Надворешни односи на Македонија

Vanlok

deus ex machina
Член од
30 мај 2009
Мислења
25.825
Поени од реакции
34.079
Ти и Пуно многу длабоко ја разбирате политиката, јас кажав нормално е дека гасоводот ни оди на прилог особено на сиромашната популација, ама во случај Русија утре да не бара услови, што е тешко за верување.
Во превод, Ти (задно со пријателов Пуно) си против гасоводот затоа што утре, ОТКАКО ЌЕ НИ СЕ ПОДОБРИ ЕКОНОМИЈАТА И СТАНДАРДОТ, можно е Русија да сака да поставува услови, услови кои иначе секогаш можеш да ги одбиеш - и без одложување да си дојдеш назад на оваа ситуација сега што ја имаме (без гасовод, и без руски влијанија).

Јака логика, нема што.
Убаво е да се види кога Македонец и Албанец се согласуваат, иако воопшто не е убаво тоа што согласувањето е на штета на националните интереси на Македонија. :cautious:
 
Член од
25 март 2012
Мислења
8.590
Поени од реакции
5.188

Да бе, ти договорот ќе го потпишуваш, глупи се русите па да инвестираат со таков одговор кога тебе ќе ти текне да го избркаш.

Ти си против на тоа што Сад се мешаат кај државите кои се под руско влијание, знаеш какви последици имаше од таа транзиција, односно менување на влијателот, но во Македонија тоа го подржуваш, само заради антисимпатиите кон Сад. Економскиот аспект ти е пандан на воведување демократија на американците.

Можеби, реков највероватно ќе имаме економска исплатливост, но џабе ако станеме Украина, Сирија...
 
?

..........

Гостин
Демагогија невидена, значи овие линкови и вести се за веке откажаниот јужен тек, и што се случи, им писнаа америте на Бугарија и готово со тоа.... Бугарија е стратешки 345346 пати позначајна од Македонија, Бугарија е член на нато и еу, во Бугарија за разлика од кај нас има проруски партии и русите се многу повеке инфилтрирани, земјата е многу позавизна од Русија за разлика од нас..... и? ти сакаш да ми кажеш дека кога Бугарија при такви услови и предност над нас не успеа да каже не на америчките планови и притисок и покрај тоа што тоа е на нејзина штета, а тоа може да го каже Македонија? Македонија? ќе каже не на америте? а? Македонија со голем процент на албанско малцинство, Македонија во која во секое време америте преку тие албанци можат да вршат притисок? Македонија која не е член на нато и еу а опколена е со такви земји? Македонија која има нерешен спор за нејзиното битосување со Грција? Македонија која нема никаква значајна подршка од надвор, која нема ни моќ ни институции ни војска ни знаење ни капацитет ни моќ да се справи со продавачите на петарди на битпазар? таа Македонија ќе каже не на америте? ма немој да ме јебеш бре!
Пак ке ти повторам..... за америте нема подобра влада за контролирање, од тоталитарнава која сега владее..
 
Член од
19 февруари 2009
Мислења
1.379
Поени од реакции
1.968
Во превод, Ти (задно со пријателов Пуно) си против гасоводот затоа што утре, ОТКАКО ЌЕ НИ СЕ ПОДОБРИ ЕКОНОМИЈАТА И СТАНДАРДОТ, можно е Русија да сака да поставува услови, услови кои иначе секогаш можеш да ги одбиеш - и без одложување да си дојдеш назад на оваа ситуација сега што ја имаме (без гасовод, и без руски влијанија).

Јака логика, нема што.
Убаво е да се види кога Македонец и Албанец се согласуваат, иако воопшто не е убаво тоа што согласувањето е на штета на националните интереси на Македонија. :cautious:
Да,глупа логика е таа,ама и твојава не е далеку од таа.
Не гасовод,10 гасоводи да изградат,не ЕУ,во САД да не примат,ако продолжиме со вакво раководење на државата,нема да се управиме.

Примерот со Хрватска ти беше одличен,не протече мед и млеко кај нив кога станаа членка на ЕУ,ама од друга страна,во Украина има гасоводи од памтивек,па ни кај нив никогаш не протекло мед и млеко.

Инаку,тезата за дестабилизација на Македонија поради најавениот гасовод ми е ептен танка.Па нашиве се толку болни за власт,што да им речат,објавете и војна на Русија,ќе ви помогнеме да останете на власт до кога сакате,уште утре ќе го направат тоа.
 
Vanlok

deus ex machina
Член од
30 мај 2009
Мислења
25.825
Поени од реакции
34.079
Пак ке ти повторам..... за америте нема подобра влада за контролирање, од тоталитарнава која сега владее..
Јас не ја бранам сегашнава влада, погледај поназад отворено реков дека со двете раце ќе гласам за опозицијата ако градењето на гасоводот го воведе како прва точка во изборната програма. За било кој ќе гласам, што ќе го направи тоа.

Јас не ги гледам партиите за кои гласам како спортски клубови (за кои навивам безрезервно и дури кога не ги бива и кога постојано губат). Кога гласам јас гледам кој ми нуди најмногу иднина за мојот глас. Во моментов нема посветла иднина за нашата економија и за нашиот животен стандард, од изградбата на гасоводот Турски Тек.

Демагогија невидена, значи овие линкови и вести се за веке откажаниот јужен тек, и што се случи, им писнаа америте на Бугарија и готово со тоа...
Откажаниот Јужен тек е повеќе од добар показател како нашата влада гледа на гасоводот Турски Тек. Ако се согласија за Јужен, зошто би биле против новиот Турски Тек, кога бенефитите од него се повеќекратно подобри??

Впрочем и од нас, гласачите зависи. Не постои таква влада која ќе оди 100% против вољата на народот... нормално, останува само проблемот да се освести народот што тој гасовод претставувам за нас. Дел од решавањето на тој проблем, е и дискусијата што ние овде ја водиме. (y)[DOUBLEPOST=1426171327][/DOUBLEPOST]
Примерот со Хрватска ти беше одличен,не протече мед и млеко кај нив кога станаа членка на ЕУ,ама од друга страна,во Украина има гасоводи од памтивек,па ни кај нив никогаш не протекло мед и млеко.

Инаку,тезата за дестабилизација на Македонија поради најавениот гасовод ми е ептен танка.Па нашиве се толку болни за власт,што да им речат,објавете и војна на Русија,ќе ви помогнеме да останете на власт до кога сакате,уште утре ќе го направат тоа.
Епа за тоа сме тука ние, гласачите, да ги казниме на следните (сеедно дали вонредни, или редовни) избори, ако не ја спроведат нашата јасно изразена волја: изградбата на гасоводот.
Мора да се освести народот, дека (барем донекаде) гласовите се моќ. Треба паметно да се употребат... а не навивачки, изборите не се фудбалски натревар.

Во врска со Украина, нивната сегашна ситуација не е поврзана со економските проблеми. Туку се работи за директна интервенција на САД.
Зарам сега со тоа ќе се плашиме, дефетстички да се согласиме да останеме економски утепани и со никаков стандард затоа што во спротивно Американците ќе ни направат војна овде? Дали тоа ни го кажува(ш)(аат)?

Ова се повеќе и повеќе излегува како во онаа приказната (што ја мразам) за кубурот. Ти текнува чинам? :cautious:

Економскиот аспект ти е пандан на воведување демократија на американците.
Економскиот аспект НЕМА пандан во идеолошките философии.
Продавај философија ако веќе мораш, ама прво дај му леб народот. Но тоа ти го занемаруваш, можеби намерно.

највероватно ќе имаме економска исплатливост, но џабе ако станеме Украина, Сирија...
И што сега? Се заканува(ш)(аат) со тоа дека Америте ќе ни направат војна во Македонија?
Тоа ли е таа американска (западна) демократија?

Ми се гади од ваквите лицемерија. :cautious:
 
Последно уредено:
Член од
24 март 2010
Мислења
15.286
Поени од реакции
26.168
Ако Америте сакаа да го сменат Груевски, ќе го сменеа без Заев да види ни с од снимен материјал. На погрешно место ја барате причината.
 
?

..........

Гостин
Јас не ја бранам сегашнава влада, погледај поназад отворено реков дека со двете раце ќе гласам за опозицијата ако градењето на гасоводот го воведе како прва точка во изборната програма. За било кој ќе гласам, што ќе го направи тоа.

Јас не ги гледам партиите за кои гласам како спортски клубови (за кои навивам безрезервно и дури кога не ги бива и кога постојано губат). Кога гласам јас гледам кој ми нуди најмногу иднина за мојот глас. Во моментов нема посветла иднина за нашата економија и за нашиот животен стандард, од изградбата на гасоводот Турски Тек.

Откажаниот Јужен тек е повеќе од добар показател како нашата влада гледа на гасоводот Турски Тек. Ако се согласија за Јужен, зошто би биле против новиот Турски Тек, кога бенефитите од него се повеќекратно подобри??

Впрочем и од нас, гласачите зависи. Не постои таква влада која ќе оди 100% против вољата на народот... нормално, останува само проблемот да се освести народот што тој гасовод претставувам за нас. Дел од решавањето на тој проблем, е и дискусијата што ние овде ја водиме. (y)
Посочувам на тоа дека теоријата за дестабилизација од страна на америте не ти држи вода, зошто да дестабилизират држава која буквално ја контролират? нашите потпишаа за јужен тек затоа што немаа никаков притиок од запад, а америте не се ни замарат со Македонија, тие гасоводот го прсекоа уште при првата алка Бугарија, извршија притисок и готово Бугарија се откажа од својот национален интерес да стане клучна гасно транзитна земја за југоисточна европа, Бугарија е многу посилна од Македонија и е многу стратешки подобро позиционирана, има и поголемо руско влијание, има и проруски партии и се тоа, па пак подлегна на притисокот. Македонија нема ништо од тоа и позиција и опозиција се прозападно ориентирани, немаме проруски партии, стратешки сме слепо црево.....абе милјарда начини имат америте како да ни наметнат влијание да не потпишеме за гасовод, дестабилизацијата е еден од нив, и не велам не америте за своите интереси ќе не пиштат низ вода без око да им трепне, но немат потреба од тоа, затоа што нашите владетели буквално им го пушат на америте, за мене е смешна самата помисла дека владата наша ќе кажела не на америте за толку значајна за нив геостратешка политика.... да не се повторувам...
Нашите влади низ историјата во овие 25 години, сменија име, знаме, го признаа непријателот (Косово) помилуваа воени злосторници на сопствениот народ, потпишаа самоубиствен рамковен договор, децентрализација на сопствена штета итн..... е сега ќе кажеле не, односно ке се спротиставеле на некаков гасовод? смешно, јас ти гарантирам дека со 99.9% ке гласат во парламент против гасоводот ако им писнат!
 
Vanlok

deus ex machina
Член од
30 мај 2009
Мислења
25.825
Поени од реакции
34.079
Ако Америте сакаа да го сменат Груевски, ќе го сменеа без Заев да види ни с од снимен материјал. На погрешно место ја барате причината.
Па и не им е целта него да го менуваат. Нив ги интересира да се спречи изградбата на гасоводот.
Тоа кој ќе биде на власт овде им е сосема сеедно.

Затоа и мене ми е релативно сеедно кој ќе биде на власт овде. Тие што ќе стават во програма дека ќе го градат гасоводот - мојот глас ќе оди за нив.
Така треба да постапат сите свесни луѓе, и патриоти.
 
The xx

Russia state-affiliated bot. ☑️
Член од
8 април 2013
Мислења
6.900
Поени од реакции
13.025
Мене најсомнителни земји ми се Турција и Грција.
 
Член од
24 март 2010
Мислења
15.286
Поени од реакции
26.168
Па и не им е целта него да го менуваат. Нив ги интересира да се спречи изградбата на гасоводот.
Тоа кој ќе биде на власт овде им е сосема сеедно.

Затоа и мене ми е релативно сеедно кој ќе биде на власт овде. Тие што ќе стават во програма дека ќе го градат гасоводот - мојот глас ќе оди за нив.
Така треба да постапат сите свесни луѓе, и патриоти.
Можат и да го натераат да не гради гасовод, без воопшто да стане тоа јавна дебата. Нема потреба да го дискредитираат.

Ако треба да типувам, одбивањето да дели државјанства на Турците што биле протерани од овде е причина за ова што се случува. Гостувањето на Заев со тие од Беса, и избегнувањето на ДУИ и ДПА само повеќе го потврдуваат тоа. Ама Заев е само преоден чекор. Ќе ја играме уште оваа игра.
 
Член од
25 март 2012
Мислења
8.590
Поени од реакции
5.188
Економскиот аспект НЕМА пандан во идеолошките философии.
Продавај философија ако веќе мораш, ама прво дај му леб народот. Но тоа ти го занемаруваш, можеби намерно.
И што сега? Се заканува(ш)(аат) со тоа дека Америте ќе ни направат војна во Македонија?
Тоа ли е таа американска (западна) демократија?

Ми се гади од ваквите лицемерија. :cautious:
Американците шираат влијание со изговорот воведување демократија, Русите со изговорот економија, што има филозофско овде?
 
Vanlok

deus ex machina
Член од
30 мај 2009
Мислења
25.825
Поени од реакции
34.079
Можат и да го натераат да не гради гасовод, без воопшто да стане тоа јавна дебата. Нема потреба да го дискредитираат.
Освен што можеби не сметаш на тоа дека и тие се свесни дека откажувањето од гасоводот нема да оди така лесно. Јавноста е релативно свесна за бенефитите од гасоводот, а економската ситуација е повеќе од лоша. Постои извесна можност сегашнава власт секако да падне на следните избори, и без бомбиве. Од друга страна гасоводот е монументален економски проект за оваква утепана држава како нашава. Би ги подобрил и економијата и животниот стандард... и (за нив поважно) би донел многу гласови.

Одлука за одбивање да се изгради гасоводот, може да ги прогања и во иднината, во повеќе изборни циклуси (како сегашнава ФИРОМ кованица/акроним што до ден денес ја плаќа - и ќе ја плаќа, одредена партија). Тоа е можеби пострашно и од заканите на америте.
Кој и да дојде/остане на власт, сметам дека поверојатно е дека во најмала рака ќе оди на спроведување на референдум (со цел потоа истиот да се намести, слично како што беше за територијалната поделба на општините).

П.С. Не знам ништо за другото што го напиша, некој линк или објаснување?
 
Член од
25 март 2012
Мислења
8.590
Поени од реакции
5.188
БЕСА е партија на Ердоган, тоа е очигледно.
Вистинската трагедија за нас би било ако американците одлучат балканот да им го предадат на турците.
 
Vanlok

deus ex machina
Член од
30 мај 2009
Мислења
25.825
Поени од реакции
34.079
Американците шираат влијание со изговорот воведување демократија, Русите со изговорот економија, што има филозофско овде?
Ништо, го дефлектираш фактот дека те обвинив дека се закануваш со тоа дека Америте ќе ни направат војна во Македонија. Или ни потенцираш дека тие ни се закануваат со војна, ако не се откажеме од гасоводот?

Воедно не одговори ни на прашањето, дали тоа произведување војни и страдања е таа позната американска (западна) демократија?

Пак ќе повторам, ми се гади од ваквите лицемерија. :cautious:
 
Член од
24 март 2010
Мислења
15.286
Поени од реакции
26.168
П.С. Не знам ништо за другото што го напиша, некој линк или објаснување?
Прво, соодржината на бомбите. Рехабилитација на Фијат и Велија. Двајцата торбеши, со директни бизнис конекции со Турција. Торбешките гласови ги контролира ВМРО, би сакал да ги контролира Ердоган. После, снимки во кои се слуша Цигани. Најсилниот муслимански бастион на ВМРО. Повторно, од интерес на Ердоган. Трето, ДУИ и ДПА веднаш ја избраа страната на ВМРО, особено после гостувањето на Заев во Албанија заедно со тие од Беса. После, прати ги реакциите и на ЕУ, и на САД, и на Русија. Сите ќе го пуштат Заев низ вода.

Ама јас мислам дека Ердоган е свесен дека Заев му е неуспешна приказна. Тоа е само првата третина од планот. Сега успеа да ги убеди СДСМ дека само со коалиција со муслимани може да се вратат на власт и успеа да ги дискредитира ДУИ и ДПА. Втората третина ќе биде правење од Беса партија која ќе тежи 200к гласа. И на крај, коалиција СДСМ-Беса која би имала премиер Македонец кој ќе дава државјанства на дел од овие 6 милиони „Македонци“.

И мислам дека оваа битка ќе ја изгубиме долгорочно. Особено ако не добиеме директна помош од некоја голема сила. Тука ставот на САД е многу битен. Ако САД реши дека Турција не им смета, Македонија, Албанија и Косово први ќе добијат премиери Турци или потурци. После тоа, ако земеш во предвид демографија истата игра ќе може да се префрла во Бугарија и Србија.
 
Kajgana Shop

На врв Bottom