Vanlok
deus ex machina
- Член од
- 30 мај 2009
- Мислења
- 22.354
- Поени од реакции
- 29.829
Темава е со еколошки карактер, а пошто нема подфорум за екологија, Општиве Муабети ми изгледаат како најсоодветно место за ова. Идејата е да се информираме навреме сите за фракингот, и да не дозволиме заради неинформираност и незнаење, некако да ни го подметнат политичарите тоа и кај нас во некоја утрешна агенда.
Фракинг е постапка со која се вади природен гас од места кои не се традиционални (класични) извори за гас. Практично, на многу места во одредени слоеви длабоко под земјината површина има мали количини природен гас.
Постапката инволвира копање на длабоки бушотини, во кои потоа се испуштаат огромни количини (тони и тони) на хемикалии и вода која ги пополнува микрофрактурите во кои има гас, со што се „испумпува„ гасот нагоре. Се одбира длабок и порозен слој каде полесно се шират микрофрактурите кои содржат гас.
Проблемот е во во тоа што со ова се впумпуваат огромни количини штетни и опасни хемикалии во земјата, кои потоа се мешаат со природните подземни води, од кои доаѓа водата за пиење, за наводнување, или си го наоѓа патот кон реките, езерата и морињата... каде го уништува живиот свет и нормално, човековото здравје.
Освен ова, се нарушува и сеизмичката стабилност на почвата и на местата каде се одвива фракинг се забележани повеќе потреси и земјотреси.
Ова е краткорочно решение (мали се количините) и е еколошки катастрофално и неисплативо (освен ако не се има индустрија која хемикалиите и онака треба да плати некаде да ги складира на отпад).
Сликовито покажано (на сајтото скролајте надолу за приказ):
http://www.dangersoffracking.com/