Пак ке ти повторам..... за америте нема подобра влада за контролирање, од тоталитарнава која сега владее..
Јас не ја бранам сегашнава влада, погледај поназад отворено реков дека со двете раце ќе гласам за опозицијата
ако градењето на гасоводот го воведе како прва точка во изборната програма. За било кој ќе гласам, што ќе го направи тоа.
Јас не ги гледам партиите за кои гласам како спортски клубови (за кои навивам безрезервно и дури кога не ги бива и кога постојано губат). Кога гласам јас гледам кој ми нуди најмногу иднина за мојот глас. Во моментов нема посветла иднина за нашата економија и за нашиот животен стандард, од изградбата на гасоводот Турски Тек.
Демагогија невидена, значи овие линкови и вести се за веке откажаниот јужен тек, и што се случи, им писнаа америте на Бугарија и готово со тоа...
Откажаниот Јужен тек е повеќе од добар показател како нашата влада гледа на гасоводот Турски Тек. Ако се согласија за Јужен, зошто би биле против новиот Турски Тек, кога бенефитите од него се
повеќекратно подобри??
Впрочем и од нас, гласачите зависи. Не постои таква влада која ќе оди 100% против вољата на народот... нормално, останува само проблемот да се освести народот што тој гасовод претставувам за нас. Дел од решавањето на тој проблем, е и дискусијата што ние овде ја водиме.
[DOUBLEPOST=1426171327][/DOUBLEPOST]
Примерот со Хрватска ти беше одличен,не протече мед и млеко кај нив кога станаа членка на ЕУ,ама од друга страна,во Украина има гасоводи од памтивек,па ни кај нив никогаш не протекло мед и млеко.
Инаку,тезата за дестабилизација на Македонија поради најавениот гасовод ми е ептен танка.Па нашиве се толку болни за власт,што да им речат,објавете и војна на Русија,ќе ви помогнеме да останете на власт до кога сакате,уште утре ќе го направат тоа.
Епа за тоа сме тука ние, гласачите, да ги казниме на следните (сеедно дали вонредни, или редовни) избори, ако не ја спроведат нашата јасно изразена волја: изградбата на гасоводот.
Мора да се освести народот, дека (барем донекаде) гласовите се моќ. Треба паметно да се употребат... а не навивачки, изборите не се фудбалски натревар.
Во врска со Украина, нивната сегашна ситуација не е поврзана со
економските проблеми. Туку се работи за директна интервенција на САД.
Зарам сега со тоа ќе се плашиме, дефетстички да се согласиме да останеме економски утепани и со никаков стандард затоа што во спротивно Американците ќе ни направат војна овде? Дали тоа ни го кажува(ш)(аат)?
Ова се повеќе и повеќе излегува како во онаа приказната (што ја мразам)
за кубурот. Ти текнува чинам?
Економскиот аспект ти е пандан на воведување демократија на американците.
Економскиот аспект НЕМА пандан во идеолошките философии.
Продавај философија ако веќе мораш, ама прво дај му леб народот. Но тоа ти го занемаруваш, можеби намерно.
највероватно ќе имаме економска исплатливост, но џабе ако станеме Украина, Сирија...
И што сега? Се заканува(ш)(аат) со тоа дека Америте ќе ни направат војна во Македонија?
Тоа ли е таа американска (западна) демократија?
Ми се гади од ваквите лицемерија.