Надворешни односи на Македонија

Vanlok

deus ex machina
Член од
30 мај 2009
Мислења
26.468
Поени од реакции
35.192
Тоа ти е тоа кога махинално се преведува акроним.
Патем, што тоа нам ни згрешила (северна) Кореја па да немаме пријателски дипломатски односи со нив... Или ти @Simulant3 сметаш дека Македонија своите дипломатски односи треба да ги знаснова врз филмовите на Сет Роген? :cautious:

Во исто време САД и ЕУ и понатаму си тргуваат со Русија, но преку земјите како нас тие ги покажуваат своите мускули со тоа што демонстрираат “кој кого“ контролира и до каде може да оди другата страна.
Многу малку се зборува за Турски Тек на медиумите, и од позицијата и од опозицијата. Затоа за мене ова цитираново е важен аспект, и можеби главен "selling point„ за едицирање и освестување на народов - веднаш после објаснувањето на економскиот аспект и подигањето на стандардот.

Цела западна Европа е на евтин руски гас, но истите тие овде нам ни продаваат муда за бубрези а не сме ни членка на ЕУ... А не сме членка на ЕУ (наводно) затоа што лицемерно не тераат да „преговараме„ со некој што сака да ни го смени името (а исто е и за НАТО).
Дури и подобро што е така. Не мораме да ги слушаме лицемерите и да се откажуваме од гасоводот заради нивни геополитички цели (а сето тоа лицемерно и дрско ни го наложуваат исто време додека тие максимално ги користат нивните гасоводи кон Русија).
Не мораме сега како Романија да земаме заем од ММФ за да ги задоволиме оружените стандарди на НАТО (и со тоа да ги финансираме и исполнуваме империјалистичките агенди на САД).
 
Vanlok

deus ex machina
Член од
30 мај 2009
Мислења
26.468
Поени од реакции
35.192
Сакам да споделам една интересна одлично напишана колумна, со која во голема мерка се согласувам (минус неколку моменти):

http://www.mkd.mk/kolumni/brisel-ima-konflikt-na-interesi-vo-odnos-na-makedonija
Брисел има конфликт на интереси во однос на Македонија

Изјавите на загриженост кои доаѓаат од Брисел се неискрени. Преку блокадата и уцената која ни ја испорачаа во 2008-та, тие играат голема улога во нашите премрежија и постојано калкулираат.
Средбата на Груевски со Столтенберг, генералниот секретар на НАТО, го девалвира задоволството на нашите „патриоти“ по откажувањето или одложувањето на средбата со Јункер, шефот на Европската комисија или влада. Причините на Јункер не се познати, ама во секој случај еве, се покажуваат – погрешни. Тоа е првиот елемент на однесувањето на Брисел кон Македонија.

Вториот факт се изразите на нивната загриженост за состојбите во земјава. Загрижени сме само ние, а другите само профитираат. Кризата кај нас, во голема мерка, е плод и на нивните политики, пред сè на НАТО и ЕУ. Единствено не се спорни сугестиите решението да се бара на транспарентен начин и преку институциите на системот. Забележливо е дека во најновите изјави од Брисел (Хан и Столтенберг) има одредено заострување на оценките кон земјата, што не треба да зачудува: си ги зголемуваат шансите за усппех. Дека е тоа резултат на исти анализи и концепции, апсолутно е сигурно.

Следува третата димензија: Брисел има конфликт на интереси во однос на Скопје. На сите ни е познато дека, по Букурешт од 2008-та, НАТО и ЕУ ѝ поставија на Македонија целосно нелегални блокада, ултиматум и уцена – прво името, потоа членство, со цел да не кутнат. И, бидејќи сегашната власт е „тврдоглава“, не сака да го витка р’бетот, ние ја имаме опозицијата која е спремна на таков чекор. Што мислите – за кого навива Брисел во земјава? И, дали нивната „загриженост“ е вистинска или... калкулираат? Длабоката криза низ која врвиме е поволна за нив и затоа мора да се задоволни: им се отвора простор дефинитивно да расчистат со нас!

Четвртиот, и веројатно клучен момент во целата оваа ујдурма е фактот дека сè ова што ни се случува, не смее во никој случај да се гледа издвоено, надвор од еден континуитет, прецизиран во сценариото по кое сме присилени да играме еве веќе 24 години.

Да потсетиме на главните моменти, од девесесетитте, до денес: 1. Држејќи не во изолација, повеќе години не ја признаваа самостојна Македонија; 2. Крајно нелегално, надвор од Повелбата (Уставот) на ООН како и спроти сите принципи и процедури а) ни го оспорија и суспендираа името од меѓународна употреба, б) ни наметнаа референца и в) обврска да бидеме дел од медијација околу нашето историско и уставно име; 3. Ни организираа војна во 2001, со цел да не урнисаат, а следеше Охридскиот договор со кој ни ја претумбаа државата на дотогаш невиден начин; 4. Со административната поделба во 2004, плански и на долгорочна основа, ни албанизираа делови од земјата; 5. Во Букурешт, во 2008, повторно апсолутно нелегално, не блокираа, уценија и ни ставија ултиматум – прво името, значи прекрстување, потоа членство; 6. Сега имаме барање за консензуален претседател, бојкот на Собранието и афера прислушување...

За подобро да го разбереме тоа, мораме да бидеме свесни дека, по 2001-та, откако целта не беше постигната со војна, политиката на странските фактори е земјата да се руши од внатре. Така, сè што ни се случува последнава година, по парламентарните избори, извонредно се вклучува токму во – тој дел од сценариото! Крајно наивно е да се верува дека сето ова е неповрзано. Едноставно е невозможно сето ова да не биде дел од истиот мозаик?

Затоа, апелот до сите граѓани е сè ова што ни се случува, никако да не се гледа изолирано, како нешто sui generis, туку само во контекст на сите настани, кои апсолутно логично, ни се редат еве веќе скоро четврт век. Само така може да се дојде до есенцијата на обидите на опозицијата да ја руши државата на евидентен нелегален начин кој не може да биде автохтон, без мешање на странски фактори. За такво нешто нема теоретска можност. Ако некој, кој неспорно ги држи и влече конците веќе четврт век, користејќи крајно нелегални средства и рескирајќи го сопствениот углед и образ, зар е можно, во период на криза во земјава, истиот да биде надвор од настаните? Да гледа само сеир? Во политиката - такво нешто е незамисливо. А да се верува дека кај нас е некаков исклучок, мора да се биде и неверојатно наивен ама и недоквакан.

Единствено разумно размислување е дека странците се мозокот на настаните кои деновиве нè преокупираат, без оглед колкава е нивната вмешаност. А, дека, таа не е маргинална, секој може да биде сосема уверен! Тој што е спремен да ги игнорира меѓународното право, Хаг, повелбата на ООН... зарем сега ќе стои настрана кога има во функција самоубиствен домашен политички субјект? Тие сега ги тријат рацете и играат улога на некаква логистика од страна.

Петтиот клуч лежи во очајничките обиди на опозицијата да дојде на власт во период кога рејтингот ѝ е низок и никако да порасте. И, така поминаа скоро девет години... Во оперативното разузнавачко позиционирање, таквите субјекти се од највисок интерес. Тие се спремни на сè за да се вратат на сцена и најлесно паѓаат. Влетуваат во туѓи сценарија како обични тутурутки. Сега и овде, ние имаме конкретна, јасна и класична таква ситуација. Затоа, сите да имаме усул кога се поддржуваат нелегални активности. Очите мораме максимално да ги отвориме бидејќи и народот и државата се во прашање. Свесно или не, некој ги руши. Треба да се критикува и сопствената партија кога го губи компасот. Колку и да сте и посветен и лојален.

Тоа важи за сите. Иако приватните разговори, чија тајност е неповредива и ја гарантира државата, некои ги следат со ќеф и сеирџиски, истите не се и не можат да бидат никаков легален доказ. Меѓутоа, откако ќе се смират состојбите, сè што е таму спомнато како можно прекршување на законите, треба и мора да се испита. Ако нешто се потврди, вклучените треба да ги сносат сите последици.
Вториот дел во целост го пренесувам, при што сакам да го истакнам најважниот момент во оваа колумна:

(колумната продолжува)
Заклучок, на сè погоре речено, мора да биде синтагмата: ништо што е штетно за интересите на државата, дури да е и легално и неспорно од секој аспект – не смее политички да се користи или да биде алатка во борбата за власт! Тоа мора да биде абецеда за сите одговорни политичари. Особено во ситуации како нашава, кога сме предолго оспорувани и попречувани со јасни калкулации да не уништат. Кај нас, очигледно, политичарите и партиите до таму воопшто и не стигнале. Тие не избираат ниту начин, ниту средства за да ја остварат целта. Во конкретниов случај, државата како да не постои. Резултатите се видливи: на затворени седници, за Македонија дискутираат разни парламентарни комисии и други форуми, стануваме тема во разни земји при што нашите приоритети се на маргините. Медиумите јавуваат за нашите проблеми. Тие што планирале да инвестираат во земјава, два пати ќе размислат. Главните фактори комбинираат само како да не фрлат на колена и сотрат, а некои наши политички сили сесрдно им помагаат во тоа. Дали свесно или не, воопшто не е важно. Додека тие калкулираат како најлесно да не прекрстат и однародат кај нас, некој мафта со нелегални материјали заматуфен во своите болни амбиции. По некоја година, кога некој ќе ги покажува снимките како група на луѓе, со многу високи амбиции, слуша и дистрибуира приватни разговори, што е неспорен криминал, огромното мнозинство ќе се крсти и чуди. Денес...

Сè заедно, нашиот голем хендикеп е што се наоѓаме во американските сфери на интерес при што улогата на ЕУ е – маргинална. Во тајно снимениот разговор околу Украина, познатата Нуланд официјално потврди дека САД не ја есапат ЕУ во реализацијата на своите политики во Европа. Заради своите интереси, САД безобѕирно ја рушат европската безбедност (Украина), при што последиците за Балканот, како невралгична точка, се неизбежни. Токму во тој контекст мораат да се гледаат и настаните кај нас. Никако одвоено. Реакцијата на рускиот МИД (МНР), на почетокот на кризата, не беше воопшто случајна или неодмерена. Тоа беше максимално прецизна дијагноза – пуч, сличен на киевскиот. Директната потврда за тоа, дојде и од Вашингтон: Кери јасно кажа дека сме на линијата на огнот. Што повеќе ни треба за да разбереме кај сме и што ни се случува?

Мораме што поскоро да ѝ погледнеме на вистината во очи. Инаку, лошо ни се пишува. Вашингтон, Берлин и Брисел си ги гледаат нивните интереси, а тие, во својата основа, не се поклопуваат со нашите. Тоа се потврдува веќе скоро 25 години. Во моментов, тие не се и не можат да бидат наши пријатели бидејќи сме жртва токму на нивните намери и планови да не прекрстат и разнебитат. Сè додека не ги отвориме овие карти, нашата стратегија ќе биде врз погрешни постулати и неупотреблива. Ќе се занесуваме со нивните празни манипулации со демократијата, владеењето на правото и слободните медиуми, за кои тие пет пари не даваат кога не се во нивна служба или функција. Така, кога сме ние во прашање, не го признаваат ниту Хаг, ниту меѓународниот правен поредок... Ништо. Ако е тоа демократија и владеење на правото – што не е?
 
Vanlok

deus ex machina
Член од
30 мај 2009
Мислења
26.468
Поени од реакции
35.192
?

..........

Гостин
http://www.euractiv.com/sections/global-europe/eu-envoys-warn-macedonia-can-explode-313539

Диктаторот наш македонски!!!

EU envoys warn that Macedonia ‘can explode’

EU envoys to Macedonia blamed the Gruevski government for leading the country towards catastrophe, urging those in power, and the opposition, to agree on a roadmap that would prevent the Balkan state from exploding. However, they recognise that such a dialogue is hardly possible.
 
Vanlok

deus ex machina
Член од
30 мај 2009
Мислења
26.468
Поени од реакции
35.192
Интересно е што линкаш материјал од тој сајт, уште вчера сакав ова да го постирам:
http://www.euractiv.com/sections/energy/new-south-stream-will-be-russias-route-friendship-312401
Macedonia too is in favour of the project, according to a person familiar with official policy on the issue. He said, though, that the government of the former Yugoslav republic was nervous of being caught up in East-West rivalry: "In a battle between elephants, the ants usually suffer the most."
Тука може да се надодаде и ова:
http://www.zerohedge.com/news/2015-04-03/tsipras-heads-moscow-imf-withdraws-athens-staff-greek-default-risk-hits-post-crisis-
According to sources, Energy Minister Panayiotis Lafazanis has already agreed in principle to a proposal made by the head of Russian giant Gazprom, Alexey Miller, for a new gas pipeline through Turkey to be extended through Greek territory. The plan foresees the creation of a consortium in which Greece’s Public Gas Corporation (DEPA) would play a key role along with Russian funds and possibly also European clients of Gazprom, Kathimerini understands.[DOUBLEPOST=1428079068][/DOUBLEPOST]
http://www.euractiv.com/sections/global-europe/eu-envoys-warn-macedonia-can-explode-313539

Диктаторот наш македонски!!!

EU envoys warn that Macedonia ‘can explode’

EU envoys to Macedonia blamed the Gruevski government for leading the country towards catastrophe, urging those in power, and the opposition, to agree on a roadmap that would prevent the Balkan state from exploding. However, they recognise that such a dialogue is hardly possible.
Така да, целосно јасно е што се случува од ЕУ „западната„ страна (всушност од САД). Спречување на гасоводот, нешто што е од огромен македонски интерес.
 
?

..........

Гостин
Така да, целосно јасно е што се случува од ЕУ „западната„ страна (всушност од САД). Спречување на гасоводот, нешто што е од огромен македонски интерес.
Значи нашиот диктатор работи на дестабилизација за да се спречи гасоводот?
 
Vanlok

deus ex machina
Член од
30 мај 2009
Мислења
26.468
Поени од реакции
35.192
Нашите дилентанти работат за своја корист и нивните конци ги влечат од надвор.
Колку побргу народот го разбере ова, толку подобро.
 
Vanlok

deus ex machina
Член од
30 мај 2009
Мислења
26.468
Поени од реакции
35.192
Можеби треба да се запрашаш зошто воопшто не ја вртиме коцката обратно.Наместо во Македонија,да има на пример во Албанија немири.. тоа не си се запрашал ?
Толку едноставно напишав а ти пак не си разбрал. Тоа е најверојатно затоа што го гледаш само тоа што сакаш да го прочиташ, и не гледаш ништо друго.
Ајде уште еднаш, Албанија или Албанците не се тие кои во 2001ва „самостојно„ одлучија да поведат борба за некакви си таму права. Тоа беа настани кои ги нарачаа САД.

Доколку пак мислеше на тоа зошто САД во Албанија не прават немири... и на тоа прашање има едноставен одговор. САД во Албанија не прават немири затоа што:
1. Во моментов немаат таков интерес.
2. Албанија е послушен вазал и одлично пружа фелацио
3. Ако затреба, уште утре може да направат немири и во Албанија.

И ако пак не разбра - не, не ти кажувам дека Македонија ќе има некаков ќар од пружање фелацио. Напротив, без разлика на се - во првиот момент кога на САД ќе им требаат немири во Македонија, во Македонија ќе има немири. А тоа е делумно затоа што сами дозволуваме да ни инсталираат елементи за продукција на петтата колона. Сега моментот да се запрашаш зошто во Руската Федерација постои закон со кој се забранува надворешно финансирање на невладини организации.
 
GhostLeader

ONE OVER ALL
Член од
20 април 2010
Мислења
2.473
Поени од реакции
643

Океј,тогаш едно кратко прашање.Зошто САД имаат интерес да прават овде вечно немири кога ја имаат цела економска,политичка и воена моќ да не потчинат повеќе од колку сите империи и царства што сме ги имале против себе ? интересно им е ? досадно ?
 
Vanlok

deus ex machina
Член од
30 мај 2009
Мислења
26.468
Поени од реакции
35.192
Поставуваш многу прашања, ама слабо ги разбираш одговорите.
Прво, немаат САД ништо лично против нас овде. Тоа е геополитика, тие тоа го прават низ цел свет - без предрасуди и без скрупули. И без ронка морал или етика, што е посебно смешно и ирнонично - затоа што на цел свет му „продаваат„ (и наметнуваат) стандарди за демократија, либерализам, човечки слободи...
Akо планираш да ме обвиниш дека зборам на памет, погледаш што се случува кај нив дома. Погледај го Фергусон, погледај ги фактите - само во Март оваа годнија американските полицајци убиле повеќе цивили, отколку Британија во последниве 100 години. Повеќе Американци гинат од сопствената полиција, отколку од терористите со кои постојано ги плашат за да се носат нови и нови репресивни закони.
http://whatisusa.info/police-united-states-in-march-killed-more-people-than-the-british-for-100-years/
http://www.alternet.org/more-americans-killed-police-terrorists-crime-down-why-police-aggression
http://www.theguardian.com/us-news/2015/mar/04/police-killed-people-fbi-data-justifiable-homicides

edit:
Е сега @GhostLeader, од твоево прашање можам да заклучам дека инсинуираш на следново: „Ако сме послушни вазали, нам нема да ни се случуваат страња како тоа во 2001ва„.
Ова ми покажува дека не ја разбираш реалноста и светот окулу себе. Види што се случува со сојузниците на САД, со нивните вазали - ги наградуваат со посуптилни форми на експлоатација кои резултираат со нешто што може да се опише како посуптилен анален секс: загадување на животната средина од методи како фракинг, присилно прифаќење на употреба на нивните лиценци за ГМО (погуглај малку за новиот транс-атлантски трговски договор меѓу САД и ЕУ), трошење државни пари на вазалите на наоружување и акции на НАТО кои имаат цел спроведување на имеријалистичките потреби на САД... И згора на се, ако вазалите само малку претнат и почнат да покажуваат критичко размислување, веднаш добиваат предупредувања во облик на рушењето на Германвингс (како „награда„ за упорното промовирање на мировниот процес за Украина во Минск, нешто на што САД се противат цело време). Не е важно тоа што Германија и Франција (и ЕУ воопшто) не сакаат голема војна во Европа, важни се интересите на САД. Не е важно што во тој случај ќе бидат збришани малите Балтички држави, можеби и целиот свет - повторно важни се само интересите на САД!

Затоа @GhostLeader ќе се вратам на претходната аналогија со аналниот секс од погоре.
Кога еднаш ќе му отвориш врата на силеџијата да ти влезе дома, немој да мислиш дека со послушност и со фелацио дека ќе избегнеш партија анален секс - не, тоа е само предигра. Се што ќе добиеш - ако фелациото било навистина добро, е можеби малку лубрикант.

Разбери го ова погоре како лесно разбирлива паралела на реалноста во која живееме.
Сега повторно, е моментот да се запрашаш зошто во Руската Федерација постои закон со кој се забранува надворешно финансирање на невладини организации.
 
Последно уредено:
Член од
20 април 2012
Мислења
3.678
Поени од реакции
9.692
Сакам да споделам една интересна одлично напишана колумна, со која во голема мерка се согласувам (минус неколку моменти):

http://www.mkd.mk/kolumni/brisel-ima-konflikt-na-interesi-vo-odnos-na-makedonija
Брисел има конфликт на интереси во однос на Македонија

Изјавите на загриженост кои доаѓаат од Брисел се неискрени. Преку блокадата и уцената која ни ја испорачаа во 2008-та, тие играат голема улога во нашите премрежија и постојано калкулираат.

Вториот дел во целост го пренесувам, при што сакам да го истакнам најважниот момент во оваа колумна:

(колумната продолжува)
Заклучок, на сè погоре речено, мора да биде синтагмата: ништо што е штетно за интересите на државата, дури да е и легално и неспорно од секој аспект – не смее политички да се користи или да биде алатка во борбата за власт! Тоа мора да биде абецеда за сите одговорни политичари. Особено во ситуации како нашава, кога сме предолго оспорувани и попречувани со јасни калкулации да не уништат. Кај нас, очигледно, политичарите и партиите до таму воопшто и не стигнале. Тие не избираат ниту начин, ниту средства за да ја остварат целта. Во конкретниов случај, државата како да не постои. Резултатите се видливи: на затворени седници, за Македонија дискутираат разни парламентарни комисии и други форуми, стануваме тема во разни земји при што нашите приоритети се на маргините. Медиумите јавуваат за нашите проблеми. Тие што планирале да инвестираат во земјава, два пати ќе размислат. Главните фактори комбинираат само како да не фрлат на колена и сотрат, а некои наши политички сили сесрдно им помагаат во тоа. Дали свесно или не, воопшто не е важно. Додека тие калкулираат како најлесно да не прекрстат и однародат кај нас, некој мафта со нелегални материјали заматуфен во своите болни амбиции. По некоја година, кога некој ќе ги покажува снимките како група на луѓе, со многу високи амбиции, слуша и дистрибуира приватни разговори, што е неспорен криминал, огромното мнозинство ќе се крсти и чуди. Денес...

Сè заедно, нашиот голем хендикеп е што се наоѓаме во американските сфери на интерес при што улогата на ЕУ е – маргинална. Во тајно снимениот разговор околу Украина, познатата Нуланд официјално потврди дека САД не ја есапат ЕУ во реализацијата на своите политики во Европа. Заради своите интереси, САД безобѕирно ја рушат европската безбедност (Украина), при што последиците за Балканот, како невралгична точка, се неизбежни. Токму во тој контекст мораат да се гледаат и настаните кај нас. Никако одвоено. Реакцијата на рускиот МИД (МНР), на почетокот на кризата, не беше воопшто случајна или неодмерена. Тоа беше максимално прецизна дијагноза – пуч, сличен на киевскиот. Директната потврда за тоа, дојде и од Вашингтон: Кери јасно кажа дека сме на линијата на огнот. Што повеќе ни треба за да разбереме кај сме и што ни се случува?

Мораме што поскоро да ѝ погледнеме на вистината во очи. Инаку, лошо ни се пишува. Вашингтон, Берлин и Брисел си ги гледаат нивните интереси, а тие, во својата основа, не се поклопуваат со нашите. Тоа се потврдува веќе скоро 25 години. Во моментов, тие не се и не можат да бидат наши пријатели бидејќи сме жртва токму на нивните намери и планови да не прекрстат и разнебитат. Сè додека не ги отвориме овие карти, нашата стратегија ќе биде врз погрешни постулати и неупотреблива. Ќе се занесуваме со нивните празни манипулации со демократијата, владеењето на правото и слободните медиуми, за кои тие пет пари не даваат кога не се во нивна служба или функција. Така, кога сме ние во прашање, не го признаваат ниту Хаг, ниту меѓународниот правен поредок... Ништо. Ако е тоа демократија и владеење на правото – што не е?
Kakva demokratija ,toa e samo iluzija,interesite se pred se i nad se!
 
Bratot

Стоик и Машкртник!
Член од
27 јануари 2007
Мислења
17.089
Поени од реакции
4.499
Никој не сака да се навраќа на срамниот прием во ООН
Конечно паднаа маските. На срамниот прием на Македонија во ООН без име и без знаме никој повеќе не сака да се навраќа?!

Да потсетам, на 8 април 1993 година при најавата за прием на Македонија со акламација, претседателот Глигоров во пленарната сала на ООН, со солзи во очите изјави: „Ова е историски ден за мојата земја“. Но, малку подоцна шефот на државата мораше тивко да го напушти седиштето на ООН, без да присуствува на традиционалната церемонија кога се крева знамето на новата држава членка. И тоа од оправдани причини. Церемонијата не се одржа.

Краткиот вовед е во функција на прашањето, дали приемот во ООН со име различно од државното име избрано од народот, бил неопходен и по секоја цена.

Според мене, приемот како „поранешна југословенска Република македонија“ е крупна историска грешка со последици до денешно време во обидот за одбрана на уставното име.

Од друга страна, домашните актери кои беа инволвирани во приемот ја форсираат тезата дека доколку РМ не влезеше во ООН по секоја цена ќе дојдеше до нејзина поделба меѓу соседите. Оваа гледиште го засноваат на фамозниот кафе-муабет помеѓу Милошевиќ и Мицотакис во Атина. Се разбира, допуштам на една таква средба да имало романтичарски зборови за Македонија, бидејќи на секој народ, вклучително и на грчкиот и српскот, понекогаш им треба романтика. Но, битно е дали имало реална основа за изведување на една српско-грчка агресија врз Македонија.

Накратко за оваа врвна манипулација. Во тоа време немаше основа да се верува во воен атак и поделба на земјата од страна на соседите. Дури, соседите тргнувајќи од сопствените интереси, повеќе ја посакуваа самостојноста на РМ отколу да ја видат на страната на спротивниот ривал (кај некој од соседите). Немаше реална закана од воен напад од Бугарија, Албанија или од Грција која како членка на НАТО би војувала со Македонија во услови кога САД, како водечка сила во НАТО, јасно застанаа зад опстанокот на РМ, или, пак, од Србија, која преку ЈНА само блефираше со можна воена ескалација и во земјава.

ЈНА всушност никогаш и немаше концепт да отвора ново воено жариште и во Македонија и тоа не како резултат на некакви алтруистички причини, туку заради немањето доволен капацитет за отворање на трет фронт, како и реалниот интерес на Србија спрема БиХ отколку за РМ. Впрочем, тоа може да се види и од повлекувањето на ЈНА, која, според договорот требаше да си замине од РМ на 15 април 1992, а си замина уште во март поради најавата дека ЕЗ ќе ја признае БиХ (што и се случи во Луксембург на 6 април 1992) и потребата делот од ЈНА, од Третата армиска област (Косово и Македонија) да се лоцира во БиХ за да ја започне тамошната војна. Бидејќи, по повлекувањето од Македонија, ЈНА ја започна војната во БиХ по нејзиното признавање од ЕЗ, тогаш јасно е дека ЈНА немала моќ да отвора нов фронт и во Македонија.

Затоа, прашањето зошто немаше војна во Македонија треба да се гледа од аспект на стратешките интереси на ЈНА (Србија) за војување на другите жаришта на југословенски простори.

Глигоров на 30 март 1993, во неговото обраќање до нацијата, наброја најмалку три причини за тоа дека приемот во ООН ќе ја направи Македонија сигурна, безбедна, и економски посилна.

Прво, се велеше дека се решава безбедноста на Република Македонија преку системот на колективната безбедност и затоа не било толку битно со какво име ќе биде приемот, туку единствено релевантен е самиот прием во ООН. Но, се пропушта од вид дека номиналниот прием во ООН тешко дека ја гарантира безбедноста на една држава, а понекогаш дури и ја разгорува војната. Примерот на БиХ и Хрватска од тоа време беше мошне поучен, но, по се изгледа, недоволно проучен. Тие беа номинално признати држави и примени во ООН, но, на нивните територии избувнаа жестоки војни. Или случајот со Сојузна Република Југославија која во периодот од 1992 до 2000 година, функционира како држава со полн капацитет во меѓународните односи иако не е членка на ООН. Подоцна, на 1 декември 2000 година СРЈ стана членка на ООН, но, се распадна како држава токму како членка на ООН. А од аспект на македонската војна во 2001 година, е јасно дека треба да се направат многу други работи освен номиналниот прием во ООН. Всушност, една држава својот базичен интерес многу повеќе може да го оствари преку врските со некоја моќна земја, отколку преку номиналното членство во ООН.

Инаку, со оглед на неделивоста на меѓународниот мир и безбедност, Повелбата на ООН не прави суштинска разлика меѓу земји-членки и не-членки на ООН, и оттука, Република Македонија во тоа време дефакто е дел од колективната безбедност и призната држава, бидејќи склучувавме аранжмани, стапувавме во директни преговори, заклучувавме економски зделки, имавме признавање од повеќе држави, на своја територија од декември 1992 веќе ги имавме Мисијата на ОЕБС и силите на УНПРОФОР во чии редови беа присутни и американски војници како гарант за стабилноста и територијалниот интегритет.

Второ, приемот во ООН не доведе ниту до економски развој, бидејќи Македонија остана закована на европското дно, а ја имаше и криминалната приватизација.
Со таквата приватизација се изврши економска диверзија врз државата и економско злосторство врз сопствениот народ, бидејќи речиси целото општествено богатство, создавано педесетина години од сите работни луѓе во социјализмот, им беше подарено на десетина лица.

Трето, се велеше дека РМ како членка на ООН станува рамноправна во светските настани. Тука само ќе кажам дека принципот на рамноправност во ООН е фикција. Доколку во салите или во фоајеата на ООН зборувате дека државите се рамноправни, луѓето почнуваат да се смеат. Одвреме навреме, на малите држави им се дава сатисфакција со формален и спектакуларен карактер, како еден неодамнешен пример, пишување извештај за штетите од тропската мува.

Како и да е, не се остварија причините поради кои инсистиравме по секоја цена за членство во ООН, бидејќи, Македонија не стана ни посигурна, ни побезбедна, а ниту пак економски посилна.

Затоа, требало да се инсистира на уставното име и чекање подобра прилика, отколку номинален прием под „ПЈРМ“ без уставотворна основа. Патем, секоја друга солуција, како на пример, етапен прием со воспоставување најпрвин на набљудувачки статус под уставното име, (стаусот набљудувач базира на практиката во ООН, бидејќи не постојат правила за него во Повелбата) и стрпливо да се работи на добивањето на членство во ООН, или пак, барањето за прием да останеше закочено до денешно време, се чинат за поадекватни во обидот да се сочува уставното име, бидејќи, сведоци сме дека штом еднаш РМ се согласи на промена на уставното име при приемот во ООН, макар и во привремената форма „ПЈРМ“, ваквата промена предизвикува политички контроверзи и ги отежнува напорите за воспоставувањето на државното име.

Нo, ако е за утеха, постојат механизми за враќање на уставното име на Република Македонија во ООН. Во секое зло, добро. Анализата на општото меѓународно право и правото на ООН, појаснува дека правно-технички, остварувањето на правото на Македонија за враќање на уставното име во организацијата е можно со преземањето на потребните активности преку четири главни органи на ООН.

Јанко Бачев

(Објавено на 10 април, 2014 година)
 
Vanlok

deus ex machina
Член од
30 мај 2009
Мислења
26.468
Поени од реакции
35.192

Многу интересна дебата има во видеото погоре, но причината зошто ја постирам овде е нешто многу многу интересно кажано за учеството на американските воени инструктори во прокси војните кои САД ги водат во трети држави.

Интересното за нас е на 17:50, а линкот долу почнува десетина секунди порано за да се долови целата поента - учеството на американски инструктори на македонска почва, на страната на УЧК во војната.
http://youtu.be/I9752BpoL_g?t=1034

До љубителите на злата империја Америка: се извинувам за причинетата когнитивна дисонанца.
ОК. Всушност и не баш, ви посакувам уште МНОГУ повеќе од истото.
 
Bratot

Стоик и Машкртник!
Член од
27 јануари 2007
Мислења
17.089
Поени од реакции
4.499
Интересното за нас е на 17:50, а линкот долу почнува десетина секунди порано за да се долови целата поента - учеството на американски инструктори на македонска почва, на страната на УЧК во војната.
http://youtu.be/I9752BpoL_g?t=1034

До љубителите на злата империја Америка: се извинувам за причинетата когнитивна дисонанца.
ОК. Всушност и не баш, ви посакувам уште МНОГУ повеќе од истото.
Немој така, ти со тие теориите на заговори.... :)

Него Питер Фејт кој беше посредник испратен од НАТО за да преговара со војската на ОНА во 2001, го изјави следново:

Тој го поздрави фактот што сите европски институции нудат помош во решавањето на политичката криза во Македонија и прават притисок врз Владата. Но, вели тој, „треба да се внимава да не се создаде одбивност кон Брисел и со тоа да се втурне земјата во рацете на Путин и на други".

http://www.mkd.mk/makedonija/politika/se-javi-i-piter-fejt-da-ne-se-sozdade-odbivnost-kon-brisel-i-da-se-vturne

Ќе рече некој пак, дека ова што се случува внатре во земјава нема врска со геополитичките интереси... арно ама.. упорно ве гледаат во очи и ви велат дека не сте во право.
 
Vanlok

deus ex machina
Член од
30 мај 2009
Мислења
26.468
Поени од реакции
35.192
http://www.mkd.mk/makedonija/politika/se-javi-i-piter-fejt-da-ne-se-sozdade-odbivnost-kon-brisel-i-da-se-vturne
Ќе рече некој пак, дека ова што се случува внатре во земјава нема врска со геополитичките интереси... арно ама.. упорно ве гледаат во очи и ви велат дека не сте во право.
Многумина го кажуваат ова, ама само заради тоа што од една или друга причина немаат капацитет да се соочат со реалноста: геополитичките игри на западот (САД поточно) се коренот за причините за војната, етничките судири, и воопшто проблемите со нестабилноста на Македонија.

Од интервјуто на Питер Фејт јас би ги издвоил следниве делови, кои пренесуваат кристално јасни пораки за Македонија (всушност закани и наредби):

Питер Фејт напиша:
„Снимките покажуваат јасни злоупотреби на моќта, но ЕУ не може да се изјасни без судска истрага. Дали судскиот систем во Македонија може да функционира самостојно или е потребна меѓународна помош, тоа е нешто што ЕУ треба да го одреди“, рече Фејт.
Порака: Македонија не е суверена држава, ЕУ ќе одреди дали „Македонија може да функционира самостојно„.

Питер Фејт напиша:
Тој за холандската јавност објасни дека „во тек се преговори со посредништво на Европскиот парламент, во кои има обиди за постигнување договор, на пример, за транзициска влада која би ги вклучила сите политички сили и иницирање истрага.
Порака: Македонија не е суверена држава, ЕУ ќе постави марионетска влада во Македонија.

Питер Фејт напиша:
Владата во Македонија треба да разбере дека мора да соработува со истрагата и со посредништвото и да престане да ги негира фактите“, рече Фејт.
Порака: Македонија мора да капитулира.

Питер Фејт напиша:
Македонија треба да продолжи да оди по европскиот пат и да ги рестартира реформите. Комисијата препорачува да се почнат преговори за членство. Тоа претставува охрабрување за реформи. Спорот со Грција ги блокира тие преговори, иако постојат креативни решенија на маса.
Порака: Македонија треба да прифати менување на името според еден од диктатите на Грција.

Питер Фејт напиша:
„треба да се внимава да не се создаде одбивност кон Брисел и со тоа да се втурне земјата во рацете на Путин и на други"
Последново го оставам без коментар, и ги поканувам другите дискутанти да кажат свои мислења кој би бил соодветен одговор на ова последново - во светло на сите погоре пренесени закани, провокации, диктати, и општо земено... гомненици, од Питер Фејт.

Воедно ме интересира и каде се „дежурните бранители„ на западот во ваквите моменти кога е и премногу очигледно дека токму тие - западот и САД, се причината за многу наши маки и невољи.
Јавен повик до @SparroW @teneke @Igorcemk ... и другите на кои во моментов не ми текнува - за што им се извинувам, но сеедно сите се поканети да одговорат и да се обидат да ги објаснат постапките на западните политичари кои така јасно ни го оспоруваат суверенитетот на државата.
Се разбира, нека остане без внатрешно политички моменти - пошто кристално јасно е дека ова што се случува е многу поголемо од разните дебилни внатрешни ситно-партиски препукувања.
 
Kajgana Shop

На врв Bottom