Во продолжение е кус избор на изјави и пораки на најистакнати американски дипломати кои биле директно ангажирани околу нашата земја.

1. Неколку изјави на поранешниот американски амбасадор во Македонија, Филип Рикер:

„Земјата треба да најде име за да почне да се движи кон натамошна целосна интеграција. Идентитетот е ваш, на секој поединец и на секоја група. Тоа е нешто за што не може да се преговара“!

„Ќе мора да се најде нешто што ќе го зацврсти ЕВРОПСКИОТ ИДЕНТИТЕТ на Македонија, за да се најде решение за името и земјата да стане вистински член на евроатлантската заедница“.

„За нас, Американците, да се биде двојазичен или повеќејазичен е предност, нешто од што луѓето од оваа земја можат да имаат корист. Треба да се има предвид таа корист и на различноста која овде ја имате и можете во многу да се обезбедите доколку ги прифатите другите јазици и култури што егзистираат во Македонија“! (Цитатите се од интервју во „Дневник“ од 8 јуни 2009)

Попрецизно не може да биде – најдете си име и, потоа, сакате НАТО, сакате ЕУ... Да не ви звучи ова како уцена?! Идентитетот е ваш ама ајде да градиме ЕВРОПСКИ! Баталете го веќе еднаш тој Балкан. Колку убава порака – Македонци, учете албански за да имате корист! Албанците не мора да учат македонски! Има уште.

„Верувам дека е можно даима решение релативно брзо... фокусирајте се на она што треба да се направи, А ТОА Е НАОЃАЊЕ НА ИМЕ ЗА МЕЃУНАРОДНА УПОТРЕБА, со кое двете страни би се сложиле“! („Нова Македонија“, 18 јануари 2010).
Име за меѓународна употреба е најголемата ујдурма и измама која ни ја туркаат на мала врата токму – САД! И, нормално, и тоа име треба да го аминува – Грција! За себе ќе бидеме Македонци, а за сите други – нешто друго. Од тој момент, единствени „Македонци“ за светот ќе бидат измислените од Грција!

„Македонија ги исполни критериумите и на земјата ќе ѝ биде дадена покана за членство (во НАТО) штом го реши прашањето за името со Грција. Разочарани сме што сè уште тоа не е постигнато. Како и да е, ОДГОВОРНОСТА е на лидерите и на народот на Македонија да се најде конечно решение“!

Кој ни го поставува името како услов за НАТО? Грција? Рикер не вели така. А, зошто е само наша ОДГОВОРНОСТА за проблемот?! Што сме згрешиле? Има ли Грција некоја улога во сето тоа? Или, одговорен е тој што треба да – капитулира?!

„Не би сакал да ја прејудицирам одлуката на Хашкиот суд. Но, основната ситуација е иста: НАТО мошне јасно наведе и во многубројни пригоди повтори дека Македонија ќе добие покана да се приклучи по решавањето на прашањето за името“! („Дневник“, 3 декември 2011)

Зошто некои „експерти“ постојано нè уверувааат дека Грција не блокира во НАТО?

„Мислењето на Меѓународниот суд на правдата се однесува на спорот меѓу Грција и Македонија... Тоа е и ставот на НАТО, што значи дека кога ќе се реши спорот со името... Македонија ќе напредува кон НАТО“! (“Нова Македонија“, 10 јануари 2012)

Зарем судовите во САД не пресудуваат, туку даваат мислења?! И, кој ни порачува прво името потоа членство? Грција или САД и НАТО? А овие две се едно – исто!

2. Сегашниот амбасадор, Волерс, изјави:

„Ова е прашање што го надминува името, се работи за идентитетот“! (“Нова Македонија“, 20 јули 2011)

Искрено и точно!

„Не може таму некоја институција (Хаг, де) да му кажува на НАТО кого ќе прими, а кого не во членство“! („Нова Македонија“, 19 март 2014)

Кој нè попречува, ве молам? Грција? Не ќе да е баш така!

„Вие како жители на Македонија треба да решите како ќе се дефинирате себе и врз основа на кои вредности. Не можете да се дефинирате според својата националност, која е различна, ниту според верата, која исто така се разликува, или според културата, која е слична, но не е иста“! („Дневник“, 27 ноември 2013)

Човекот е од збор: уште пред да дојде ни порача дека идентитетот е во прашање. Сега само нуди решение!

3. Филип Гордон, помошник-државен секретар:

„Во случајот со Македонија, НАТО-членките јасно ставиле до знаење дека поканата ќе се ефектуира откако прашањето за името ќе биде решено“! (“Нова Македонија“, 11 јули 2012)

Ај, сега, каде е тука Грција? НАТО и САД се синоними!

„А Македонија ќе се придружи откако ќе биде решен спорот со името“! (Гордон, зборувајќи во Сенатот за перспективите на балканските земји за членство во НАТО.)

Ова е директна потврда дека е тоа американска политика! Инаку, би објаснил дека некој друг прави пречки!

4.Даниел Фрид, помошник-државен секретар:

„Зграпчете го последниот предлог на Нимиц и направете ја светла иднината на вашите деца. По македонското прифаќање, ЕУ ќе ја притисне Грција и таа да одговори позитивно“! (Дневник“, 28 октомври 2008)

Кој ако не менаџерот може да ги отвори картите? Едноставно – Нимиц ни го дава нивниот предлог и ако ние капитулираме, Грција ќе нема избор. Како знаат дека ЕУ ќе ја притисне Грција? А зошто цело време не тераат да се договориме со Атина?!

5. Томас Кантримен, помошник-државен секретар:

„Вашингтон сè уште е заинтересиран за членство на Македонија во НАТО. Со чекањето губи Македонија, а не Грција. За Атина нема долгорочна штета од нерешавањето на спорот“! („Дневник“, 27 октомври 2010)

Видовте што значи „стратегиски партнер“? Каква отворена подршка!!! За Грција, де!

6. Џејмс Стајнберг, заменик-државен секретар:

„Разбираме дека на премиерот Груевски му претстои тешка одлука – секогаш е тешко во ситуации како оваа. Но, мислам дека е важно македонското раководство да се фокусира на наградата, а тоа е солидна иднина во рамките на НАТО и ЕУ, што е примамливо“! (“Нова Македонија“, 10 јуни 2010)

Стратегиски повик, од „докажан“ партнер, за – капитулација!

И, за крај, ама не како најмалку важно! Напротив!

7. Хилари Клинтон, државна секретарка:

„Владата во Скопје треба да знае дека нема да може да напредува во евроинтеграциите сè додека не го реши ова прашање за името, а, од друга страна, очигледно е дека Грција мора да биде подготвена да прифати решение“!? (“Дневник“, 20 јули 2011)

Сè на тацна: според политиката на САД - Хилари не зборува во име на туѓи политики – за нас нема НАТО и ЕУ додека не се прекрстиме. Иако немаат мандат да зборуваат и за Унијата, неспорно е дека и таму доминира американското влијание. Ова е директен доказ дека решението – Нимиц - кое би ни било наметнато, а кое Атина ќе мора да го прифати, ќе дојде од Стејт департментот и ќе биде претходно усогласено со Грција! Поинаку не е можно. Вашингтон не би рескирал. Тоа е играта.

Иако додатен коментар не е потребен, да потсетиме дека, по распадот на Југославија, САД доминираат и на Балканот и имаат клучна улога и во проблемите со кои се соочува Македонија: името, членство во НАТО и ЕУ, скротување или разгорување на аспирациите на соседите, лојалноста на малцинствата кон земјата... Горните изјави апсолутно потврдуваат дека најголемиот дел од овие проблеми, повеќе или помалку, директно се менџираат од Вашингтон. Токму затоа, крајно време е односите со САД да ги квалификуваме според вистинснките елементи, без да ги пикаме главите во песок зборувајќи за некакво „стратегиско партнерство“ и правејќи се дека не разбираме што и од кого ни се случува. Не е лесно да се истопориш пред американските намери, планови и ангажмани на Балканот и да им кажеш – доста е, не може повеќе вака! Крајно е тешко да се покаже таква политичка храброст бидејќи Вашингтон воопшто не толерира таква непослушност. Меѓутоа, дојде време кога друг избор немаме. Додека не е предоцна.

Никој нека не се залажува дека со молчење ќе постигнеме нешто. Изминатиот четврт век тоа недвосмислено го потврдува. По Букурешт (2008), нашата позиција слабее. Полека ама сигурно (про)паѓаме. Ако сами не се удриме по глава и оцениме дека вака повеќе не може, никој нема да не потсети. Симулирањето на незрелост води само во – неповрат. Нелогичното инсистирање на консензуален претседател и непризнавањето на избраниот потоа, се само најнова потврда дека ножот е до коска.

http://www.mkd.mk/kolumni/amerikanskiot-tretman-na-makedonija-vo-izjavi-na-nivni-vrvni-pretstavnici
 
Vanlok

deus ex machina
Член од
30 мај 2009
Мислења
25.752
Поени од реакции
34.008
Интересно, но не ми е јасно зошто од сите страни има толку инсистирање на учество во НАТО. Јас сум и против ЕУ (оваква каква што е сега), но ајде за тоа веќе може и да се зборува... Но НАТО?

Каков бенефит би имале ние од НАТО, кога опасноста по државниот интегритет ни е внатрешен фактор (кој патем е целосно контролиран од истите тие што не блокираат во членството). Излегува дека „бенефитот„ е да не ни го активираат внатрешниот фактор на нестабилност... :cautious:
 
Член од
16 декември 2013
Мислења
1.856
Поени од реакции
1.202

Kajgana Shop

На врв Bottom