Русија - смена во надворешната политика?

Vanlok

deus ex machina
Член од
30 мај 2009
Мислења
26.468
Поени од реакции
35.192
Tи велиш Русија ја сменила или ја менува својата позиција во однос на Македонија на пријателска база.Истово ова сум го дебатирал и со другари,и затоа ќе те прашам,ако утре се врати 2001ва,значи збориме за сегашност и иднина,дали тоа значи дека треба јас како Македонец да се чуствувам среќен што руските тенкови нема да дојдат во Македонија,ама затоа Русија ќе ме ''штити'' на меѓународен план и затоа Македонија ќе биде изорана како Сирија ? да нема цигла на цигла ? со кој знае колку жртви ? или скратено,што им вреди на Сирија што Америка ги бомбардира ИСИС а не Асад ? пак е Сирија,пак ист хорор..
Ова не ти го искоментираа а секако заслужува коментар. Гледај вака, „ако утре се врати 2001ва„ тоа ќе биде затоа што САД повторно одлучиле да не заебат за нивни геополитички цели.
Тоа е тоа што мора да го разберете сите, таа војна беше нарачана од САД - за САД. Полтронство и пружање фелацио, нема да те спасат од насилно онадење одпозади - напротив, првиот момент кога на САД ќе им одговараат немири во Македонија, ќе биде моментот кога САД ќе нарачаат и ќе добијат немири во Македонија. И тоа ќе биде заради надворешни геополитички причини, а не заради внатрешни смешно-ситни причини кои никој надвор од државава не го интересираат.
 

Bratot

Стоик и Машкртник!
Член од
27 јануари 2007
Мислења
17.089
Поени од реакции
4.499
Вселенската одбрана на Русија откри група сателити за набљудување на Русија
15:50 12 април 2015
Специјалистите на Главниот центар за набљудување на вселената, кој спаѓа во Вселенската команда на Војската за вселенска одбрана на РФ, открија група сателити за електронско набљудување на територијата на Русија. Ова го изјави командантот на Вселенската команда на Министерството за одбрана, генерал-мајор Олег Мајданович за телевизискиот канал „Ѕвезда“.

Сосем неодамна од специјалистите на Главниот центар за набљудување на вселената беше откриена група вселенски летала, новосоздадена за електронско набљудување. Групирањето се прави за да се реализира електронско следење на средства кои се наоѓаат на територијата на Руската Федерација“, изјави Мајданович.

На барањето да прецизира на која земја ѝ припаѓа групата сателити за набљудување, тој одговори: „Засега нема потреба од тоа“.

Според него, една од главните задачи на силите на Вселенската команда е да умеат да разликуваат лет на обичен сателит од групирање на сателити.

Мајданович истакна дека контролата врз сите објекти кои се наоѓаат во орбитата не е едноставна: познат е случајот кога за едно летало со години се мислело дека е вселенски отпад, а во потребниот момент дејствувало како шпионски сателит, на пример.

Со помош на електронското набљудување се врши пресретнување на каналите за комуникација меѓу електронски средства, како и на сигнали на радиолокациски станици и други уреди.

http://mk.rbth.com/news/2015/04/12/vselenskata_odbrana_na_rusija_otkri_grupa_sateliti_za_nabljuduvanje_na_r_42105.html
 
?

..........

Гостин
Зошто Москва донесе толку важна одлука за симнување на забраната за испорака на ракетниот систем С-300 на Иран, кој цело време се наоѓаше под санкции на САД? Одговорот на ова прашање ќе има големо влијание врз текот на глобалната политика во следните децении, пишува „Азија Тајмс“.

Во статијата се споменува „срамната“ епизода во претседателската дипломатија на Барак Обама кога тој го увери тогашниот руски лидер Дмитриј Медведев дека загриженоста на Москва по повод распоредувањето на американската ПРО во Европа ќе ги снема веднаш по реизборот на американскиот претседател. Меѓутоа, по реизборот Обама го прекрши своето ветување.

„На ниво на шефови на држави политичарите не треба да се однесуваа како ученичиња, а и нуклеарните прашања не се детска игра. Сепак Обама се однесуваше безобразно“, пишува магазинот, истакнувајќи дека Русија цело време ги оспоруваше американските тврдења дека системите за ПРО се насочени против таканаречените одметнати држави, имајќи ги предвид Иран и Северна Кореја. Обама лично ја убеди Москва дека веднаш откако нуклеарниот проблем со Иран биде решен, нема да има смисла за распоредување на ПРО. „Но сега, кога американско-иранските преговори веќе дојдоа до целната линија и работата се ближи кон разрешница, Обама повторно страда од губење на сеќавањето, заборавајќи на своето ветување и Вашингтон почнува тивко да ги менува правилата на игра“, се вели во статијата. „Колку и да е чудно, САД и НАТО сега ладнокрвно тврдат дека распоредувањето на системите за ПРО во Европа (во непосредна близина на руската граница) нема ништо заедничко со иранското нуклеарно прашање.

Реалната цел на распоредувањето на ПРО во Европа е насочена кон неутрализација на ракетниот потенцијал на Русија се истакнува во статијата. Меѓутоа, Русија прекрасно разбира дека „стратешките прашања на САД се состојат од едноставната вистина – РФ, како и претходно, останува единствената земја на планетата, способна во целост да ги уништи САД“. Со други зборови, Путин решил да му овозможи на Обама исто така да почувствува што значи кога интересите на САД се наоѓаат во опасност. Зашто ракетите С-300 силно ќе ги ограничат офанзивните можности на Америка.

Сега активностите на Иран во регионот на Блискиот Исток можат да станат многу проблематични за САД и да ѝ стават крај на американската хегемонија на Блискиот Иток. Според магазинот, испораката на С-300 на Иран ќе го натераат Обама да почувствува како се чувствуваат Русите кога тој ги праќа американската војска и единиците на НАТО на руската граница и систематски ги прекршува сите ветувања дадени на руското раководство за неширење на Алијансата на исток и на територијата на поранешниот СССР. Денеска единиците на НАТО и САД се наоѓаат премногу близу до руската граница отколку тенковските дивизии на Хитлер во 1940 година пишува „Азија Тајмс“.
 
Член од
1 ноември 2005
Мислења
2.142
Поени од реакции
1.256

fmi

Член од
1 февруари 2007
Мислења
13.039
Поени од реакции
2.270
Путин избра Армениja пред Турциja за да отбележи 100 годишнината от арменскиот геноцид или биткта при Галиполи.
Тоа може да влоши односите Русиja-Турциja.
 

Zoran MKD

Мијак на квадрат.
Член од
11 септември 2010
Мислења
2.021
Поени од реакции
1.018
Путин избра Армениja пред Турциja за да отбележи 100 годишнината от арменскиот геноцид или биткта при Галиполи.
Тоа може да влоши односите Русиja-Турциja.
Имаат голем интерс едни од други . Турција е гладна за енергенси нејзината потрошувачака е Балкан на квадрат.
Турски тек е првенствено за тој пазар.
Кога ја посматараме Турциа тоа е пазар како италија и Франција одеднаш.
 

fmi

Член од
1 февруари 2007
Мислења
13.039
Поени од реакции
2.270
Имаат голем интерс едни од други . Турција е гладна за енергенси нејзината потрошувачака е Балкан на квадрат.
Турски тек е првенствено за тој пазар.
Кога ја посматараме Турциа тоа е пазар како италија и Франција одеднаш.
И вапреки тоа Путин беше во Ереван за отбележуване на 100 години от арменскиот геноцид, наместо на 100 години от битката при Галиполи.
 
Член од
24 април 2008
Мислења
11.089
Поени од реакции
12.649
И вапреки тоа Путин беше во Ереван за отбележуване на 100 години от арменскиот геноцид, наместо на 100 години от битката при Галиполи.
Паметно од страна на Владимир Путин што се осмелил да покаже лице, бидејќи лично и мене ме изненади.

Со неговата поддршка за независна Палестина и за антисемитистичкиот Иран, не очекував да се појави во Ереван на денот на одбележување на турскиот геноцид врз Ерменците, особено со оглед на фактот дека ја сака Турција за свој партнер во гасоводот Турски поток.
 

Vanlok

deus ex machina
Член од
30 мај 2009
Мислења
26.468
Поени од реакции
35.192
@Dexter26 a Израел не го нарекуваш антиперсиски? ;)

Башка тој називот антисемитски ми е многу смешно кога се употребува во антиеврејска конотација, пошто Семити се сите во тој регион.



Туку еве нешто од друга перспектива, а во врска со оној муабетот „зошто Русија го дира Израел„:

http://www.veteranstoday.com/2015/04/29/neo-israels-attack-on-syria-aimed-at-moscow/
On April 2, 2015, Israel launched an air campaign against Syria. Fighter bombers attacked areas well north of Damascus, near the Damascus airport and military units fighting Al Nusra and Islamic State forces.

Some attacks were direct air support in an attempt to break up a Syrian Army offensive against supply lines that run from Israel through Jordan, the “lifeline” for ISIS in that region.

However, there was another purpose for the attacks as well. Israel is waging a surrogate war against Russia and has been for some time. The coup in the Ukraine, ostensibly planned by NATO, has its origins in an extremist Neocon “stay behind” cabal within the US Department of State. Victoria Nuland, author of the Kiev coup is the wife of John Kagan, with lifelong ties to Israeli intelligence.

The timing of the attacks is critical. This is clearly a response to Russia’s announced delivery of a long promised S300 air defense system to Iran. If Iran can’t be bombed, Russia’s other ally in the region, Syria can.
 
Член од
24 април 2008
Мислења
11.089
Поени од реакции
12.649
@Dexter26 a Израел не го нарекуваш антиперсиски? ;)

Башка тој називот антисемитски ми е многу смешно кога се употребува во антиеврејска конотација, пошто Семити се сите во тој регион.



Туку еве нешто од друга перспектива, а во врска со оној муабетот „зошто Русија го дира Израел„:

http://www.veteranstoday.com/2015/04/29/neo-israels-attack-on-syria-aimed-at-moscow/
Лично не ми сметаат меѓусебните ривалства или омрази помеѓу едни и други народи, на крајот на краиштата, и ние балканците не сме ништо поарни.

Но едно е држава која се заканува со воен напад врз друга држава поради нејзината нуклеарна програма, а друго е држава која отворено и јавно го негира Холокаустот и повикува на истребување на цела една држава и на цела една нација.

Точно, под Семити не се подразбираат само Евреите, туку народите од блискиот исток и од северна Африка, а за употребата на изразот антисемитизам исклучиво за дефинирање на поттикнувањето на омраза против Евреите, виновникот треба да го бараш кај историчарите.

И да, во целост се согласувам дека Израел применува тотално погрешна политика кон Сирија и кон Русија. За жал, Израел не е ниту совршена држава, ниту совршено општество, исто како и остатокот од светот.
 

Vanlok

deus ex machina
Член од
30 мај 2009
Мислења
26.468
Поени од реакции
35.192
Интересно е како за многу работи имаш солидни познавања, но повремено за други работи многу наивно размислуваш. Не постојат непријателства меѓу народите, само интереси на големите сили.
Израел има прецизно одредена надворешна политика, вазали се на САД - исто како и Саудијците. Русија сега е непријател на САД (во недостиг од уверливост на другите страшила како Ал Каеда и ИСИС), со тоа Русија автоматски е непријател на Израел и С.А. (и другите поситни сунитски Арапи). Сирија и Иран се сојузници на Русија, со тоа и непријатели на САД (и Израел).
Ако падне Сирија, паѓа и руското доминирање на енергетскиот пазар во Европа, тоа крајната игра во оваа последна светска криза (ваљда не и буквално последна).


И пак ли за холакаустот, демек само тој геноцид го извеле човечките ѕверови?
Ние луѓето имаме лоша навика да не ја учиме историјата, токму затоа сме осудени на „судбината„ постојано да ни се повторуваат истите страња:
http://en.wikipedia.org/wiki/List_of_genocides_by_death_toll


...едно е држава која се заканува со воен напад врз друга држава поради нејзината нуклеарна програма, а друго е држава која отворено и јавно го негира Холокаустот и повикува на истребување на цела една држава и на цела една нација.
:)
А демек Израел има од бога дадено право на нуклеарно оружје, и право да одредува кој друг ќе го поседува? Да не ме разбереш погрешно, јас би го забранил целото нуклеарно оружје - но ако Иранците сакаат да развиваат програма за нуклеарна енергија... Зошто тие да не можат, а ете Израел да може (и цел западен свет)?

Патем, знаеш ли како Израел дошол до своето нуклеарно наоружување?
Технологијата им е купена на црно од Франција, која и на Иран ја има продадена истата (минус неколку важни делови кои „случајно заборавиле„ да им ги предадат). Патем Франција е потписник на декларацијата за неширење на нуклеарно оружје. :)
За првата бомба имаат шверцано руда со ураниум од Аргентина, или така нешто. Бродот прво бил насочен во Британија, после под непозани услови завршил во Израел. :)
 
Член од
24 април 2008
Мислења
11.089
Поени од реакции
12.649
Интересно е како за многу работи имаш солидни познавања, но повремено за други работи многу наивно размислуваш. Не постојат непријателства меѓу народите, само интереси на големите сили.
Израел има прецизно одредена надворешна политика, вазали се на САД - исто како и Саудијците. Русија сега е непријател на САД (во недостиг од уверливост на другите страшила како Ал Каеда и ИСИС), со тоа Русија автоматски е непријател на Израел и С.А. (и другите поситни сунитски Арапи). Сирија и Иран се сојузници на Русија, со тоа и непријатели на САД (и Израел).
Ако падне Сирија, паѓа и руското доминирање на енергетскиот пазар во Европа, тоа крајната игра во оваа последна светска криза (ваљда не и буквално последна).


И пак ли за холакаустот, демек само тој геноцид го извеле човечките ѕверови?
Ние луѓето имаме лоша навика да не ја учиме историјата, токму затоа сме осудени на „судбината„ постојано да ни се повторуваат истите страња:
http://en.wikipedia.org/wiki/List_of_genocides_by_death_toll



:)
А демек Израел има од бога дадено право на нуклеарно оружје, и право да одредува кој друг ќе го поседува? Да не ме разбереш погрешно, јас би го забранил целото нуклеарно оружје - но ако Иранците сакаат да развиваат програма за нуклеарна енергија... Зошто тие да не можат, а ете Израел да може (и цел западен свет)?

Патем, знаеш ли како Израел дошол до своето нуклеарно наоружување?
Технологијата им е купена на црно од Франција, која и на Иран ја има продадена истата (минус неколку важни делови кои „случајно заборавиле„ да им ги предадат). Патем Франција е потписник на декларацијата за неширење на нуклеарно оружје. :)
За првата бомба имаат шверцано руда со ураниум од Аргентина, или така нешто. Бродот прво бил насочен во Британија, после под непозани услови завршил во Израел. :)
Очигледно погрешно ги разбираш моите коментари, бидејќи јас сум поддржувач на постоењето и на одбраната на Израел, но тоа не значи дека ги оправдувам сите постапки и надворешни политики на Израел - иако добар дел од нив ги поддржувам и ги оправдувам.

Зошто Иран не треба да има сопствена нуклеарна програма ?

Затоа што наводните мирољубиви намери на исламистичките фундаменталисти и фанатици во Иран секогаш ќе бидат ставени под знак прашалник, се додека Иран го негира Холокаустот и повикува на уништување на Израел и на истребување на Евреите.

Но и ако ги тргнеме настрана Израел, Евреите и Холокаустот, самиот владејачки режим во Иран е тоталитарен и ги задушува човековите слободи и права, а со тоа и самиот себеси се етикетира како неподобен за да располага со сопствена нуклеарна програма, а уште помалку па со сопствено нуклеарно вооружување.

Со една Северна Кореја која веќе има сопствено нуклеарно вооружување и еден Пакистан, кој е синоним за нефункционална држава, а истовремено има сопствено нуклеарно вооружување, уште еден тоталитарен режим со нуклеарно вооружување е премногу сериозна опасност за светот и за човештвото.

Кина на хартија и понатаму е социјалистичка диктатура, но во пракса има ограничувања и контрола на власта и ингеренциите - и покрај високото ниво на корупција - поради што сепак не заслужува да биде во истата група со овие тоталитарни режими и таа една нефункционална држава кои ги спомнав погоре.

Зошто постојано го повторувам Холокаустот ?

Па, бидејќи е најтазе пример за организирано масовно истребување на цивилно население само поради етничката припадност.

Се разбира, ИСИЛ/ИСИС/ИД, Боко Харам, Ал Шабаб, Ал Нусра и сличните на нив се борат за соборување на рекордот кој Адолф Хитлер и нацистите го имаат поставено со 6 милиони истребени Евреи, 3 милиони истребени советски воени заробеници, 2 милиони Полјаци и бројни други жртви, но ќе треба да се пролее уште многу невина крв додека овие исламистички ѓубриња ги соборат таквите рекорди, дај Боже да бидат спречени во постигнувањето на нивните цели.

Но секако, тоа не значи дека треба да бидат игнорирани или уште полошо, да бидат заборавени истите геноциди кои се спомнати на листата од линкот кој го постави.

Бидејќи веќе значително отидовме оф-топик, те охрабрувам доколку сакаш, да ја продолжиме дискусијава во соодветна тема.

Мојата критика упатена кон Владимир Путин ќе ја упатев кон било кој поддржувач на тоталитарен режим како што е иранскиот, а и неговата покана до милиот лидер на Северна Кореја, за да присуствува на воената парада во Москва на 9 мај 2015 по повод 70 годишнината од победата над фашизмот, не е баш за некоја пофалба. Но иронично, мислам дека Хорхе наш - кој исто така е поканет на парадата - навистина ќе се чувствува како дома во друштво со тој дибекот од Северна Кореја.
 
Последно уредено:

Vanlok

deus ex machina
Член од
30 мај 2009
Мислења
26.468
Поени од реакции
35.192
Од прославата на Денот на Победата:
 

Kajgana Shop

На врв Bottom